Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
А кај реков дека ни носат бенефиции?
Зошто мислиш дека мене или на било кој друг би му било убаво да има постојано поскапувања? Не си само ти кој е засегнат.
Што да правиме оттука јас и ти, да земиме лопатите и да копаме нафта? Што можеш да направиш ти или јас кога некој моќен таму одлучил да гори дел од светот?

Колку што е нападот на Русија врз Украина оправдан, толку е и нападот на САД врз Иран.
Не знам дали плукаше ти на Русија кога ја нападна Украина и кога цените на се отидоа во неповрат. Случајно да не ти одговараше инфлацијата тогаш?
Навивај си ти за која страна сакаш, ама ти (и јас) секогаш сме на погрешната страна.

Слободно мисли си дека едната страна се добрите а другите лошите, кога го јадеш немиен од двете.
Не, ситуацијата помеѓу Русија и Украина ниту по една точка неможе да се спореди со нападот на Иран, во Украина живеат милиони Руси во Иран нема ни 10 Американци, сосем различни ситуации, и немој такви ментални гимнастики мене, (да не се повторуваме по 174747 пат) Украина е прокси на Епштајн коалицијата.
Енергенсите не поскапеа заради Русија, туку заради санкциите односно пукањето у колено на оние кои ги подржуваш, ( нели Русите требаше корења да јадат) Европа нема апсолутно никаква сврка да се конфротира со Русија, напротив соработка и взаемна почит за добриот на сите. Русија пред да ја стават во ќош не претставуваше никаква закана за Европа, напротив бенефит, ефтини енергенси економска соработка итн..но Епштајн коалицијата не мисли така, и вазалите во Европа и русофобтардите што со векови и генерации боледуваат од комплекс спрема Русија сами си го научукаа тоест нас граѓаните но го научукаа.
Таква е ситуацијата, се сега со ова во Иран ќе биде тоест веќе е полошо, затоа не те разбирам зашто си ти радосен и ги подржуваш кога ете си свесен дека го јадеме сите.
 
Не сум љубител на режими амо стварно не знам како ќе го оправдаат нападов врз Иран.Голема штета прават на сватскава економија и шо е најинтересно европјаниве пофторно застанаа зад САД и Израел и покрај сите заебанции шо им ги направија.Стварно ЕУ станаа тотално небитни.Можат само на вукојебини ко нас да ни солат демагогии.
ЕУ нема избор. Кажува што ќе и кажат да каже.
 
Секоја чест за трудот, ама за изнесените тези би рекол дека скоро па сите се промашени.
Недовршени е правиот збор. Не може прикажаната слика да биде цела ако не се земе во обзир елитата (олигархијата), енитетот кој ги контролира политичарите во САД од Кенеди па наваму. Трамп може да биде каков сака но неговата примарна особина во моментов е „тој чии јајца ционистите (и нивните газди) цврсто ги држат стиснати“. Којзнае со што го уценуваат ама за правење вакви глупости мора да е нешто експлозивно лошо. Човекот се смени, се сврти за 180 како политичар од почетокот на првиот мандат па наваму. Јасно е дека Трамп не беше примарен ни никаков план на олигарските ама малку по малку го ставија во скут.

Ова сега со Иран е вон секој памет. Не умеат ни јасна причина да кажат зошто ја почнаа војната... Мислам знаеме зошто, но за рајата треба некако касус бели нели? И што нудат? Некоја ментална гимнастика дека Израел секако ќе нападнел па да не нападне Израел сам они превентивно се приклучиле и така тоа нешто (како да е можно да звучи логично ова). Па уште Хесгет има образ да каже „Ние не ја почнавме војнава“. Кабуки театар.

Мислам дека амерканската надворешна политика никогаш не била поретардирана од ова сега. Никој од гласачите не гласаше за ова, освен Евреите се разбира. Сите го гласаа Трамп затоа што ветуваше мир, наспроти очекувањата дека Демократите ќе почнат војна. И го избраа Трамп и он почна војна многу поревносно отколку било кој демократ. Сега и копнена компонента спремаат и целиот пекол ќе се испушти. Кина ама и пред сѐ Русија отворено кажаа дека нема да дозволат Иран да падне, нешто што е важно и за двете држави во егзистенцијална смисла. Лавров тоа јасно го изјави, се очекува Иран да влезе под нуклеарниот чадор на РФ. Не треба тоа никој да го чуди, паѓање на Иран ќе значи тешка дестабилизација на Кафказот а Русија знаат што значи тоа за нив. Потоа нафтата и гасот од Иран ќе бидат употребени како оружје против РФ, а Кина која веќе остана без венецуелска нафта вака би останала и без ирански енергенси.
Нема да остават Ирак тек така да го лапнат западните.

Сметајте дека сме скоро на почеток на ТСВ, скраја да е. :-/
Автоматски споено мислење:

Вакви тези и емисии ќе има сѐ повеќе, иако жолтоклунците овде ќе се церекаат како недоквакани (што во основа сѐ). Додека не им преседне.

Ти не сметаш, сметаш дека се јакне улогата на РФ?
Русија има бенифиции кога гасот и нафтата имаат висока цена, јер тоа продаваат најмногу, реално гледано Иран нема големо економско значење за нив освен да се заедно против Епштајн коалицијата, мада Израел е тука и Русија нема да иде против зашто во Израел живеат милиони руски Евреи.
Русија има нуклеарно оружје најмногу на свет, тоа се нивните карти, се друго е желба за како ли јас да пораснам и чисто лаење од страна, на моќните тоа им е многу јасно, и затоа Русија има отворени опции да игра лабаво или цврсто.
 
Во ред, веќе еднаш рзменивме мислење околу ова прашање и тогаш не се сложивме, јас изнесов свои ти свои аргументи, да ги повторуваме нема смисла.
Само ќе додам овде не е избор помеѓу Израел и Иран, туку се работи за нешто многу покрупно.
Околу внимателност на Иран кон Русија е сосема оправдана затоа што РФ за цело време на војната во Сирија ги дупеше Иранците во полза на Израел.
Оној Алаудинов или како се вика пред некој ден јавно но срамежливо изјави дека Ционистичкото лоби во РФ е многу силно и дека има влијание на носење на одлуките во Москва итн итн за прв пат некој (кој има политичка тежина) во РФ тоа вака јавно да го изјави...
Да не должам времето е пред нас и ќе покаже кој и како ги согледал процесите, се надевам нема да заборавам да те потсетам на ова :)
Мислам дека имаш само еден дел од приказната. Јас ги читав Рибар и други лица кои доста пишуваа за доста нечисти потези на Иран кои работеле против Русија и Сирија(Асад), барем најмалце може така да се нарече. Од препродавање на оружјето кое Русија го давала, на криминални банди од страна на Ирански оперативци. До тоа што наместо дел од оружјето да завршува во рацете на официјалните сили на Сирија завршувало во рацете на прокси на Иран кои ниту малце не обработувале за јакнење на Сирија и Асад.Разлилни цели Да не заборавиме сепак Асад доста ги гнетеше сите муслимани таму. Иран ја користеше Сирија за да го напаѓа Израел и да изгради мрежа за тоа. Помалце битно беше за нив јакнење на Асад, што беше доста различно од она што Русија се обидуваше да направи.
Русија се обидуваше да ја реорганизира, изгради државната армија на Сирија и Асад. И никако не им беше од Руски интерес да го напаѓаат Израел, тука одма се раздвојуваат интересите. Иран дејствуваше преку своите прокси. Хезболах, шија милициите, афганистанските и пакистанските радикали и тн.Овие групи никогаш не беа под контролата на Сириската армија, но беа под контрола на Кудс.Иран се обидуваше да воспостави канал Иран-Ирак-Сирија за да дејствува против Израел. Се ова говори дека имало тактичко партнерство кое подоцна ќе рикне поради разлилните цели и приоритети. Иран тука највеќе загуби.И подоцна се случува џандар збира.

Рибари имаа доста солидни информации за Сирија од тоа време. Последниве години ама се многу опаднати на квалитет и некои од лицата ги гонат кривично моментално за проневера на буџетски средства во РФ.
 
Русија има бенифиции кога гасот и нафтата имаат висока цена, јер тоа продаваат најмногу, реално гледано Иран нема големо економско значење за нив освен да се заедно против Епштајн коалицијата, мада Израел е тука и Русија нема да иде против зашто во Израел живеат милиони руски Евреи.
РФ ги јeбe тоа што имаат влијателни Евреи дома, ама да се разбереме дека во ситуација кога се иде апла против руски интереси - што паѓање на Иран секако е од поважни причини од економските - РФ ќе реагира во корист на Иран.
Автоматски споено мислење:

Иран ја утнаа работата во Сирија, сериозни стратешки грешки направија кога ги поткопуваа обидите на РФ да ја зајакнат Сирија како функционална дражва. Премногу краткогледо изиграа и таа себичност сега им се удира од глава. Ни Израел ни САД немаше да можат да летаат вака лабаво од Џордан/Израел до Иран како сега.

Не знам кој ги водел работите за Иран тогаш, ама сериозни грешки се направени и мислам дека и они се свесни.
 
Делумно точно.
До војната Ирак-Иран тогашната федерација имаше одлични врски како со Ирак така и со Иран, заради ставањето на односите со Ирак во приоритет Иран ги повлече сите свои луѓе кои беа на едукација и прекина врски со тогашната федерација.
Но добро можеби си бил мал па не ги знаеш овие работи.

Секоја држава на односите со другите низ своја призма и интереси па така и РФ, зарем сметаш дека САД (со исклучок на сегашниов претседател) поинаку гледа на односите со другите. Нормално е државите да градат односи врз свои декларирани цели и интереси проблемот е кога тие се реализираат со непиочитување суверенитет и територијални интегритет.

Ти сметаш дека РФ активно учествува во слабеењето на влијанието на Иран?
Автоматски споено мислење:

Ти не сметаш, сметаш дека се јакне улогата на РФ?
Јас бев во Багдад за време на Ирачко-Иранската војна.
СССР( читај Русија) и Југа беа јаки подржувачи на Ирак, иако јасно знаеја дека западот стои зад конфликтот.

Додуша СФРЈ ги продолжи проектите и во Иран уште долго после тоа.
 
Не сум љубител на режими амо стварно не знам како ќе го оправдаат нападов врз Иран.Голема штета прават на сватскава економија и шо е најинтересно европјаниве пофторно застанаа зад САД и Израел и покрај сите заебанции шо им ги направија.Стварно ЕУ станаа тотално небитни.Можат само на вукојебини ко нас да ни солат демагогии.
Нападот врз Иран е оправдан и сосема легитимен со фактот што Иран е држава која продуцира тероризам, односно нејзини јајца се Хезболах, Хамас, Хутите и кој знае уште кои лајна.
Хезболах е формиран, вооружуван и финансиран од Техеран за уништување на Израел а исто така и Хамас, па оттука произлегува правото на Израел да се брани. Не е Израел оној кој прв нападна, обратно е, Израел со години е напаѓан од Иран преку козарските друштва, па Израел има право да се заштити.
Исто е и со Хутите, вооружени и финансирани од Иран, пукаат по бродови, го прават пловењето не безбедно... па сосема е легитимно да се удри по главниот.
Држава која продуцира и спонзорира тероризам не смее да има атомско оружје а ројките запнале да прават па и оттука се сосема легитимна цел, треба да се сосечат додека не направиле нуклеарно оружје.
 
Јас бев во Багдад за време на Ирачко-Иранската војна.
СССР( читај Русија) и Југа беа јаки подржувачи на Ирак, иако јасно знаеја дека западот стои зад конфликтот.

Додуша СФРЈ ги продолжи проектите и во Иран уште долго после тоа.
Југославија се руши со градежни проекти после тоа. Црвена Звезда понатака АДГ Маврово ги градеше бункерите на Садам. Ако точно паметам од разговори со лица кои беа и во Ирак и во Либија. Сад ги добиле сите нацрт планови за бункерите после тоа од балканци(срби,македонци и тн). Нормално ова со резерва може да се земе.
 
Не, ситуацијата помеѓу Русија и Украина ниту по една точка неможе да се спореди со нападот на Иран, во Украина живеат милиони Руси во Иран нема ни 10 Американци, сосем различни ситуации, и немој такви ментални гимнастики мене, (да не се повторуваме по 174747 пат) Украина е прокси на Епштајн коалицијата.
Енергенсите не поскапеа заради Русија, туку заради санкциите односно пукањето у колено на оние кои ги подржуваш, ( нели Русите требаше корења да јадат) Европа нема апсолутно никаква сврка да се конфротира со Русија, напротив соработка и взаемна почит за добриот на сите. Русија пред да ја стават во ќош не претставуваше никаква закана за Европа, напротив бенефит, ефтини енергенси економска соработка итн..но Епштајн коалицијата не мисли така, и вазалите во Европа и русофобтардите што со векови и генерации боледуваат од комплекс спрема Русија сами си го научукаа тоест нас граѓаните но го научукаа.
Таква е ситуацијата, се сега со ова во Иран ќе биде тоест веќе е полошо, затоа не те разбирам зашто си ти радосен и ги подржуваш кога ете си свесен дека го јадеме сите.
Не ми продавај сега демагогии.

Едноставно е, ако не нападнеше Русија немаше да има инфлации и поскапувања, што патем траеја повеќе од 2 години.

Како нападот на Русија врз Украина се одрази на тебе, имаше ти бенефит од тоа?
Плукаше тогаш како што плукаш сега по другиве?
Кој ти беше тогаш сатаната и педофилот?

Можам еден куп вакви оправдувања да ти пишам зошто САД го нападнаа Иран, или Русија Украина, ама исти сте како пријателчињата што седат од спротивната страна.
Навивај си за гомната од едната страна, бидејќи твоите гомна се розови, а другите гомна се грди.

Неверојатно.
 
РФ ги јeбe тоа што имаат влијателни Евреи дома, ама да се разбереме дека во ситуација кога се иде апла против руски интереси - што паѓање на Иран секако е од поважни причини од економските - РФ ќе реагира во корист на Иран.
Автоматски споено мислење:

Иран ја утнаа работата во Сирија, сериозни стратешки грешки направија кога ги поткопуваа обидите на РФ да ја зајакнат Сирија како функционална дражва. Премногу краткогледо изиграа и таа себичност сега им се удира од глава. Ни Израел ни САД немаше да можат да летаат вака лабаво од Џордан/Израел до Иран како сега.

Не знам кој ги водел работите за Иран тогаш, ама сериозни грешки се направени и мислам дека и они се свесни.

Пааа мислам дека имаа гарнитура која доста ги осакати претходно. Баш пратев уште минатата година дека имаа препукувања внатре поради фактот дека Иран неодамна почнал повеќе да соработува малце пошироко со Русија и Кина. Критиките беа насочени кон сегашнава гарнтура бидејќи минатата ги имаше минирано сите преговори за опрема со Русија особено. Говори малце тоа дека имале доста поинаква политика тогаш. Како што кажав апла пртпазливост поради тоа што Русија никогаш нема да оди против интересите на Израел и тука било каква подлабока соработка паѓа во вода.
 
Нападот врз Иран е оправдан и сосема легитимен со фактот што Иран е држава која продуцира тероризам, односно нејзини јајца се Хезболах, Хамас, Хутите и кој знае уште кои лајна.
....
Држава која продуцира и спонзорира тероризам не смее да има атомско оружје а ројките запнале да прават па и оттука се сосема легитимна цел, треба да се сосечат додека не направиле нуклеарно оружје.
Површен си до немајкаде. Засенчи ги имињата на проксијата и смени ги со арапските држави, смени го Иран со САД, и сеуште изјавата ќе ти биде исто толку точна... Освен делот со нуклеарното оружје, тоа САД веќе го имаат.
 
Да бе, лидерите на хезболах и Хамас се кријат у Чикаго а не у Техеран.
 
Русија никогаш нема да оди против интересите на Израел и тука било каква подлабока соработка паѓа во вода.
Извесно не никогаш, сеуште РФ не се толку дисфункционална држава да идат против своите интереси заради Израел (како САД и вазалите на пример).

Преживување на Иран е од огромно значење за РФ. Тоа се гледа и од официјалниот став, го слушна Лавров пред некој ден?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom