iPhone 3GS има мана - се вжештува

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Многу корисници на новиот iPhone 3GS се жалат на прегревање на новиот и на прв поглед совршен smartphone на компанијата Apple.
iphone_3g_s_.jpg
Иако е двапати побрз од претходникот, има унапредени опции, подобра камера и можност за снимање видео записи, новиот iPhone изгледа има голема мана.

Голем број корисници на iPhone 3GS пратиле жалби до компанијата бидејќи телефонот им се прегрева, а некои од нив дури и тврдат оти телефонот не можат ниту да го допрат ниту да го носат в џеб, а не да го допрат до уво за да направат телефонски разговор.

Прегревањето на уредот најчесто се случува при користење на неговите навигациски механизми, GPS технологијата која овозможува лоцирање и дава упатства за местото на кое се наоѓа корисникот .
iPhone23.jpg
Исто така, iPhone 3GS нерамномерно се загрева и при играње игри, а неговата батерија се троши многу побргу отколку кај претходникот, иако беше најавено дека новата батерија ќе биде поиздржлива, пишуваат разочараните сопственици на iPhone 3GS на корисничкиот форум на Apple.

Некои експерти веруваат дека за прегревањето на уредот се виновни токму лошите батерии, и оти проблемот може да се реши со подобрување на истите. Компанијата за сега не сака да ги коментира наводите на корисниците.

Извор: www.idividi.com.mk

Епа Apple изгледа конечно се заеба...:uvo:
 
знаев дека ќе има некоја мана...
 
Море ќе го дувам ако треба само да го имам :D
Ќе средат ;)
 
toa ti e glup nekvaliteten ajfon ajkrs
 
Можеби Apple сега ќе одлучи и да ги повлече од пазарот сите продадени телефони досега за да им смени батериите и да им стави нови - поквалитетни...Инаку и на youtube мислам дека гледам или прочитав дека новиот ајфон навистина имал проблем со загревањето...Нека ми ја мислат тие од јаболчето...Ова на Нокиа и другите поголеми производители им доаѓа како десерт после ручек...:smir::pos2:
 
Aбе тоа се балон телефони со милјон маани и недостатоци.
Да лупнеш толку пари за телефон кој е оставен со 2МП камера а за да биде идиотизмот поголем нема предна камера за 3G а цената е дупло поголема од ајфон 2G. Пази телефонов е од 2009та година а нокиа од 2003-4 има телефон со предна камера. Сега гарант ке има револуција во ајфон а тоа ке биде нешто неверојатно (ке стават и предна камера) ама нема да има интерфон:vozbud:
 
Aбе тоа се балон телефони со милјон маани и недостатоци.
Да лупнеш толку пари за телефон кој е оставен со 2МП камера а за да биде идиотизмот поголем нема предна камера за 3G а цената е дупло поголема од ајфон 2G. Пази телефонов е од 2009та година а нокиа од 2003-4 има телефон со предна камера. Сега гарант ке има револуција во ајфон а тоа ке биде нешто неверојатно (ке стават и предна камера) ама нема да има интерфон:vozbud:
Па не е само камерата.. -.- ако ти е за камера - земи си апарат ;)
 
Абе и за 3г викаа се кршел во џеб, ама ништо од то.
Секој телефон со процесор и јака графика загрева мисалам дека тоа е нормално, ако има од тука некој со го имат во раце па да кажит свое искуство ОК а вака по интернетов што се не ќе прочиташ :smir:
 
iPhone-ите многу нагло и неочекувано го преземаа пазарот....и тоа од нигде никаде им го земаа пазарот на Nokia и останатите гиганти во мобилната технологија!

Така да...како што Ербасот го презема авио пазарот,и сега секој ден паѓа по еден...така да не се чудете ако слушнете приказни од типот "човек добил 3-ти степен изгореници допирајќи го својот iPhone на лицето"....бидејќи има луѓе што на се се спремни само за да го контролираат пазарот не земајќи во предвид која би била цената поради тоа!

п.с значи да појаснам....не дека ова со загревањево на iphone-ов е смислен заговор...туку дека со продадени милиони iphone телефони,не е можно на последниот производ да направат таква нубска грешка!
 
103749_iphone-3gs-400.jpg


Еве ти последица ... имаше повеќе слики неможам да ги најдам
 
Можно е да се глупости, но колку што знам багот бил до софтверот.
Премногу го оптеретувал телефонот и од таму прегревањето.
 
Samsung Omnia се покажа како најдобар од таа класа, пред Нокиа Н96, Сони Ериксон Икспериа и некои други што ги нема на нашиот пазар како што се MDA и BlackBarry
 
Имаше некаде прочитав дека на форумот на Apple имало многумина корисници на новиот ајфон кој се жалеле на прегревање на телефонот и дека неможеле дури ни во рака да го држат а не пак да го ставам на уво и да прават муабет на него...Најдов и страна за помош како да не ти загрева...:):) Клик

А еве од епл форумот....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom