Научи се да читаш дечко.Единствено што кажав е дека една исламистичка земја помалку(и тоа огромна земја со околу 100 милиони луѓе) е победа за секого.Не дека исламизмот на другарите на америте е подобар.Да е до мене не би постоел ниту еден исламист без разлика дали е руски или амерички вазал.Затоа оди фрчи со тие "whataboutisms" на некој друг фала
Пратиш современи политички и историски промени од почетокот на 21-от век, или да не те заболи глава од истражување и читање историја, еве нека бидат изминативе 6 (ШЕСТ) години ?
САД го нападнаа и окупираа Ирак во 2003 година, се повлекоа во 2011 година - случајно или не тогаш започна и Арапската пролет, која всушност беше друго име за Арапска зима, бидејќи со себеси го донесе токму тоа за кое ти навиваш: соборување на корумпирани влади од власт и нивно заменување со уште полоши влади - и со заминувањето го отворија патот за развој и проширување на ИСИЛ/ИСИС/ИД.
Арапската зима со себеси донесе смрт, уништување и хаос кои сеуште траат низ Либија, Јемен, Сирија и Ирак, кој во 2024 година ја спушти минималната граница на жените за стапување во брачна заедница од 15 (ПЕТНАЕСЕТ) на 9 (ДЕВЕТ) години - да живеат слободата и демократијата !!!
Во Египет се случи пресвртница бидејќи откако дојде на власт Муслиманското Братство во 2011 година покажа и докажа на дело дека ништо подобро не ги чека Египќаните со нив, поради што војската ги собори од власт во 2013 година, но во пракса беше враќање на претходниот статус кво од пред 2011 година, па повели направи си ја математиката колку навистина нешто се сменило.
Да е до тебе не би постоел ниту еден исламист, убаво што така размислуваш, а можеби и посакуваш.
Но нема тоа да го добиеш, соборувањето на теократскиот режим во Иран нема да донесе ниту слобода, ниту демократија, ниту вода за жедното население на Техеран и останатите ирански градови. Единствено ќе донесе уште повеќе внатрешни поделби, уште повеќе корупција, а и граѓанска војна не е далечна опција бидејќи на Турција и Азербејџан им течат лиги секој пат кога нешто ќе тргне кон полошо во Иран и само си ја чекаат шансата како што си ја дочекаа во Ерменија и Нагорно Карабах во 2020 година.
И се разбира, Израел и САД нема да ја прошуштат оваа шанса да донесат уште повеќе смрт, уништување и хаос на блискиот исток, без разлика дали станува збор за Иран или за било која друга држава во тој регион.
А ти продолжи да посакуваш убави работи, тоа е благородно од твоја страна, но светот не го движат благородни идеи.