на нешто повеќе од 500 км се од Европа,гледам дека од нападите на американците колку има ефект.за 100 убиени,во рок од пола саат имаат 300 нови припадници и се шират како вирус.НАТО нема намера да се справува со нив,Египет пробува да направи нешто што е за почит,ама мрсулковците на чело со обама го сакаат тоа,да гледаат како гори Европа,за на крај од кога ќе се испоубиеме сите ќе дојдат,ќе упукаат едно 10 души на ИСИС и ќе се прогласат како спасители,па така Европа ќе зависи од нив.
Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
Пристигаат бродовите? Џихадистите на само 300 километри од југот на Италија!
18.02.2015 | 15:43
Извор: Точка
Откако Исламската држава се прошири на територијата на Либија и го зазема крајбрежниот град Сирт, југот на Европа се најде пред сериозна и голема опасност.
Освен бродови со имигранти, Европа наскоро би можела да очекува и бродови со исламски терористи, особено ако Исламската држава успее да ги зацврсти своите упоришта на крајбрежјето на Либија. За сега тие го контролираат Сирт, град на крајбрежјето и роден град на диктаторот Муамер ал Гадафи.
За новата закана на Европа предупреди и амбасадорот на Египет во Велика Британија, Насер Камел, и тоа откако минатиот викенд од Средоземното море беа спасени 2.164 имигранти.
- Знаете ли колку е Сирт оддалечен од Италија? Само 300 километра. Ако нешто не преземеме сите заедно, во наредните недели може да очекуваме и бродови со терористи, изјави Камел а пренесува
Daily Mail.
Италија исто така предупреди дека очекува егзодус од имиранти со зголемен ризик дека на истиот начин би можеле да дојдат и џихадисти. Освен тоа, во Италија тврдат дека околу 600.000 луѓе од Либија се подготвуваат да го преминат Средоземното море, од кои 200.000 веќе се наоѓаат во пет кампови покрај крајбрежјето.
Стравот од Исламската држава, која Италија ја зацрта во својот "Калифат" а сега и контролира точки во Северна Африка од кои лесно може да дојде до јужна Европа, станува сè поголем и на стариот континент.
Анџелино Алфано, италијанскиот министер за внатрешни работи, изјави дека милитантите не смеат да напредуваат побрзо од што меѓународната заедница ги донесува своите одлуки, а поради фактот дека веќе успеале да се прошират и на територијата на Либија, Италија е во сериозна опасност од "егзодус без преседан", заклучува тој.
- Истекува времето за пронаоѓање на соодветно решение за Либија со оглед на очигледната опасност од спојување со Исламската држава и други локални паравоени сили, изјави денес италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони.
- Влошувањето на состојбата на теренот бара сериозна и голема промена на ритамот на меѓународната заедница пред да биде премногу доцна, кажа министерот пред
италијанските застапници и ја повика меѓународната заедница за најмалку двојно да ги зголеми напорите како за Либија би се пронашло политичко решение.
И додека Европа со страв гледа кон северна Африка, пропагандата на Исламската држава објави нов видео запис во кој се гледа нова флота од луксузни теренски возила на кои милитантите се возат носејќи црни знамиња.
Парадата е одржана во либискиот град Бенгазиј, а на видео записите се гледа како децата и минувачите ги поздравуваат џихадистите. Видео записот е објавен од страна на терористичката група Ансар Ал-Шариа која застана на страната на ИСИС.
http://tocka.com.mk/1/151299/pristi...ite-na-samo-300-kilometra-od-jugot-na-italija[DOUBLEPOST=1424276393][/DOUBLEPOST]ИСИС преку Либија сака да изврши инвазија во Европа
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=61985