Исус не бил распнат?

  • Креатор на темата Креатор на темата krstenik
  • Време на започнување Време на започнување
За распнувањето на Иса а.с кажал кој ќе се најдел, така да како да се поверува во тоа ? Христијнството е вера која настанала после неговото исчезнување, а која не ја проповедал тој. Дали тој би сакал луѓето да се крстат и колнат во крстот? Издигање на х.з Марија како Божица и тн. Зборот на Иса а.с останал недокажан, тоа не е религија која тој ја основал, ја основале други. Мораше некој после него да заврши тоа што тој не успеа.
Куранот вика дека Иса а.с не беше распнат, туку тоа им се причини. Во библијата има ветување од Бога до Иса а.с, дека нема ни на камен да се сопне, дека Аллах ќе го спаси и прослави и ќе го насити со многу денови.
Според Муслиманите Иса а.с е спасен и прославен и живее векови и векови на небото. Тоа пророштво од библијата го потврдува Куранот.
Една од причините за повторното доаѓање на Иса а.с на овој свет е да им докаже на Евреите дека не го убија туку им се причини.
Мисијата на Иса а.с започна на 30 год а траеше 3 год. Сите пејгамбери умирале околу 63 год, затоа би требало после доаѓањето на Иса а.с па до судниот ден да поминат 30 год.
 
Ај биди троа посериозен, разбираш...

Исус не бил распнат, Исус живеел на небото, Исус ова, Исус она...Па секој кој поверувал во Исуса Христа Богочовекот, мора да има и минимум познавање од Неговото учење, кое не е изменето од никого, туку Црквата, која Он (Исус) ја создаде преку Духот Свет, сеуште го чува Неговото учење неизменето. Црквата е гласот Христов на Земјава и Црквата сеуште ја има улогата која Он им ја додели на Апостолите: да ги научат сите народи (за добрата вест) и да ги крштеваат во името од Отецот и Синот и Светито Дух.

А тоа дека Христос не бил распнат, туку бил спасен, не е учење кое соодветствува на евагелските записи и на апостолските учења.
 
Исус не создадел ништо. Тој си бил верник и следбеник на старите закони.
На крст бил распнат како неприател на Римското царство како водач на евреите и крал на јудеја заради бунтовништво против власта и поредокот во јудеја заедно со уште двајца бунтовници.

После него учениците кои го следеле и неговиот брат си продолжиле да си бидат верни на старите закони и јудаизмот.
 
И по што се разликува твојов (атеистички) став од ставот од претходниот член на форумов (HrOni), кој доаѓа од друга вероисповест?
 
па алп став на еден атеист и еден верник се поклапаат и ако можат да најдат подршка во историски факти и пишувања - тогаш е веројатно тој став и вистина.
 
Какви црни историски факти, каков бутур...

Дискутираме на верски теми, каде верата во напишаното е есенцијална категорија, а не „рекла-кажала„ од овој или оној историчар. Ако требаат историски факти, подтемава на форумов така и ќе беше именувавана, .т.е немаше да се именува како „религија„.туку како „историја„, која можеби веќе постои на „Кајгана„.

А историјата не џабе ја нарекуваат...хм, ај да не кажам како, оти историјата ја „обработува„ како што сака победникот, а не како што вели Распнатиот.
 
Ou maj GAD...dvete naj golemi MLM firmi...ogromna masinerija koja spontano se stvorila i tolku dobro e razrabotena so mnogu jak ,,antivirus,,...strashna rabota.
 
А историјата не џабе ја нарекуваат...хм, ај да не кажам како, оти историјата ја „обработува„ како што сака победникот, а не како што вели Распнатиот.

Зошто мислиш дека тоа не се случува и со религиите?
Можеби сепак тоа не го вели распнатиот, туку луѓето кои подоцна владееле со Црквата.
Сомнителна работа сепак нели? Треба малку критички и со сомнеж да се пристапува, а не слепа верба...зборувам за било кое движење не само за христијаните, за се живо и диво... :)

--- надополнето ---

 
Ако тргнам по логиката на скептицизмот и почнам да се самоубедувам дека во се има лага, на крајот од тоа размислување, нема да ми преостане ништо друго, туку да дојдам и до „мудриот„ заклучок дека се околу мене е чиста лага, вклучувајќи се и сам себе. Тешко-здравиот разум вели дека тоа не е така и дека разумот не е задоволен со таквиот заклучок, иако на прв поглед изгледа „логичен„.

Кога зборувам за религијата, мислам на мојата, разбира се-не „моја„ како приватна своина, туку „моја„ како од мене прифатено вероучение. А вистините во мојата вера се подложни на испитување и докажување, пред се, преку личниот духовен опит, здружен со личните опити од другите членови во Црквата, а не преку лабораториско-сциентистички докажувања и изведувања рационални заклучоци и шупливи теории.

Сомнежот секогаш постои, особено кај почетниците во Црквата, но за среќа, не трае долго или вечно...додека почетникот не почне да се сомнева во самиот себе, а не во верата која ја исповеда.

Кои се тие „други„ кои „владееле„ со Црквата и, демек, го искривиле учењето црковно, кога Распнатиот (Госпосд Исус Христос) Е глава на таа Црква?
 
„Верувам„-во она кое не го гледам, не го слушам, не го перцепирам на било кој начин, но на кое се надевам.
„Гледам„-е очигледен доказ, кој не се докажува поради неговата ноторна очигледност.
„Верувам во себе„ е логички апсурд-како да верувам во она (во себе) кое го (се) гледа(м)?
 
„Верувам во себе„ е логички апсурд-како да верувам во она (во себе) кое го (се) гледа(м)?

Се надевам дека те рабрав погрешно во овој дел! - Дека да веруваш во себе, она кое го гледаш е логички апсурд. од квантна гледна точка?
 
Ај биди троа посериозен, разбираш...

Исус не бил распнат, Исус живеел на небото, Исус ова, Исус она...Па секој кој поверувал во Исуса Христа Богочовекот, мора да има и минимум познавање од Неговото учење, кое не е изменето од никого, туку Црквата, која Он (Исус) ја создаде преку Духот Свет, сеуште го чува Неговото учење неизменето. Црквата е гласот Христов на Земјава и Црквата сеуште ја има улогата која Он им ја додели на Апостолите: да ги научат сите народи (за добрата вест) и да ги крштеваат во името од Отецот и Синот и Светито Дух.

А тоа дека Христос не бил распнат, туку бил спасен, не е учење кое соодветствува на евагелските записи и на апостолските учења.

Кога бе Иса а.с крстел во името на света троица ? Кој пред Иса а.с спомнал тројство ?
Како пратениците пред него умреле без да веруваат во тројство ?

--- надополнето ---

Кои апостоли бе чоече зборуваат за тројство ???????????????????????????????????????????
Освен самонаречениот апостол Павле кој никогаш не го видел Исус а.с !!
 
Какви црни историски факти, каков бутур...

Дискутираме на верски теми, каде верата во напишаното е есенцијална категорија, а не „рекла-кажала„ од овој или оној историчар

И то што велиш, верски... па имаш цо Исламот дека Исус не бил син божји и дека не умрел на крст.
И во христијански апокрифи има податоци дека Исус не бил распнат.

Се потврдено верски.
 
А може ли онака јасно и читко некој да објасни како тоа на куп луѓе им се причинило приковување на извесен тип на парче дрво?
Мислам,тоа било честа секојдневна незабележителна глетка,распнувањето?
Било нешто најнормално?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom