Историски чекор - ВО СОЛУН СЕ УЧИ МАКЕДОНСКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
thessaloniki_apogevma.jpg




Во Солун е формиран клас од триесетина ученици што го изучуваат македонскиот јазик, ја информира завчера македонската заедница во Австралија Димитри Јоану, член на „Виножито“.

Тој додаде дека на 1 мај годинава политичката партија на македонското малцинство во Грција „Виножито“ ќе издаде и весник со тираж од повеќе од 20.000 примероци. Весникот ќе биде двојазичен, а поголемиот дел ќе биде на грчки јазик. Се очекува наскоро да се отвори и радио на македонски јазик,

Тој, по покана на Комитетот за човекови права за Австралија, престојува во Мелбурн со професор Виктор Фридман.

- Наскоро се очекува да се отвори и радиопрограма на македонски јазик, но, каде ќе биде седиштето се' уште не се знае. Радува фактот дека во Воден и Воденско поголемиот број од членовите на „Виножито“ и Фондацијата „Крсте Петков Мисирков“ се млади и многу амбициозни членови, кои без страв ги користат своите најосновни човекови права - рече пред Македонците во Австралија Јоану.
:aplauz::aplauz::aplauz:
 
Одлична вест, ми го разубави денот.
Да видиме реакции
 
нашите веќе на големо почнаа да се будат....само така се стигнува до своите човекови права,потегот е за поздрав !!!
 
mislev deka ova nikogas nema da go docekam, bravooooo
 
Добра вест, ама малку бе 30сетина учени ци во цел Солун.:toe:
 
Добра вест, ама малку бе 30сетина учени ци во цел Солун.:toe:
Важно е што мразот е скршен. Догодина можеби ќе бидат две паралелки, за две години четири. Ако не друго, ептен ќе се навлечат на лексилиум јужниве, Македонец гледам, Македонец си учи јазик, Македонец не признавам. Ајде бееее. :) Ај нека е со арно.
 
Конечно една добра вест.:)
Ајде нека отворат и радио програма на македонски јазик.
 
Браво многу ми е мило за ова ,прекрасна вест ,честитки
Многу од нашите таму се будат ,а дури и некои од хардкор "грците" полека се свестуваат кој се и од кај им се корените

Овие пак провоцираат :kesa:
Кој провоцира ?
 
Секоја чест, да ни е вечна и просперитетна Македонија.
Нека пукнат душманите.
 
А Лерин ? Во западна Егејска се најпотребни училиштата.
 
Важно е што мразот е скршен. Догодина можеби ќе бидат две паралелки, за две години четири. Ако не друго, ептен ќе се навлечат на лексилиум јужниве, Македонец гледам, Македонец си учи јазик, Македонец не признавам. Ајде бееее. :) Ај нека е со арно.

Се сложувам. Битно е да се почне и секако да се издржат првите притисоци за кои очекувам наскоро да се појават.

Но, со среќа нека им е на учениците.
 
Ајде па цела Грција да учи Македонски нивниот древен јазик.
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom