ИРАНСКИ РУЛЕТ
Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит.
Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.
Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.
Имајки во предвид дека официјалната политика на Иран подразбира бришење на цели држави од картата на светот, имајки во предвид дека Иран има сериозна намера да биде глобална нуклеарна сила која ќе ги штити „исламските вредности и интереси“ во светот, воопшто не би требало да зачуди доколку за многу кратко време светот влезе во религиозна студена војна.
Тоа е тоа.
Попусливата политика спрема Иран која ја водеа Бил Клинтон и Џорџ Буш, а особено Барак Обама, на крајот доведе до ситуација да нови фанатици доаѓаат до најубиственото оружје. Понатаму следниот чекор се знае… со таквите мора дипломатски да се преговара, бидејки во спротивно, нивните луди идеи би лансирале проектил во одбрана на „Светите Идеали“. Само колку за подсетување, Иран воопшто не е земја каде противниците на официјалната политика би можеле да превземат сериозни противмерки. Во Иран е невозможно било какво спротивставување спрема основните вредности врз кои е втемелен општествениот поредок. Воопшто, невозможна е било каква дебата по таквото прашање.
Во земјите членки на НАТО, постојат многубројни тела, избрани на непосредни демократски избори, кои честопати делат спротивставени мислења околу военото ангажирање на одредена земја. Во крајна линија, властите се потиснати под силниот притисок на јавноста, или пак ги променуваат своите одлуки доколку мнозинството од граѓаните со нив не се согласува. На крајот се случува и да се изгуби власта поради судир со спротивставеното мислење на граѓаните.
Во Иран ваквите настани се апсолутно невозможни. И покрај примо-предавањето на власта преку демократски избори, главен збор во иранското општество имаат т.н „чувари на исламската револуција“ кои имаат право да ја поништат секоја одлука на мнозинството граѓани, доколку истата не е во согласност со шеријатското право. Забранети се дури и самите секуларни политички партии и движења, додека НВО сектор финансиран од странски фондации практично не постои. Со неколку збора, активирањето на иранските балистички проектили би било во зависност од расположението на неколку религиозни фанатици. Јавното мислење во Иран (доколку некој воопшто го слуша) е комплетно исклучено од одлучувањата во врска со иранските вооружени сили. Впрочем, каков може да биде односот на еден „Верски Лидер“ кон обичниот човечки живот?
„Верските Лидери“ не се тие кои стравуваат дека обичните луѓе би можеле да ги развластат на демократски начин. Тоа се лидери кои евентуалниот противнапад би го прогласиле за „Божја Воља“ а милионите изгубени животи за „божји маченици“ или нешто слично. Одприлика такво е размислувањето на болните умови, кои незнаат за ништо друго надвор од светите книги.
Таквите, за многу кратко време ќе го поседуваат најмоќното оружје на светот. Дипломатските преговори со нив (ако таквата перверзија воопшто може да се нарече преговори) веројатно би биле во правец на воведување на шеријатското право во западните земји. Најнапред онаму каде се муслиманите поборојни од одреден процент, или пак се во мнозинство.
Инаку за некој ден се слави 31 година од т.н „Исламска Револуција“ и по тој повод најверојатно ќе биде лансиран САФИР 2.
Ете во кој правец води Меѓународното Право, и политичката коректност спрема религиозните фанатици.
http://capitalism.blog.mk/2010/02/08/iranski-rulet/