Либералатеистички велиш ... јас мислам дека сеуште религијата е силна дури и кај голем број на Христијани и во Европа и во Америка и.т.н. па и без разлика на тоа колкав е денеска процентот на Европјани кои се верници или неверници(атеисти) сепак Европа е континент со христијански предзнак како и Америка(северна и јужна) како и Австралија ...
Всушност денеска и не постои отворена војна помеѓу Христијанството и Исламот туку постои војна помеѓу Христијаните и Либералатеистите од една страна и помеѓу поумерените и порадикалните Муслимани од друга страна, кај првите војната е тивка и за среќа без крвопролевање и се води е вака по форуми и сл. дебатни места а кај Муслиманите во Азија и Африка се води доста крваво со пушки, бомби и сабји !
Во Ирак како и во Сирија не војуваат Христијани и Муслимани туку Муслимани со Муслимани ... од една страна на огнот се поумерените Муслимани, секуларистите па и Муслиманите припадници на Шиитските секти а од друга страна се оние радикалните Сунити, е сега кој концепт ќе победи кај Муслиманиве ќе видиме !