Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 30.126
- Поени од реакции
- 40.475
Ладно, но фер е што отворено го кажуваш тоа. Но во тој случај зошто имаш потреба да ги „оправдуваш“ израелските „права“ на Палестина како територија. Поназад чинам целиот муабет почна со „дедовци“ и „права“ или нешто во тој контекст... Зошто веднаш не го кажа ова, дека зборуваме за закон на појакиот. Тука не заборавај влегува и момените како правото на наци Германија да практикува „егзистенционален детерминизам“.Израел уште од самото формирање во 1948 година многу јасно знае дека неговиот опстанок зависи исклучиво од способноста воено и економски да ги порази Арапите, Персијците и на крај Турците. Секој израелски политичар кој се обидува да побегне од оваа реалност само ја убива шансата на државата да преживее во тоа опкружување. Тоа е егзистенционален детерминизам.
Делот каде што јас и ти се разидуваме, е тоа што ти веруваш во глупоста наречена меѓународно право. Јас верувам во правото на секој живо суштество да направи се што е потребно за да преживее. И моите коментари не се морален суд, за ниту една од страните, туку чист политички прагматизам. И само ја коментирам ефикасноста на методите.
Во некој иден свет, не сметаш дека мора да постои некакво меѓународно право? Се разбира направено да функционира на друг начин, не како сегашниов каде една елита спроведува интереси преку тој механизам а еднаш на плава месечина (еднаш на миљон години) кога истото работи против нив - тогаш пу пу не се важи, сега важи „егзистенционален детерминизам“.
Крајно - ајде да не се залажуваме со фенси флоскули, овде зборуваш за обично силеџиство на некој што мисли дека му се може. Но знаеш што е интересното? Им се може не затоа што се „најјаки“, туку затоа што пола свет го имаат хипнотизирано со филмови, поп култура, и социјални мрежи... Еве ти земи се самиот на мала анализа: Каква потреба или корист имаш ти да застапуваш еврејски интереси во дискусијава? Каков бенефит има или може да има Македонија од тоа? Или ете, ти самиот?
Пошто Израел е во кревет со нашите непријатели (и очекувано со повеќе нив, не само со еден).
)


