Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Ај кој се клади со мене дека Америте ќе ги скичмат сите? $$$
 
Во Ирак со дешавкиве само ќе се зголеми анти-американизмот бидејки никој не сака на своја територија да му убиваат високи официјални лица од трети држави, така да интересен период следува
Во Ирак на власт е проиранска партија, воопшто меоже да се рачуна дека со ваква акција америте си ја затвораат вратата таму!
Автоматски споено мислење:

Ај кој се клади со мене дека Америте ќе ги скичмат сите? $$$
А пошто сме ние стратешки сојузници на нив, може да се каже дека маме ке му плачеме на сФетот!
 
Добро нашиве војничиња таман сега при НАТО ќе идат први редови да испитаат дали има мини по патиштата :) пред да влезат фоките.
Само штета Таљат шо си отиде ко министер за одбрана, малце сме послаби сеа
 
Ај кој се клади со мене дека Америте ќе ги скичмат сите? $$$
Муабетот ти е како пред кооперација.
Имаш запнато дека ќе ги смачкат ( шо и никој не го спори тоа), проблемот е огромната цена која ќе ја плати западот во демократизирање на една недемократска земја.

Прва причина зошто не го нападнаа до сега а и во иднина 99% е што нафтата ќе отиде којзнае колку.

Друга причина е што ќе имат огромни човечки жртви, имаш земја со 80 милиони (Иранци ми се чини над 60 милиони) + имаат огромна воена мрежа околу Иран која ќе биде на нивна страна,
се проценува дека неколку стотина илјади странски војници ќе загинат во таа инвазија (не е моја анализа туку експерти кој стварно си ја знаат работата), за поткрепа на тоа разгледај ја географијата на Иран, во Авганистан гинтролираат само поголемите Градови се друго е дива лига, а Иран е поголем по територија и имаш повеќе народ за контрола кој 40 години биле под недемокрадска пропаганда.

Трета причина, а можеби и најголема, со напад на Иран и огромните трошоци (воени и економски) профит ќе има највеќе Русија, ем ќе шитка нафта по скапи цени, ем оружје за Иран кое ќе иде како алва.
Кина малку економски ќе страда поради поголемата цена на нафтата, ама може да го помага Иран воено и да му ја отежнува работата на западот,
поради ова последното претходните месеци (по нападот во Арабија) излегоа информации дека Кина ќе отвори воена база, дека ќе инвестира милијарди итн.
 
Да додадам, Кина увезува 44% од нафтата преку теснецот, Јапонија увезува 88% а Јужна Кореја 82%. Блокада на Хормуз или привремен прекин на нафтата (1/5 од светската нафта поминува тука) ќе ја преврти цела светска економија која и сега е на стаклени нозе.

Никој не спори дека УСА е посилна од Иран но војна со Иран не значи дека ќе има трчање по плажи ала Нормандија ниту пак окупација како Ирак. УСА може да си ги паркира носачите во Индиски Океан и да си гаѓа цели како што ќе им текне. Но дека УСА ќе го окупира Иран, мало морген. Можеби ќе го окупираат но во однос на загуби Иран ќе биде бетер за Американците од Ирак, Авганистан и Виетнам заедно. Целата воена стратегија на Иран во последниве декади е правена со замисла на асиметрична војна каде што американската војска ги окупира.

На крајот од денот војна со Иран не му одговара на никој и сите ќе изгубат (можеби едино на Русија и на Израел им одговара). Но тоа не значи дека војна нема да има, војна не е работа која настанува наеднаш туку по низа ескалации кои излегуваат надвор од контрола заедно на чело со луѓе кои се разведени со реалноста. Никој не очекувал дека ќе почне WW1 а кога почнала сите мислеа дека ќе заврши до Божиќ. Арно ама реалноста била друга.
 
Многу и ова се преувеличува, Солеимани е само еден генерал, сигурно Иран држава од 80+ милиони не се потпира на еден 62 годишен човек па ова ќе значи пропаст за нив, ќе објават војна и слични глупости што медиумиве го туркаат за кликови. Ќе има одговор на Иран и сигурно тој ќе биде одмерен, а не тречи светски рат.
 
Незнам што ќе биде но знам САД воено може да го смачкаат Иран.
Не дека грешиш, но играта не е САД против Иран тоа беше некогаш кога Кина беше мало Змејче денес таа порасна и е голем Змеј, затоа го грешиш море... еееј че го пукам море.
Играта е САД против Кина, ако не си го знаел тоа до сега!

Vo ovie momenti edinstveno sto mi e krivo e sto Iran nema nuklerano oruzje. Ako vo megjuvreme razvil ili nabavil se izvinuvam za neinformiranosta.
Тоа не го знаат ни САД ама затоа ти знаеш дали имаат или немаат!
(ако мислеше на тоа дека ја немат усвоено таа јадрена технологија, е можно но не и верно, сетоа оваа се прави за да се оневозможи Иран да земе замав во развој и раст на економија и технологија, со што овие ќе станат непожелни на тие простори)
Автоматски споено мислење:

По се изгледа Иран е безбедносно избушен, особено неговите прокси наоколу и во становите.

Се појави вест дека во ист таков демократски напад со дрончек MQ-9 riper (велат понова и поголема верзија од предатор) убиен Абу Махди уште еден генерал на шиитските милиции ...
За оние кои пропуштиле, имаше вест дека Кина испрати неколку бродови (флотила) да го обезбедува Хормуз но во истата вест имаше и нешто околу тоа дека ќе прави своја база во Иран, до каде е работата со базата неважно, ова само за оние кои мислат дека ќе има инвазија на Иран, ништо од тоа, таа шанса веќе долго не е во игра. Играта е, да повторам, да се присилат Кина и РФ на некои отстапки, каде (претпоставувам Ј. Америка ама...) за сега нема најави.
 
Последно уредено:
Тоа не го знаат ни САД ама затоа ти знаеш дали имаат или немаат!
(ако мислеше на тоа дека ја немат усвоено таа јадрена технологија, е можно но не и верно, сетоа оваа се прави за да се оневозможи Иран да земе замав во развој и раст на економија и технологија, со што овие ќе станат непожелни на тие простори)
Ne rekov deka znam dali imaat ili nemaat no mnogu verojatno e deka nemaat od mnogu prosta pricina sto ne se pofalile dosega so nekoja detonacija cisto i nedvosmisleno da im dadat do znaenje na amerikancite i site onie koi gi interesira deka imaat. Vidis kako toa umesno go pravi Demokratska Narodna Republika Koreja.
Автоматски споено мислење:

А затоа ли си ќутиш ти, убаво шо си се искажа :D

Тргни срамот сеа не ти судиме и пиши нешто, макар и да треснеш нешто
Da.
Od druga strana pak Ti go imas otkloneto sekoj somnez ;).
Majtapot na strana bi sakal da procitam nesto povekje od tipot koj za koj naviva.
Nesporen fakt e deka SAD voenotehnoloski se superiorni sprema Iran. No voeno superiorni bea i pred 10,20 godini pa ete Iran uste e tuka. Voeno superiorni se i sprema Koreja pa sto so toa? Ima tuka mnogu zosto i mnogu zatoa.
 
Последно уредено:
Без разлика за кои навиваме и зошто. Факт е дека САД ќе победат и дека светот ќе биде поубаво место без Али Коменеи и сегашниот Ирански режим.
 
Без разлика за кои навиваме и зошто. Факт е дека САД ќе победат и дека светот ќе биде поубаво место без Али Коменеи и сегашниот Ирански режим.
еве задње им беше против Асад
и кој победи?
 
Искрено незнам дали ќе има директен судир или не (поише мислам дека нема да има)... Но доколку САД решат да го сменат режимот на Иран, тоа ќе биде една хибридна и долготрајна операција, која всушност веќе трае неколку декади, а на Американците и не им оди баш најдобро во последно време. Повеќе би рекол дека подмолното убиство на Ирански национален херој е нервозен, но промислен чекор, со кој сакаат да испровоцираат непромислена акција. Но мислам дека Иран нема да делува непромислено...

Не е дека Иран не е ранлив на субверзивни дејства, имаат прилично Курдско и Азербејџанско малцинство со бунтовна историја, но досега се покажаа како доста имуни ....
 
Уште една провокација за да предизвикаат војна. Овој пат зголемен влогот. Изгледа решени се да го пеплосаат Иран. Или да го сменат режимот.
Очигледно е дека војна ќе има. Меѓутоа која е целта на САД? Ако само сакаат воено да го поразат и ослабат режимот, тогаш ништо нема да постигнат долгорочно и ќе остават опција за друга војна после неколку години. Ако целта е да се смени режимот со цел да се истисни Руското/Кинеското влијание, тогаш тоа ќе бара далеку поголем ангажман, што можеби ќе значи окупација на Иран што обично е скапо нешто.

Воено Иран не е никаков предизвик за САД. За кратко време ќе го обезбедат воздушниот простор, ќе ја тргнат заканата за Ормуз, па и ќе влезат во Техеран. Краткорочно цената на нафтата ќе скокни до небо што ќе им оди во прилог на САД бидејќи се најголем производител на нафта, ќе биди лошо за Кина што е повторно во прилог на САД (ќе биди добро за Русија, ама јбг не може се да им биди во прилог). Ќе ја елиминираат заканата Иран да добие нуклеарно оружје што повторно е во прилог за САД, а и за регионот. Ќе ослаби Иранското влијание во Ирак, Сирија, што повторно е добро за САД.

За жал војната на Иран им е неизбежна. Се од кога Русија, а особено Кина го јакнат влијанието таму. Војна би избегнале само доколку се смени режимот и дојде силна проамериканска влада.

Иран е во шах мат позиција. Ако не одговори соодветно сега, којзнае каква ќе биде следната провокација од САД. Ако претера со одговорот, Американците ќе ги фрлат бомбите...
 
И еве го Трамп на пресс, ќе им носеле демократија на Иран,како во Либија што им донесоа;)
 
уф не сум баш сигурен дека отворена војна со Иран туку така лесно ќе помине за САД. Иран не е Ирак и е далеку по компетентна држава во однос на воена организација и асиметрична војна плус преку сите прокси ќе го запалат целиот блиски исток.

Има причина зошто САД до сега се немаат решено за таква интервенција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom