Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Тажно. Во мај некаде имаше изјава од негов близок пријател дека е виден некаде во планината ослабен со долга коса и брада, по што сите се понадеваа дека е жив.

Нека почива во мир, греота, младо дете. :(
 
Жално.. Како може психа да влијае на човек,особено млад...

Воопшто не се обрнува внимание на психичкото здравје кај младите мажи,кои се под огромен социјален притисок да се успешни,богати,да обезбедат приход итн...
Многу млади дечки се во некој вид на депресија баш поради сите тие притисоци кои ги носат денешниве стандарди за успешен маж..

Мислам дека тоа е и причината кај Миле,баш во тие години е каде социјалниот притисок е огромен на баш овие теми.
 
Потрагата по Миле Тодоров, исчезнатиот неготинчанец официјално заврши трагично. После еден месец потврдено е дека човечките коски кои ги најдоа во Сопот, кавадаречко биле негови.
Прашањето е ако последен пат бил виден во близина на Сопот, како успеале толку време да не го пронајдат трупот?
Нелогично човек да исчезне во област каде што наводно бил последен пат виден, а телото (или остатоци) да не биде најдено со месеци.А можно е одреден дел од тој месец тој да не бил точно на местото каде што подоцна се најдени остатоците, а кај Сопот е густо зеленило може телото да не се гледа особено ако е паднато меѓу камења,дол или слично
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom