Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
ИД на крст распна тинејџер
Понеделник, 20 Октомври 2014 10:20


Екстремисите на ИД уште еднаш ја згрозија светската јавност.
islam.jpg


Тие на плоштадот во центарот на Рака, распнале и јавно убиле тинејџер.

Наводно момчето било забележано како продава фотографии од милитантите по цена од 500 турски лири, што предизвикало бес кај терористите кои го оставиле да виси на крст цели три дена.

На една од фотографиите кои што на социјалните мрежи ги објавија група активисти, кои се против ИСИС, несреќниот тинејџер на вратот има плакат на кој пишува дека е обвинет поради тоа што ја напуштил сопствената религија.
Кој пореметени сурати се бе,страшна работа!
 
Кој пореметени сурати се бе,страшна работа!
Не се пореметени. Тоа е исламско мачеништво: Кој повеќе ќе заколе, силува, кој ќе направи погрозоморни дела на кафирите, тој ќе биде поголем маченик.
 
Најголем број од нафтените наоѓалишта се во источниот дел од земјата,кој е под контрола на ИСИС.Дел од наоѓалиштата се и под контрола на ЈПГ.Тие под контрола на ИСИС се жестоко бомбардирани од САД и коалицијата,речиси од првиот ден на нападите.Големи водени ресурси истотака се превземени од ИСИС,т.е. значаен хидро-електричен потенцијал.Најголемиот и можеби најзначајниот сириски град Алепо е целосно руиниран.Хомс истотака.Земјата од почетокот на војната до сега претрпела штета од над 150 милијарди долари.


Трите мига се запленети од терористите после освојувањето на воениот аеродром Џира,источно од Алепо.Тоа и сириски официјални лица го имаат потврдено.А со нив апсолутно ништо не можат да направат.

Очигледно не си ни информиран оти имаше големи нереди во Турција,со 36 загинати лица.И тоа на границата со Кобани,односно во Суруч,како и во поголемите курдски градови Амед,Ван,Мардин и др.Турција после нередите не направи ништо,освен што бомбардираше позиции на ПКК во Хакари.
Турција нема шанси да им помага на про-ПКК ориентираните организации.

Претседателот на ПЈД(JПГ),дефакто сириско крило на ПКК цела недела беше во јужен Курдистан(ирачки),на средби со Барзани и други курдски политичари.Истотака,средби се одржани и со високи американски претставници.Договорено е помирување со останатите сириско-курдски политички партии,кои се про Барзани ориентирани,учество на нивните одреди тренирани од пешмергата во јужен Курдистан во битките во Роџава,како и нивно политичко учество во автономните курдски кантони во Сирија.

Американските барања се јасни,поактивен отпор кон Асад и здружување со ФСА.ПЈД ги прифатила барањата,па оттогаш видовме и достава на оружје,муниција и медицинска опрема од три американски карго авиони во Кобани,а и дозвола од Турција под американски притисок,за влез на курдските пешмерги во Кобани.Ова на некој начин му одговара и на Ердоган,надевајќи се оти извонредните релации со Барзани,а и лошите односи на КДП со ПКК,и сега веќе се појасното активно учество на пешмергата во Кобани,ќе го намалат влијанието на ПКК во Роџава.
А инаку не шпекулирај,сеуште не е отворена за курдските борци границата кај Кобани,се очекува следниве денови нивно доаѓање.


Ти велиш така,ама курдските команданти на теренот го кажуваат спротивното.Интензивното бомбардирање последниот период беше круцијално, и сосема ги заслабна позициите на ИСИ во и околу Кобани.А за тоа оти Иран доставил муниција пак шпекулираш,без никакви доставени аргументи.
Ова за сајтовите ме изнасмеа,па јас лично сум засегнат за настаниве во јужен Курдистан и Роџава,поради имотот и фамилијата која ми е таму,а кои секако се вклучени во вооружениот отпор против ИСИС,така што си имам свои лични извори за информации јас.

Right into enemy hands? ISIS shows off new weapons allegedly airdropped by US (VIDEO)

http://rt.com/news/197988-isis-us-weapons-video/


Можда случајно по грешка ги фрлиле кај ИСИС, големата авијација на САД по грешка фрли оружје кај ИСИС?
 
Right into enemy hands? ISIS shows off new weapons allegedly airdropped by US (VIDEO)

http://rt.com/news/197988-isis-us-weapons-video/

Можда случајно по грешка ги фрлиле кај ИСИС, големата авијација на САД по грешка фрли оружје кај ИСИС?
Фрлаш со падобрани пакети од авион на многу мала територија......нема шанси нешто да падне во раце на ИСИС.......
 
Right into enemy hands? ISIS shows off new weapons allegedly airdropped by US (VIDEO)

http://rt.com/news/197988-isis-us-weapons-video/

Можда случајно по грешка ги фрлиле кај ИСИС, големата авијација на САД по грешка фрли оружје кај ИСИС?
Технички и не лажат Американците, навистина фрлале бомби врз ИСИЛ.
 
Right into enemy hands? ISIS shows off new weapons allegedly airdropped by US (VIDEO)

http://rt.com/news/197988-isis-us-weapons-video/

Можда случајно по грешка ги фрлиле кај ИСИС, големата авијација на САД по грешка фрли оружје кај ИСИС?
На се и сешто удираш контра,а поима немаш како стојат работите.Толку мала територија контролира ЈПГ,а таа е само во градот Кобани,цела среќа е што само еден од дваесет и осум парашути што беа фрлени паднал во рацете на ИСИС.Патем,за сето тоа вооружување што го имаат терористите,`подарокот` е само мачја кашлица.Инаку,помошта ЈПГ ја доби од КРГ,а се работи пред се за оружје и муниција од советско потекло,како и медицинска помош.
Што се однесува до засилувањето од курдската пешмерга,тоа се очекува да пристигне веќе утре,или евентуално викендов,а ќе брои околу 200 луѓе опремени со тешко вооружување.[DOUBLEPOST=1414099025][/DOUBLEPOST]Tел Сахир,5 километри западно од Кобани денес.Испржени многу џихадисти.
Во источниот дел од Кобани информации за истрелани томахавк ракети врз позициите на ИСИС.
Во нападите од воздух врз терористички цели во Деир-ез-Зор,загинале и двајца албанци.Едниот бил од Скопје,за другиот немам информации од каде потекнува.
 
Последно уредено од модератор:
Од овој клип се разбира дека во нападот на Кобани активно учество земаат чеченски групи. Јасно се слуша руски јазик со силен кавкаски акцент и зборовите не стрелјать, помошть придет, операција закончилось


Инаку една ескадрила А 10 е способна да ги уништи џихадистите околу Кобани со целата нивна артилерија во рок од 48 часа.
 
Прашање е на време кога америве ќе побараат да бидат во коалиција со Башар ел Асад во борба против ISIS.За брзо време Башар од разбеснет диктатор,ќе го промовираат во борец за човекови права,нормално се зависи од моменталните интереси на големите игрчи!
 
Прашање е на време кога америве ќе побараат да бидат во коалиција со Башар ел Асад во борба против ISIS.За брзо време Башар од разбеснет диктатор,ќе го промовираат во борец за човекови права,нормално се зависи од моменталните интереси на големите игрчи!

САД никогаш не ги интересирал мирот ниту на блискиот исток, ниту во светот, па од тука следува заклучокот дека никогаш нема да застанат на страната на Башар ал Асад.

САД имаат вишок оружје и муниција за продажба, а страните вмешани во конфликтите на блискиот исток се одлични купувачи, со исклучок на Башар ал Асад, бидејќи тој купува оружје и муниција од Русија и од Иран.
 
САД никогаш не ги интересирал мирот ниту на блискиот исток, ниту во светот, па од тука следува заклучокот дека никогаш нема да застанат на страната на Башар ал Асад.

САД имаат вишок оружје и муниција за продажба, а страните вмешани во конфликтите на блискиот исток се одлични купувачи, со исклучок на Башар ал Асад, бидејќи тој купува оружје и муниција од Русија и од Иран.
Има логика,ама шо ако и Башар почне да купува оружје од америте?
 
Има логика,ама шо ако и Башар почне да купува оружје од америте?

По таа логика Русите ќе го баталат Башар ал Асад и прашање на време ќе биде додека да заврши како Садам Хусеин, кого западот го остави да живее и да владее со Ирак во текот на 1990-те години, па потоа го соборија со американската инвазија на Ирак и на крајот го обесија.

Асад досега можеше безброј пати да биде соборен да не беше помошта и поддршката која ја прима од Русија.

САД од друга страна, се држава која е подобро да ја имаш како непријател отколку како пријател, бидејќи многу сакаат да му бидат најдобри пријатели на целиот свет, со цел да го манипулираат светот како ќе им текне, додека да ги имаш како непријател, ќе знаеш на што си и што можеш да очекуваш од такви непријатели.

Конфликтот на блискиот исток се води помеѓу САД преку Турција и Израел од една страна, и Русија преку Иран и Сирија од друга страна.

Малку е предоцна за Асад да менува страна, а и да смени, ќе го помине остатокот од животот во страв од одмаздата на Русија, но истовремено и во страв од пријателството на САД кое, како што знаеме, не е доживотно.
 
Почетокот и крајот на врвката на ИДИЛ е во Вашингтон
 
На крај ќе се направи финансиската пресметка.Ако е во плус тогаш е во ред,ако не уште некоја серија на бомбардирање и пратки на оружје.
 
15-годишен борец на ИСИС ја откри својата приказна: Ми даваа "лек" од кој го губев разумот!
tocka-140857.jpg

25.10.2014 | 12:08
Извор: Точка
Прочитано: 6271 пати
icona-pismo.png
Испрати на пријател
icona-a.png
Зголеми го фонтот
icona-a.png
Намали го фонтот


"Видов како убиваат жена во венчаница бидејќи го покажа вратот и голите раце", рекол Карим Муфлех.


Поранешниот борец на Исламската држава, 15-годишниот Карим Муфлех, открил дека морал да им се приклучи на исламистите бидејќи го дрогирале и му се заканувале дека ќе му ја отсечат главата.

Бил принуден да ги гледа злосторствата на џихадистите откако го освоиле селото во кое живеел.

kareem-15-godini-vojnik-03.jpg

"Видов како убиваат жена во венчаница бидејќи го покажа вратот и голите раце", изјавил за CBS News, а пренесува News.com.

Сега се наоѓа во затвор во Сирија откако во борба го заробиле Курдите.

kareem-15-godini-vojnik-01.jpg

Открил дека пред да замине во борба, исламистите му давале лек наречен Золам. Тој се користи против депресија и анксиозна состојба.

"Од тој лек го губите разумот. Доколку ви стават експлозив на појасот и ви кажат да се разнесете, тоа ќе го направите", рекол Карим.

kareem-15-godini-vojnik-02.jpg

Во борбите добил три куршуми во стомакот. Бил фатен пред девет месеци и тоа можеби го спасило неговиот живот. Но, Курдите го држат во затвор заедно со другите припадници на ИСИС. Еден од нив, Сулејман Мохамад, кој наводно поставил авто-бомба, се тресел кога му пришле американските новинари. Рекол дека се плаши да зборува.

Новинарката на CBS, Холи Вилијамс, рекла дека им требале седмици за да влезат во затворот и да разговараат со уапсените исламисти.



"Денес веќе ме силуваа 30 пати, а не е ни ручек време"
tocka-140539.jpg

21.10.2014 | 16:20
Извор: Точка
Прочитано: 28748 пати
icona-pismo.png
Испрати на пријател
icona-a.png
Зголеми го фонтот
icona-a.png
Намали го фонтот


Девојките во борделот се толку очајни што ги молат борците да ги бомбардираат за да им ги скратат маките.


Младите жени од Јазидите ги киднапираат од нивните домови најчесто со цел да ги продадат како сексуални робинки. Една од нив им се обратила на Курдските борци молејќи ги да го бомбардираат борделот во кој ги чуваат.

ja-siluvale-30-pati-vekje-s-ushte-ne-e-ruchek-vreme-2.jpg

Девојката се наоѓа негкаде во западниот дел на Ирак, а ја киднапирале за време на бруталниот масакар на планината Синџар во август.

Девојката изјавила дека била силувана толку многу пати што не може да изврши нормално мала нужда од болка, открила и дека планира да се самоубие, па дури и доколку ја ослободат. Искуството на овие девојки го прераскажуваат курдските активисти кои овие информации ги пренеле и до Курдските борци.

ja-siluvale-30-pati-vekje-s-ushte-ne-e-ruchek-vreme-3.jpg

"Ве молам бомбардирајте не. Не постои живот после ова. Денес веќе ме силуваа 30 пати, а уште не е ни ручек време. Не можам да одам по мала нужда, ве молам бомбардирајте не", изјавила девојката упатувајќи ја својата порака кон Курдите, пренесува Daily Mail.

ja-siluvale-30-pati-vekje-s-ushte-ne-e-ruchek-vreme-1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom