Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ти поднаучи нешто: Ирак, Сирија и Јемен се наоѓаат во политичко-безбедносно-економско-социјалниот кошмар кој го живеат денес токму по заслуга на САД, Израел и Саудиска Арабија, кои активно вршеа и/или сеуште активно вршат воени агресии против тие држави.

Да го обвиниш Иран бидејќи поддржувал некоја страна во Ирак, Сирија или Јемен, е исто како да ја обвинуваш Велика Британија бидејќи ги поддржувала анти-нацистичките и анти-фашистичките движења во Франција, Полска, Југославија, Чехословачка и други држави за време на Втората Светска Војна. Некој ги нападнал и ги окупирал тие држави и движењата на отпорот се родиле од таквите воени агресии, злосторства и окупации.

На Кина допрва ќе и` треба воена морнарица за да ја штити сопствената трговска флота сега кога пиратството повторно е во мода, како што САД и нивните европски вазали покажаа и докажаа на дело од 2025 година па наваму, така да тоа не е демонстрирање на сила, туку здрав ум и разум за држава која одбива да биде предмет на закани низ поморските рути.

Кина од поодамна поседува нуклеарно вооружување, Иран не поседува и според извештаите од самите разузнавачки агенции на САД воопшто не развива нуклеарно вооружување.

Човек може на тебе да ти објаснува до наредното доаѓање на Халеевата комета, но за жал како некој кој доброволно се прави ќорав низ леќите на силата и агресијата нема да разбереш.

Тоа што се случува во Блискиот Исток, дали е по заслуга на Британија, или САД, или сунитски екстремизам е тотално небитно за фактот дека Иран таму демонстрира сила активно со години.
Тоа е фактот што не ти беше јасен и што ти го разјаснував. Не историјата како дошло до тоа.

Што ќе и треба на Кина небитно, прво нека го поминат првиот прстен острови, потоа нека штитат што сакаат. Всушност, токму тоа и ти го објаснав, не мора да го повторуваш.

Халеевата комета не доаѓа никаде, има високо елипсоидна орбита која на неколку децении ја носи во нејзиното најкратко растојание со Сонцето. Се што треба ќе ти објаснам, прашувај, не се срами.
 
САД немаат свои територии ниту на блискиот исток, ниту во источна Азија, со тоа по автоматизам нема што да бараат таму.

Иран е држава сместена на блискиот исток, а Кина е држава сместена во источна Азија.

Како што никој не им диши во врат на САД во северна Америка, така и тие треба да си го гледаат исклучиво и само сопствениот двор и да не си го пикаат носот непоканети и недобредојдени во туѓи дворови да им дишат во врат на трети држави, а уште помалку па да вршат воени агресии против било кои трети држави.

Ова им беше веќе еднаш ставено до знаење во Виетнам, но американските политичари не се баш добри ученици по историја, исто како и ти, па затоа треба некој да ги потсети бидејќи нели повторувањето е мајка на знаењето, вклучувајќи го и повторувањето на историјата.
 
Последно уредено:
САД немаат свои територии ниту на блискиот исток, ниту во источна Азија, со тоа по автоматизам нема што да бараат таму.

Иран е држава сместена на блискиот исток, а Кина е држава сместена во источна Азија.

Како што никој не им диши на САД во северна Америка, така и тие треба да си го гледаат исклучиво и само сопствениот двор и да не си го пикаат носот непоканети и недобредојдени во туѓи дворови да им дишат во врат на трети држави, а уште помалку па да вршат воени агресии против било кои трети држави.

Ова им беше веќе еднаш ставено до знаење во Виетнам, но американските политичари не се баш добри ученици по историја, исто како и ти, па затоа треба некој да ги потсети бидејќи нели повторувањето е мајка на знаењето, вклучувајќи го и повторувањето на историјата.

Хахахаха, немале територии, па немало што да бараат. Што си ти, магистер по комедија? Ванлок да не ти беше професор?

Кажи им го ова на Персијците, Римјаните, Монголите, Британците, Русите, што барале во туѓи дворови.
Хахаххаха. Со кој правам муабет...

Извини брат те преценив, пишувај си за дибеци и додавај си букви во кратенки. ;)
 
Простено ти е, секако дека не разбираш бидејќи гледаш единствено и само низ призмата на силата и агресијата.
 
Чим оној помаранџестиот сака да буши на Гренланд, веруј им секнала нафтата. Нападнаа на Венецуела, па сакаа и Канада да ја анексираат, а Канада има можеби и најмногу нафта (неископана) у цел свет.

Сеедно го ебаа светов за таа нафта со разно разни војни, а башка еколошки катастрофи какви што гледаме, а порано ги немало.
Паа од Венецуела и нема скоро да се офајдат како што рачунаа, ама сепак. Неа ја земаа да ги зезнат кинезите.
 
Тоа што се случува во Блискиот Исток, дали е по заслуга на Британија, или САД, или сунитски екстремизам е тотално небитно за фактот дека Иран таму демонстрира сила активно со години.
Тоа е фактот што не ти беше јасен и што ти го разјаснував. Не историјата како дошло до тоа.

Што ќе и треба на Кина небитно, прво нека го поминат првиот прстен острови, потоа нека штитат што сакаат. Всушност, токму тоа и ти го објаснав, не мора да го повторуваш.

Халеевата комета не доаѓа никаде, има високо елипсоидна орбита која на неколку децении ја носи во нејзиното најкратко растојание со Сонцето. Се што треба ќе ти објаснам, прашувај, не се срами.
Од каде читаш ти вести многу ме занима?

Како тоа Иран демонстрира сила? Што треба да направи, да не се брани ли?
Ја од кога знам за себе, Израел демонстрира сила над Палестина, а овие стално враќаат, години и години уназад.
А уствари НАРАТИВОТ од Нетјанаху е: Иран се лошите, ние сме добрите.
Нормално дека Иран ќе се вооружа кога сите комшии околу него се вооружени и пола имаат нуклеарки и се освоени со бази од САД, исто како на Косово. Што очекуваше ти, Иран да се предаде тукутака?

Иран нема да се предаде тукутака, исто како Персија со Аце Наш, кога имал услов да ги измеша народите т.е. војската негова да ожени Персијка благородничка. Така да, ако некој помислил дека Иран ќе се предаде без борба или без исполнување на некои негови услови, се излажал гадно.

Него ние народот, у цел свет, испаштаме поради идеите за Голем Израел и таа пуста нафта, за којашто Англичаните гризат нокти оти ја колонизирале Америка, а не Канада (им било многу ладно) а Французите си спијат мирно над нафтените полиња у нивната Канада.

Да имаше некој почовечен амбиција да владее со светов, на пример Кинез, досега ќе возевме електрични коли, електрични шлепери и електрична земјоделска механизација итн..., ама контрадикторна е амбицијата за доминација во однос на човечноста, па за жал нема таков некој.

За разлика од САД, Кина изнаоѓа начини да створи други горива, наместо да војува низ светов за таа пуста нафта.
 
Последно уредено:
Паа од Венецуела и нема скоро да се офајдат како што рачунаа, ама сепак. Неа ја земаа да ги зезнат кинезите.

Првично им ја украдоа нафтата на Венецуелците за да имаат алтернатива на нафтата која се извезува од Персискиот Залив и Црвеното Море бидејќи претпоставуваа дека Иран ќе го блокира Ормускиот теснец, но не очекуваа толку долготрајни последици по светската економија. Не е случајност тоа што првите тони украдена венецуелска нафта ги извезоа за Израел.

Венецуела има докажано најголеми резерви на нафта во светот, но не може да биде алтернатива на целиот извоз на нафта од Персискиот Залив и од Црвеното Море, како и на извозот на нафта од Русија кој во пракса речиси и не постои откако САД и НАТО - пардон: нео-нацистичката хунта во Киев, почна да ги напаѓа руските рафинерии и со тоа нагло го намали нафтеното производство во Русија.

Паралелно со економските последици по светската економија, уште една за американците непосакувана и неочекувана нус појава од американско-израелската воена агресија против Иран, е наглото зголемување на побарувачката на електрични автомобили, а особено на кинеските електрични автомобили.

Работава им беше дека ќе ги зезнеа Кинезите со киднапирањето на Николас Мадуро, ама па со воената агресија против Иран буквално им подарија повисока побарувачка на електрични автомобили на Кинезите, а со тоа уште поголем раст за кинеската економија.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom