Isabelle Geffroy - ZAZ

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Изабел Жофруа позната под псевдонимот Заз е француска пејачка ( 1 мај 1980 ) која во својот репертоар комбинира повеќе сродни жанрови кои потекнуваат од француската градска музика.

61oA96qZ3cL._SL500_AA300_.jpg

Биографија

Нејзината мајка е професорка по француски јазик, додека нејзиниот татко работел во електро - енергетска компанија. Студирала музика посебно теорија на виолина, клавир, гитара, хорско пеење. Во 1994 г. се преселува во Бордо. Во 1995 г. веќе зема часови по пеење истовремено бавејќи се со спорт и тоа не било што туку кунг фу ( година време). Во 2000 - та добила стипендија од страна на Регионалниот Совет на Франција која и овозможува да се запише на школа за модерна музика : Бордо CIAM ( Центар за информирање и музички активности ). На нејзината музика имаат влијание џез музичарите како Ела Фиџерлад, француските шансионери како Енрико Масиас, Боби МкФерин, Ричард Бона, афро, латино и кубанската музика. Во 2006 г. се преселува во Париз.

Кариера

Во 2001 г. станала главен вокал на блуз бендот “Fifty Fingers” . Пеела во музички групи во Angoulême, особено во џез квинтети. Била една од четирите пејачки на успешен бенд во Тарнос, кој имал репертоар кој се базирал на баскиска народна музика. Со нив поминала две години на турнеа, особено во средишниот дел на Пиренеите и Баскија.
Во 2002 г. се придружува на латино рок групата Дон Диего. Свиреле мешавина од француска и шпанска музика, афро, арапска и латино музика.
Во 2006 г. кога се преселува во Париз, свирела клавир по кабареата и баровите. Година и пол дена, секоја вечер во Кабарето “Aux 3 Mailletz” во квартот Сен - Мишел, пеела без микрофон. Нејзиниот глас можел да се слушне на улиците на Монмартр, тротоарот “Place du Tertre”.
(" Наша рекордна заработувачка, се сеќава ЗАЗ, е 450 евра за саат време. Во принцип, се фаќаше по 20 до 30 евра по човек ").

71203844-singer-zaz.jpg

Експериментираше и со рапот при што со групата “4P” ги издават мошне успешните синглови “L'Aveyron” и “Rugby Amateur”.

Во 2007г. се јавува на оглас на интернет. Продуцентот и текстописец Кередин Солтани, бил во потрага по нов уметник со глас ( " зарипнат и малку сломен глас :) ". Соработката се случила и тој и нашол издавач. Но, таа продолжува да бара работа. ЗАЗ се придружува на групата “Sweet Air” на 21 ноември 2008г. и со нив снимаат еден мошне успешен албум. Во декември 2008г. во организација на Француската алијанса, пее во Русија во Владивосток, каде извела 13 концерти во текот на 15 дена со пијанистаката Жилијен Лифзиц. Во јануари 2009, Заз го освојува третото издание на “Le Tremplin Génération France Bleu/Réservoir”, престижен натперевар кој се одржува во Париз.Потоа заминува на турнеја во Египет, каде ја прати играчка група. Освен ова ЗАЗ учествува на “Fuji Rock Festival” во Јапонија. ПОвторно се враќа на улиците Монмартр. Во мај 2010 Телерама Париз пишува: " Се повеќе се зборува дека : ЗАЗ е свет глас и тоа ќе биде откритието на летото ".

zaz%2B2.jpg

Конечно, на 10 мај 2010 го објавува својот прв албум. Пола од песните (“Trop sensible”, “Les Passants”, “Le Long de la route”, “Prends garde à ta langue”, “J'aime à nouveau”), се нејзини, Солтани Кередин кој и го продуцира овој албум и ги пишува “Je veux” и “Ni oui ni non”, додека Рафаел останатите три “Éblouie par la nuit”, “Cotton” и “La Fée”. Во 2010 г. потпишала договор за турнеја со компанијата “Caramba” и издавачот “Sony ATV”. Нејзиниот сингл “Je veux”, чиј текст е израз на презир кон потрошувачкото друштво е избран за летен хит на ТФ1. Албумот избива на првото место на француските топ листи и постигнува златен тираж во јуни 2010.
Подоцна следува голема турнеја низ цела Франција, пее на Франкофолис во Монтреал - Канада, Швајцарија, Берлин - Германија... Есента ЗАЗ е прва на топ листите и во Белгија, Швајцарија и Австрија. Заз сеуште преферира мали простори.


Мојата омилена

 
Музичкиот феномен, гордоста на Монмартр и Париз, светски популарната пејачка ZAZ, на 1-ви Јуни ќе одржи голем концерт во Белград.


Необичната музичарка Заз со концерт во Белград
Музичкиот феномен, гордоста на Монмартр и Париз, светски популарната пејачка ZAZ, на 1-ви Јуни ќе одржи голем концерт во Белград.
zaz1.jpg

Isabelle Geffroy или ZAZ, изрази лична желба да одржи голем “open-air” концерт во Белград, како што вели и самата, поради огромната поддршка која ја добива секојдневно од фановите од овие простори.
Дополнителните информации за локацијата и продажбата на влезниците ќе бидат објавени после новогодишните празници.

Извор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom