Испити на крај на година во средното и основното образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Емкаа
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Денес штрајкуваше нашето школо. Не сакав да штрајкувам, ама кога видов дека сите бојкотираат решив и јас да одам, за да не останам само во школо. Јас искрено сум за екстерни тестови. Не може некој што бил одличен со тешки врски, да се споредува со некој што цела година редовно си учел. Со тестовите ке се види на кого му се заслужени оценките, а кој е со врски.
 
Дејана, си полагала ти екстерно кога си била средно?
За упис на факултет се зема успехот од 4та година средно образование и матурата.

--------------------------------------------------------------------------------------

Јас бев вчера на состанок за претседатели и ни кажаа се` во врска со екстерните.

Како прво, заборавете на тоа дека ќе се види кој учел кој не, затоа што професорите од училиштата ќе ги прават тестовите, не министерство.Што значи дека кој има намера да ги дознае прашањата, ќе ги дознае. Ќе ни биде кажано кои предмети ќе ги полагаме 10 дена пред тестовите, што значи ќе полагаме последната учебна недела а оцените до 1 јуни треба да се ставени, а нема да се заклучени.

Тестот нема да биде цел пред вас, што значи, во 9.00 часот на пример ќе ви стигне првото прашање, треба да го штиклирате и да чекате на пример 2 минути додека дојде другото прашање. Ќе има верувате или не, 34 прашања со 4 понудени одговори. Во една училна ќе полагаат 34 деца, ако сте во клас што брои повеќе пд 34, ќе ве поделат на два дела во две училни. Еден клас полага еден ден. Вчера професорите предадоа листи на кои класови предаваат, така да, ако сте на пример гимназија математичко Б само вашиот клас во школо на таа насока, 90 посто е веројатноста да полагате биологија и хемија.

Во врска со датата на полагање, можете да не полагате првиот пат, да се направите болни (што кај мене цело школо ќе го направи тоа) и да полагате во друг испитен рок.

Ете тоа, се надевам не испуштив нешто, ако ми текне ќе постирам пак.
:smir:
 
Денес штрајкуваше нашето школо. Не сакав да штрајкувам, ама кога видов дека сите бојкотираат решив и јас да одам, за да не останам само во школо. Јас искрено сум за екстерни тестови. Не може некој што бил одличен со тешки врски, да се споредува со некој што цела година редовно си учел. Со тестовите ке се види на кого му се заслужени оценките, а кој е со врски.

шеФе грешка те малко есапо ја на пр некој шо ного уче се збуне у тај момент а цела година учил шо фајде после
 
Денес штрајкуваше нашето школо. Не сакав да штрајкувам, ама кога видов дека сите бојкотираат решив и јас да одам, за да не останам само во школо. Јас искрено сум за екстерни тестови. Не може некој што бил одличен со тешки врски, да се споредува со некој што цела година редовно си учел. Со тестовите ке се види на кого му се заслужени оценките, а кој е со врски.

Е тоа нема врска..
Јес да некој шо учел цела година пак ќе научи ама има и такви шо у школо не се појавилепа сеа ќе науча и ќе имаа исти оценке као тебе, па сеа ти види колку е фер
 
Дејана, си полагала ти екстерно кога си била средно?
За упис на факултет се зема успехот од 4та година средно образование и матурата.

ZeroStyle јас кога бев средно ако ме немаше од школо добивав неоправдан, ако ме немаше на 7 часа добивав 7 неоправдани по што имав незадоволително поведение. Не одев да мавам со јајца по министерство за прашања со понудени одговори, мене јасно ми е дека не се средношколците баш пресрекни за ова. Односно се, ете причина да не идат на часови и да се понашаат ко мајмуни. Башка мене сега некој да ми даде после 3 години прашање од писмена по биологија на пример со понудени одговори ке знам кој е точен бидејки сум учела и покрај тоа што сега може незнам да раскажам на памет.
 
ZeroStyle јас кога бев средно ако ме немаше од школо добивав неоправдан, ако ме немаше на 7 часа добивав 7 неоправдани по што имав незадоволително поведение. Не одев да мавам со јајца по министерство за прашања со понудени одговори, мене јасно ми е дека не се средношколците баш пресрекни за ова. Односно се, ете причина да не идат на часови и да се понашаат ко мајмуни.
Е што демек јас сега ако избегам нема да имам неоправдани? Зошто вакви глупи муабети, барем зборам за Корчагин, каде што учам.
А ти си немала екстерни, зошто да бегаш? И јас кога немав екстерни не бегав. Ако си полагала екстерни тестови, тогаш соли памет.
 
Фала богу еден.
 
Абе ок е да има протести.
Ама се да е мирно ,да се реши на мирен начин.На ништо не личит она фрлање јајца.
Професориве на час сите не поддржвет демек ојте на протест,а ко ќе излезит директорон трчет по нас да не соберет....Викет и се придеравет.Можда имет и тие притисоци ама требит да не разберет.
Освен то свесни се шо оцени пишат и им одговарат да се укинит ова...
 
Едвај ги чекам, и ги поддржувам.. стварно добра идеја се.
 
Абе ок е да има протести.
Ама се да е мирно ,да се реши на мирен начин.На ништо не личит она фрлање јајца.
Професориве на час сите не поддржвет демек ојте на протест,а ко ќе излезит директорон трчет по нас да не соберет....Викет и се придеравет.Можда имет и тие притисоци ама требит да не разберет.
Освен то свесни се шо оцени пишат и им одговарат да се укинит ова...
Апсолутно се согласувам, мирно ама со јајца па уште и да се тепаш со џандарите -.-. Абе ајде луѓе не заебаајте!:uvo:
 
Само што имаше на вестите на А1 за протестите и еден фин господин од МОН кажа мирно,онака дека тестирањето за полуматурантите е 20-30 мај.За сите други основци и прва,втора и трета година 1-10 јуни.Кои предмети ќе се полагаат треба да се знае најдоцна до утре.:tapp: Овој дел баш и не ми е јасен..Кај нас ништооо не се спомнува..И место да се оценува работата на наставниците и професорите,пак учениците се мета.Оценката што ми била 9 месеци петка,сега заради некои господини кои што имат вишок на време ќе ми биде знак прашање.:uvo:
 
Ќе има екстерни тестирања, сакале ние или не. Нас професорите не известија дека ќе има тестирања сигурно, од 1-10 јуни, по 2 предмети. Точно, кои предмети ќе ги полагаме ќе ни биде кажано само 1 ден пред тестирањата.
 
Ќе штрајкуваме,додека не попуштат!Но,утре во училиштата ќе има многу големи притисоци.Уште денеска е имало.Но,не се откажуваме!:smir:

Е сега тоа 1 ден,не е можно,бидејќи е против законот!Лично го гледав законот и пишува 15 дена порано треба да се известат учениците.
 
Денес, почетокот на протестите беше за никаде. Беа присутни само ЈБТ и тоа само 3та година. Морам јавно да искажам незадоволство према матурантите кои од нас бараа и добија поддршка, а денес останаа сите во училиштата.
Како и да е, по еден час стоење на улица се приклучија Корчагин, Борис и Коце Металец. Имаше и од неколку основни. Протестите беа мирни, иако летнаа некои 10на јајца.
Не верувам дека протестиве ќе играат некоја улога врз одлуката за екстерни тестови, но сепак тоа е единствениот начин на кој би можеле да го искажеме незадоволството.
онтопик: Екстерниве тестови и не се така тешки. Лошо е што тоа се смета како единствен начин за правилно пишување на оцените. Има многу други фактрои кои влијаат на оцените. Не е се до знаењето. Скоро сите професори во оцената ги вбројуваат и редновноста и активноста, а не само знаењето. Но ајде, ако така сакаат, така нека биде. Само прашањето е дали ќе биде!
 
Ќе штрајкуваме,додека не попуштат!Но,утре во училиштата ќе има многу големи притисоци.Уште денеска е имало.Но,не се откажуваме!:smir:

Е сега тоа 1 ден,не е можно,бидејќи е против законот!Лично го гледав законот и пишува 15 дена порано треба да се известат учениците.

Не знам, само пренесувам тоа што ни беше кажано...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom