Пророкот
Ќе ме биде...
Ова според мене не е поради Трамп во Епштајн листата, бидејќи Израел работи на ова 60+ години и е поголема разврска, именувајќи го Иран низ историјата како нивна најголема егзистенцијална закана. Не може цел регион е дестабилизиран и светската економија растресена поради една преостаната година која ја има Трамп како претседател. Импликациите се поголеми од тоа. Создавање нуклеарно оружје секогаш носело тензија низ историјата бидејќи значи посилна рака на масата, бидејќи ти гарантира посигурни црвени линии како земја. Денес е невозможно да се создаде во тајност како порано. Обид за тоа, плус далекудостижниот ракетен арсенал, плус нафтата, плус контролиран регион е зошто го гледаме ова денес, а Иран не успеа да изпреговара поволни услови бидејќи можеби ниту постоеа. Тоа што имало планиран напад за време на преговорите не кажува ништо, никој не чека една разврска за да планира друга, нормално е да се има сценарио Б, Ц, Д. Но, не негирам да било отсекогаш план А, ете. Иран иако многу доследен во тоа што рече дека ќе се случи ако ги стават во тесно, сепак е само обид да нанесе притисок со агресивните контранапади кои треба да ги претиснат другите страни дома, дали поради трошок, поради избори, поради инфлација, поради неколку мртви американци... што може да им се врати само полошо на Иран, а исто мислам и дека не ги мразите доволно Америка поради вакви претпоставки за какво калкулирано, крволочно животно е кога станува збор за нивни интереси и нивната иднина, особено во борбата за ресурси и контрола.
Неспорно е, па дури и познато е дека „владетелите во сенка„ кројат стратегии за уредувањето на светов со децении однапред, а тоа што го споменав Епштајн енд компани токму сега, е само затоа што со неверојатна последователност „се наредија коцките„ меѓу објавувањето на записите и почетокот на уште една американска војна.
Или најпросто кажано, Трампчо е уценет и присилен да отпочне војна, оти „случајно„ се нашол на клиентелистичката листа од шпионот Епштајн.
Неговото однесување после доаѓањето на власт и неговото тековно однесување се шизматични.


