Според мене поприфатливо е тоа што го вика Куранот, бидејќи Аллах џ.ш таму вика дека нема друг Бог освен него. Мене тоа ми се допаѓа. Ми се допаѓа тоа што Бог не личи на ништо и нема син. Затоа одбирам да верувам во Куранот.
Како што кажав за мене е пореално тоа што го вика Куранот, бидејќи таму го има она што мене ми одговара. Бог кој нема здруженик, Бог кој не се жртвува.
Искрениот трагач по вистината не го бара она што нему му се допаѓа, туку ја бара објективната вистина, безразлика дали таа му се допаѓа или не. Сирачето кога го бара својот татко, тоа не го бара по принципот: "Оној што најмногу ми се допаѓа, тој е мојот татко". Сирачето го бара својот вистински татко, испитувајќи ги вистинските документи и траги од него, без разлика дали му се допаѓа или не, без разлика дали се сложува со него или не. Како таков, тој му е таткото.
Бог во Библијата се објавува како ЕДЕН Бог, ама со плурална (троична) природа. Во Библијата е објавено дека и човекот има троична природа: дух, душа и тело. Сепак ние не сме тројца, туку еден човек. Можеби некој ќе рече: "Е јас не сакам да верувам дека сум дух, душа и тело. Мене не ми се допаѓа таа вистина!" Но дали тоа ја менува реалноста? Не. Човекот избира да не верува, но реалноста си останува иста. Вистината не е релативна и не зависи од тоа дали нам ни се допаѓа или не. Вистината е една, апсолутна.
Е сега личноста која ја распнале можно да е Јуда, па по 3 дена да станал од гробот, бидејќи тој како предавник ни земја не го примала.
Имало многу предавници и поголеми грешници пред и после Исус, па сепак земјата со задоволство ги примила
Е сега можно е и да е некој апостол, еден од верните другари ан Иса а.с, кој ги презел врз себе страданијата, а за кого имам слушнато дека Иса а.с му рекол ќе бидеш почестен за ова и ќе имаш посебно место на другиот свет. Е сега ако е така, логично би било после 3 дена Бог да го зема од гроб и да го награди.
Прво, ова верување го немам сретнато до сега. Сигурно не е во Кyранот, ама не сум сигурен за хадисите. Ако знаеш извор, те молам пиши ми го.
Друго, според ова ти велиш дека Бог го вознесол на небо и оној кој бил распнат наместо Исус. Арно ама историјата вели дека распнатиот бил погребан, дека го снемало од гробо и дека стотици луѓе го виделе воскреснат и тврделе дека тоа е Исус. Впрочем самиот тој - воскреснатиот им рекол дека е Исус. Зарем тој би лажел? Ако пак лажел, тогаш како можел Бог да го награди потоа?
Што се однесува до тоа дека Иса а.с беше виден после распнувањето, Аллах џ.ш во Куранот вика дека Библијата е изменета.
И јас верувам дека е можно сето ова да е додадено.
Прво, Кyранот никаде не вели дека Библијата е изменета. Тоа го велат муслиманите денес, но Кyранот никаде не вели дека Библијата е изменета. Наспроти тоа, Кyранот јасно повикува верниците да веруваат и да се придржуваат до Тевратот (Мојсеевите книги), до Зебурот (Соломоновите книги) и до Инџилот (евангелието на Исус).
" О верници, верувајте во Аллах, и во пејгамберот Негов и во Книгата која ја објави на пејгамберот Свој и во секоја книга која ја објави порано." (Сура Ен Ниса 4:136, Кyран)
" О следбеници на Книгата, вие не сте ништо додека не се придржувате кон Теврат и кон Инџил и кон она што ви е објавено на Господарот ваш." (Сура Ел Маида 5:68, Kyран)
Второ, не е само Библијата таа која потврдува дека луѓето го виделе воскреснатиот Исус туку и историјата. Историјата вели дека стотици луѓе биле принудени да се откажат од својата вера во воскреснатиот Исус и дека во спротивно ќе бидат убиени, но многумина од нив храбро и со радост умирале останувајќи до смрт лојални на воскреснатиот Христос и со потврдена надеж дека и тие ќе бидат воскреснати во денот кога ќе се врати Христос.
Впрочем добро се познати гладијаторските журки што ги организирал императорот Нерон (за кој што пишува историчарот Тацит) кога ги облекувал христијаните во јагнешки кожи и потоа ги фрлал во арени со диви ѕверови за да бидат растргнати од нив. Но сепак и покрај тоа тие не се откажале од верата во Христос, размисли зошто?!
„И не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.“ (
Исус во евангелие по Матеј 10:28, Библијата)
Спротивно на тоа тебе и на Христијаните ви се допаѓа тоа како преку Исус човекот станал Бог, затоа и преферирате да верувате во Библијата.
Преку Исус не станал човекот Бог, туку Бог (Божјиот Син) се отелотворил т.е. облекол човечко тело.
Според Муслиманите Библијата е изменета од страна на Павле, кого не го признаваат за апостол, исто како што според Христијаните Куранот е измислица на Мухаммед кого не го признаваат за пратеник.
Павле ниту можел, а ниту имал причина да ги менува библиските текстови. Ако Библијата е изменета од Павле, тогаш зошто Мухамед во 7 век вели да се придржуваме до Тевратот, Инџилот и до секоја книга што била предходно објавена? Ако тие биле изменети, тогаш Алах ќе рекол: "Не верувајте во предходните книги затоа што нив Павле ги измени. Верувајте само во Кyранот." Но таква реченица не наоѓаме во Кyранот. Напротив, таму јасно читаме дека Алах вели да веруваме и да се придржуваме до Тевратот, Инџилот и во останатите книги (прочитај ги уште еднаш горните ајети).
Од друга страна, ако Павле ги менувал новозаветните книги (евангелијата и посланијата), тогаш како е можно тој да се вратил во минатото и да ги измени старозавените книги каде што е пророкувано дека Месијата ќе биде мачен и распнат и дека ќе воскресне? Зарем Павле имал временска машина со која што се вратил 800 века назад во минатото и да ги изменил текстовите?
А што се однесува до пророштвата од стариот завет, а кои зборуваат за распнувањето, морам малку повеќе да ги разгледам.
Разгледај ги те молам. Се надевам не ја избриша пораката што ти ја пратив. Исаија 53-то поглавје. Прочитај ги внимателно од 3-от до 11-от стих.
Поздрав и нека Бог те благослови во читањето.