Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.601
- Поени од реакции
- 5.289
Реално Иранциве се посраа.Им го уништија Хезболах со најобични пеџери.Илјадници од нив останаа инвалиди за цел живот. Сирија има ја презедоа исламистиве за 2дена.
Башар храбро му ја спрашти. Израелциве кога сакаат ги бомбардираат и нив и Сирија. И да бидиме реални не само Иранциве туку и цел арапско- муслимански свет заедно со султанот од Турција не смеат да им писнат на Израелциве.
Малку е изненадувачки, мислев дека Иран ќе пружи поголем отпор, дека нема толку лесно да биде совладан, барем не од Израел.
За САД знаеме, ќе ги пеплосаа во 2 дена. Сепак САД имаат неколку пати поголема моќ во регионот, отколку 1000 километри оддалечениот Израел. Два носачи во регионот може да имаат неколку пати поголем ефект од авиони кои треба да поминуваат илјада километри.
Дури ни со балистичките ракети не успеаа не да го премислат Израел, туку да направат нешто посериозно.
Методично одбраната на Иран беше уништена.
Прво во нападот во октомври 2024та, Израелците им уништија С-300 и некои радари за рано предупредување.
Остатокот е класика, копирање со мала модификација од првичните Американски напади врз Ирак.