Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Повели образложи.

Можеби сакаат да си живеат на раат без никој да им се меша во внатрешните работи.

Еве објасни зошто Македонија не врбувала нечиј министер за надворешни работи да биде кодош и да потпишува билатерални договори спротивни на националните интереси на државата кои треба да ги брани.
Супер. Мене ми изгледа дека конечно ги земаат работите во свои раце.
 
Какви „хуманитарни и цивилизациски“ придобивки очекуваш од израелско извршување државен удар и директен напад врз држава на Блискиот Исток. Има многу примери кои покажуваат дека спротивното се случува, хаос, повеќе страдење, смрт, насилство без крај. Или дај еден позитивен пример од нападите на Израел. Не зборувај само за твои желби и стравови, биди реален.

Како УЧК што добиваа овде оружје? И, бидна ли подобро?
Во Ирак/Сирија/Либија/итн, Курдите и другите малцинства добија оружје. Дали на луѓето им стана подобро таму после целата таа „демократизација“ и симнување диктатори?
Можеш ли макар еден пример да дадеш каде биднало подобро после со вакви војни уништени држави?

Ама не збори на памет и според фантазии и желби. Дај пример каде биднало подобро, ете за жените. Во Ирак жените слобода видоа? Девојчињата престанаа да ги мажат веднаш после пубертет? Или напротив, симнаа законска граница на 9 години?

Апсолутно полошо ќе им биде. На сите. Како што веќе е видено во толку многу вакви примери да веќе не е ни смешно (колку појма немате). И ќе има последици по сите нас другите во светот, лоши последици.

Не е ова разводнување. Ова е покажување колку (ти и многумина) малку ги знаете работите за кои сакате да наметнете став.
Ја дадов пример за колку е бетер кај што пуштила рака Америка. Пред сѐ кај нас дома.
Сѐ што ќе фатат ќе запустат. Немаат долга историја ко нас или пола Европа. За 100 год ќе бидат пишувани ко растурачи на држави. Тоа ќе имаат накалемено.
 
Го кажав минатата недела моето мислење, по мене за Иран најдобро е да се реформира и да си зачисти убаво дома а не ќе е лошо и да ги подобри односите со соседите вклучително и Израел. Во Иран има чести протести и нерелано е ама баш сите до еден да бидат финансирани од страна. Евреите и Американците несомнено фрлаат масло врз огнот но огнот не е увезен, иранскиот народ има сериозни и вистинити проблеми и нивно игнорирање со изговор дека се финансирани однадвор ќе ја влошува состојбата се додека или не се случи крвава револуција или Иран не стане новата Северна Кореја.

Дојдоја времиња кога ако се побуни некој народ против режим одма се смета за Америчко масло.А шо да прави еден народ ако живее во сиромаштија?Да чути и да трпи?Диктаториве стално имаат изговор дека е тоа Америчко или Израелско сценарио.Е па нормално дека гореспоменатите ќе ја злоупотребат таквата ситуација во своја корист.Ама од друга страна кој му дал право на Диктаторот да си игра со судбината на милјони љуге?Дали државата со која владее е негова дедовина?Зошто Иран не организира обоена ревокуција во Израел на пример?Кој к.р се мешаше во Палестина?Па во Палестина се сунити кои од дно на душата ги мрзат шиитите.Не виде Ајатолахот како поминаа шиитите во Сирија?Против кого се бореше Хезболах во Сирија?
Да, автоматски се претпоставува дека САД стои зад секој протест но од друга страна САД има долга историја да киднапира искрени протести за свои цели па на крај резултатот е полош од претходно што било.
 
Тоа е таа игноратност, не го дебатирај напишаното туку залепи одма етикета за хезбилах и хамас фанбојс.

Реков јас. Не си ни запознаен зошто се протестира во Иран моментално.
IO го рачунав за ок момак по форумиве... Сѐ додека не дојдовме до моменти каде треба да се дискутира за ставови со кои не се согласува. Тука испадна дека он уствари и не дискутира со неистомисленик. Прво се обидува да наметне ставови за потоа кога ќе го соочиш со посилни контрааргументи - едноставно те игнорира. Што и не е најлошото, најлошото е оној потценувачки момент кога ќе ти одговори со нешто како „решив да те игнорирам за да не искараме“ (возрасниот во собата и така тоа). А ти само што си му напишал издржана теза комплет со аргументи и факти. :)

Гледаш проблем му е тоа, останува нефлексибилен кон менување на ставови дури и наочиглед на реалноста... Интересни би биле реакциите кога Иран би станал hellhole како Либија/Сирија па и Ирак, па во иднина ќе го соочиш со што зборувал а што уствари се десило (очекувањата vs реалноста).

На пример овде очекува после државен удар мед и млеко да тече за обичните луѓе, наспроти сите примери од соседството и регионот. И ги игнорира сите аргументи со сите тие примери дека се случуваат хорори се дешаваат после сите тие „демократизации“.

Си дозволувам вака да го коментирам во трето лице пошто он прв почна со праксата. Инаку хиџаб неносење и да има некој обскурен закон од прошлиот век - дефакто не се санкционира во пракса. За што сведочат стотици видеа од секојдневието во Иран.
 
Посочи, во пар едноставни реченици, за што „у ствари„ протестираат Иранците, а притоа, барем на кратко, „заборави„ го поширокиот конткест (што светски, што блиско-источен...) и моментот во кои тие протести се изведуваат...благодарам.

Економската ситуација е основната причина поради кои започнаа протестите.
 
Го кажав минатата недела моето мислење, по мене за Иран најдобро е да се реформира и да си зачисти убаво дома а не ќе е лошо и да ги подобри односите со соседите вклучително и Израел. Во Иран има чести протести и нерелано е ама баш сите до еден да бидат финансирани од страна. Евреите и Американците несомнено фрлаат масло врз огнот но огнот не е увезен, иранскиот народ има сериозни и вистинити проблеми и нивно игнорирање со изговор дека се финансирани однадвор ќе ја влошува состојбата се додека или не се случи крвава револуција или Иран не стане новата Северна Кореја.

Да, автоматски се претпоставува дека САД стои зад секој протест но од друга страна САД има долга историја да киднапира искрени протести за свои цели па на крај резултатот е полош од претходно што било.
И сега љугево шо живеат во Иран и трпат за јадење треба да се помират со судбината за да не бидат искористени од САД?Другата опција им е да бидат искористени од режимот кој ево веќе 47 години владее таму.И сега шо викаш која е подобрата опција за иранциве?
 
Па читај убаво што пишувам и ќе го видиш мојот одговор на твоето прашање.
 
Посочи, во пар едноставни реченици, за што „у ствари„ протестираат Иранците, а притоа, барем на кратко, „заборави„ го поширокиот конткест (што светски, што блиско-источен...) и моментот во кои тие протести се изведуваат...благодарам.
може да пробам да одговорам односно зошто не би го видел одговорот од тие во Иран,

Ги паднаа секуларните во Сирија и Либан. Им деноса исламски фундаменталисти на власт. Докторите се вратија да живат и да ја уживаат слободата во своите земји. :pos: Вистина и жените уживаат сега Европски слободи и Американски стандарди. Апла ингорантен треба да си на историјата на Б. Исток а и секако дејствата на Сад на тие простори.

Али како ќе кажат на твитер.

Чеченците кога се тепаа против Русија и кога ги рамена. Беа критикувани за нарушување на човековите права. И што ти не можно тогаш.

Откако ги пацифизираа Русиве. Сега пак Кадиров не чини, а исламот таму не давал слобода на граѓаните.

Тоа е таа дволичност и лицемерност.

Повеќе од ова не треба да се пишува и дебатира.
 
Економската ситуација е основната причина поради кои започнаа протестите.

А зашто тогаш „протести„ се појавуваат токму тогаш „кога е потребно„?...

Не мислам само на Иран, оти доволно е да се потсетиме на „арапската пролет„ која „случајно„ и „верижно„ ги зафати повеќето арапски држави, од Мароко па кон/до Египет...и сега сите Арапи во тие земји „пуцаат„ од радост и среќа...
Автоматски споено мислење:

може да пробам да одговорам односно зошто не би го видел одговорот од тие во Иран,

Да , еве еден можен одговор...а би било корисно да видиме и која е целта која треба(ло) да ја постигнат демонстрантиве.
 
А зашто тогаш „протести„ се појавуваат токму тогаш „кога е потребно„?...
Е тоа ти е знаење, треба да знаеш кога да се појават јас немам такво знаење ;)

Да , еве еден можен одговор...а би било корисно да видиме и која е целта која треба(ло) да ја постигнат демонстрантиве.
Наскоро ќе се добие одговор и на ова пашање.
Велат Калигула два кораба од тоа Карибите ги упатил кон БИ, завршил со Мала Венеција па да се повозаат малку.
Инаку кај здраворазмските лујџе преовладува мислење дека тоа е заради дочек на демократите и во слава на демократијата!
јбг ако им успее после ќе добијат признанија-првоборец, значки, плакети и може по некој тендер.

А зошто прашуваш кога го знаеш одговорот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom