Интерпол уапси 25 членови на Anonymous

  • Креатор на темата Креатор на темата Out of Order
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Во акциите на полициите на Аргентина, Чиле, Колумбија и Шпанија, уапсени се 25 лица на возраст од 17 до 40 години, соопшти меѓународната полициска организација Интерпол.
interpol-uapsi-25-chlenovi-na-anonymous-75699.jpg

„Операцијата со кодно име ‘Разобличување’ (Unmask) беше покрената кон средината на февруари по серијата синхронизирани информатички напади на колумбиското министерство за одбрана и мрежната страница на претседателството, кои биле изведувани од Аргентина, Чиле, Колумбија и Шпанија“, се наведува во соопштението на Интерпол издадено од централата на организацијата во францускиот град Лион.
Чилеанската електроиндустрија „Endesa“ и тамошната Национална библиотека, исто така, биле цел на хакерските напади. Четворица хакери се уапсени во Шпанија, десет во Аргентина, шест во Чиле и пет во Колумбија.
Во вторникот шпанските правосудни органи соопштија дека четирите лица кои се во притвор во Шпанија се обвинети за објавување лични податоци на телохранителите на шпанскиот премиер и на припадниците на националната полиција. Покрај тоа, тие се осомничени и за кибернетички напади врз офцијалните интернет страници на владите, блокирајќи ги или модифицирајќи ги.
Операцијата била спроведена од безбедносните служби на споменатите земји под координација на латиноамериканска група информатички експерти на Интерпол специјализирани за криминални дела извршени со употреба на информатичката технологија.
„Во рамките на 40-те рации во 15 градови, беа запленети околу 250 предмети, компјутерска опрема и мобилни телефони, како и банкарски картички и готовина во рамките на истрагата за финансирањето на криминалните активности извршени од осомничените хакери на возраст од 17 до 40 години“, се додава во соопштението на Интерпол.
Меѓународното хакерско движење Anoymous, НАТО го смета за организација којашто претставува закана поради кибернетичките напади и блокирање на системите на Алијансата. Anoymous, пак, тврдат за себе дека се движење кое ја штити слободата на интернет. За „Анонимусите" и не е сосема точно да се нарекуваат група, поради тоа што не постои организирана структура. Тие за себе велат дека се „раштркани" по целиот свет на хакерите, кои понекогаш се обединуваат за напади врз за нив „непријатeлските" ресурси или врз медиумите.
Припадниците на Anonymous станаа светски познати кон крајот на 2010 година, кога нејзините членови организираа серија ткн DDoS-напади врз интернет страниците на компании и организации коишто ја блокираа на разни начини работата на контроверзниот интернет ресурс WikiLeaks, кој објавуваше доверливи материјали за американските воени операции во Ирак и во Авганистан, како и тајни депеши на американската дипломатија и Стејт депратменот. Меѓу нападнатите мрежи беа оние на PayPal, Visa и MasterСard. Цели на хакерите коишто подоцна се обединија со членовите на другата меѓународна група хакери LulzSec, беа интернет страниците на големите светски компании како „Sony“, „Nintendo“, „PBS“, како и страниците на Сенатот на САД, официјалните страниците на владите на Бразил, Мексико, Италија, Франција и други ресурси.
Во февруари 2012 година хакерската група Anonymous изврши серија напади врз страниците на повеќе сојузни американски агенции: Федералната комисија за трговија (Federal Trade Commission, FTC), американската Централна разузнавачка агенција CIA, американското министерство за правда како и Федералното биро за истраги – FBI. Исто така, хакерите од ова движење блокираа и повеќе интеренет ресурси на локалните ограноци на владејачката руска партија Единствена Русија на премиерот Владимир Путин. Превземено од www.kajgana.com
 
Ова се единствените луѓе во светот,што се обидуваат да направат некаква промена.Се надевам дека ќе го возратат ударот и тоа 3 пати појако ! ;)
 
а знаете во што е финтата како ги фатиле анонимуси еве на пример:GOOGLE Chrom browser главучите на Google нудат награда 100.000долари за оние што ќе успеат да хакне Гугл Хром е сега почнува хајка од Интерпол,ФБИ, Скотланд Јард и други ширум светот чекаат кој е најспособен да хакнува на Гугл Хром и оп ете кое-кој ги собраа сите првите 25 членови на распит кое е анонимус;)
 
Незнам зошто ама некако сум убеден дека овие Анонимус се само престава за народот :/ и дека не се реални "бунтовници"
 
Сценариово се повторува од филмот, кој го има гледано филмот В за Вендета знае за што станува збор. Нели и владата го лажеше народот дека Вендета е мртов дека тие го убиле но тоа беше лага за да не се плаши народот истото е и во реалноста со овие Анонимус :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom