Туѓо гајле за своја држава, свои деца, буџет и институции.
Зошто кога веќе нема што да напишеш или напишете во одбрана на информациите, ги депласирате истите и се обидувате да ги релативизирате? Дали ти се случило да останеш без антибиотици затоа што крај на месец нема или матичниот е ограничен со рецепти, а се знае зошто? Дали твоето дете оди на школо во ладни училници, со покрив од азбест, без книги половина година и без слободна 3-4 месеци..пешки? Дали ти одзеле социјална помош на име на непосточеки изговори (социјалната помош во Македонија е намалена за 40%, но не заради подобрување на стандардот затоа што линијата на сиромаштиија останува на исто ниво)....дали не ги чувствуваш дупките на улиците кога ќе мора да одвоиш од буџетот за нови амортизери и гуми кои во однос на просечи примања и не се така ефтини? Мислам дека ако тебе ти свирка за состојбиве, ако не го гледаш тоа, други го гледаат. Ако сево ова не го гледате, тогаш сериозно, вие мижите. Од податоците за раслоеност, сиромаштија, уназадување на сите државни и јавни установи и нивни функции визави т.н. огромни инвестиции...што е тука според тебе спорно или да прашам кој е ќарот за Македонија и граѓаните?
Дали ќе ја кажеш намерата за што всушност се вклучи во дискусија по овие податоци, информации, текстови и споредби? За што сакаше да спориш во суштина?
Мислам, ако веќе пишувате, пишувајте сериозно. Не сте деца, ниту недозреани тинејџери. Вака од 2 реченици, кои немаат врска воопшто ни со темата, како да немате за што да спорите или сакате секоја тема да ја разводните.