Интернет шопингот до 160 евра без царина

  • Креатор на темата Креатор на темата PsychoalieN
  • Време на започнување Време на започнување

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Граѓаните што купуваат преку интернет ќе може да нарачуваат од странство производи со вредност од 160 евра без да платат царина. Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина.

Извор

Мислам дека редно беше и ние малку да се израдуваме а не да се стискаме дали надминало 45 дали е до 45 евра или е под. Србија и Хрватска оддамна веќе го решија овој проблем со ослободувње на пратките од царина до 140 односно 170 евра. Останува уште министерот Ставрески во најкус можен рок и да го стави својот потпис и да стапи на сила.
 
Предлогот да се зголеми на лимитот на износот за царинење ако се усвои ќе биде одлично.

Само од кога Македонска царина и Македонски пошти во соработка со домашните компании направија каша попара со нарачките и нивното рефундирање од страна на продавачите не знам дали ќе во иднина ќе има достава до Македонија
 
Ви стигаат ли производите што ги нарачувате од ebay?
 
И што ќе купиш за 160 евра? Да ставеа 1600 евра ајде де вака џабе.
 
Супер вест. Се надевам дека во блиска иднина ушт емалку ќе се крене границата. Сакав да си нарачам таблет од странство али од тој тип кој го барам најниското е до 200 евра. Ваљда ќе го кренат лимитот пак за некое време.
 
И што ќе купиш за 160 евра? Да ставеа 1600 евра ајде де вака џабе.

Облека, обувки, компјутерски делови и еден куп други работи.

Инаку за ова имаат еден голем плус ако го спроведат (y) мада некако не ми се верува, ќе им го намалат профитот на дел од Македонскиве мали бизниси.
 
:pos: хахахаха... втора година по ред како Агенцијата за пошти, пред нова година, објавува иницијатива за зголемување на прагот за царинење. Да не е оваа вест, нема да можат да си го оправдаат своето постоење и трошењето на народни пари.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=C333599A04B2394DB3C43846F3291411

Инаку, ова е дел од интервјуто што Канал 5 го направи пред две недели со претседателот на агенцијата Љупчо Мешков, https://www.youtube.com/watch?v=2NdWQChoW0Q
 
Зоки е многу голем копиљ, лично го знам, немат да се потпишит гнасата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom