Iron Maiden во Белград на 10-ти Фебруари 2009!!! 





Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако не продаваат карти Југотон жими све че ги пукам еј!
Ако не продаваат карти Југотон жими све че ги пукам еј!
Баш исто. Не смеам да дозволам и овој пат да ги пропуштам.Хаха само нека се осудат да не продаваат карти има ко на The Trooper да им влезам таму. Белград првпат пропуштив, Сплит летото пропуштив, овој пат како знам мора да се појавам.
Следејќи го огромниот интернационален успех на нивната спектакуларна „Somewhere Back in Time 08“ светска турнеја Iron Maiden ќе полетаат уште еднаш во 2009та година на четвртиот и последен дел од оваа турнеја кој сега почнува во Србија каде ќе свират во главниот град Белград во Белградска Арена и тоа на 10ти Февруари 2009 година.
Бендот во полн состав заедно со нивната голема техничка екипа и 12 тони сценска опрема како и нивните фанови ќе го наполни Боингот 757 наречен ‘Ed Force One’ управуван од страна на капетанот Astraeus Airlines Captain и вокалист на Maiden Bruce Dickinson. Така натоварени ќе прокрстарат 80.000 километри околу планетата и тоа на концерти во 20 града во 13 држави со што вкупно на оваа турнеја во 2008 и 2009 година ќе посетат неверојатни 38 држави со вкупна посета од речиси 2.000.000 фанови.
Турнејата „SOMEWHERE BACK IN TIME“ ќе не потсети на историјата на бендот со фокус речиси исклучително на 80тите години потсетувајќи не како на нивните песни така и на нивната сценографија која е базирана на легендарната Египетска продукција од 1984/85 година како и нивната ‘Powerslave’ турнеја која е објавена на ДВДто “Live after Death”. Тоа е најелаборираното и најспектакуларното шоу кое бендот некогаш го презентирал и ќе вклучува клучни елементи од нивната „Somewhere In Time“ турнеја од 1986/87 година како што е ‘Cyborg Eddie’.
Стеве Харрис основачот на бендот вели: “Во авионот ќе натовариме опрема колку најмногу можеме заедно со многу пиротехника!! Сет листата ќе биде малку различна од тоа што го свиревме порано на нашите турнеи и ќе вклучиме повеќе песни од нашите први 4 албуми. Најверојатно на оваа рута последен пат ќе свириме многу од овие постари песни и ќе дадеме се од себе!”
“Го посетивме Белград во март 2007 во нашата прва повратна посета таму после 20 години и имавме фантастичен цонцерт на Белградски Саем. На овој концерт дојдоа фанови од целиот регион кој во последните неколку години беше доста турбелентен и атмосферата беше неверојатна. Тогаш ветивме дека во Белград ќе се вратиме повторно и дека фановите нема да мора да чекаат уште 20 години. И еве го исполнивме тоа ветување.
Се радуваме што 2009 година ја започнуваме со големо шоу во Белградска Арена”
После Белград, во Февруари 2009 година Iron Maiden ќе го посетат и Нов Зеланд за првпат после 17 години каде ќе пристигнат после концертите во Дубаи и Бангалор. После Нов Зеланд ќе го посетат Мексико и ќе завршат со серија концерти во Латинска Америка.
Коментар на Bruce Dickinson: “Уникатниот начин на кој ја работевме оваа турнеја до сега, со целата екипа и опрема товарена во авион, ја направи 2008 година една од науспешните, највозбудливите и најзабавните години во кариерата на бендот. Летањето со „Ed Force One“ околу платанета и свирењето пред многубројните фанови во многу држави беше незаборавно искуство за сите нас. За мене летањето и свирењето се едни од најголемите предизвици и задоволства што сум ги правел во животот и покрај сите логистички и останати потешкотии на кои наидувавме. Всушност беше толку забавно што одлучивме сето тоа да го направиме повторно и тоа како финална рута на оваа турнеја. Ние сакаме да се враќаме на места каде што не сме биле долго време но и да посетиме нови места во кои порано не сме биле. Според мене тоа ќе биде фантастичен начин да заокружиме една фантастична година за бендот. После ова планираме да се одмориме, да ја повратиме нашата енергија и после тоа да започнеме со работа на новиот студиски албум.”
Авионот на Iron Maiden – Ед Ed Force One се врати во регуларен сообраќај после завршувањето на првата рута на турнејата во март оваа година и леташе како чартер за фановите на “Бруце Аир” за време на Европскиот дел од оваа турнеја. Со истиот тој авион Бруце управува и при враќањето на војниците од Афганистан како и при превоз на туристи на разни дестинации.
Влезниците за концертот во Белград ќе бидат пуштени во продажба на 11ти декември од 10:00 часот.