Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од пред една недела нешто падна интернетот на МТ и оттогаш па наваму не можам да се поврзам во bridge mode и ми го дава ова:

2r43m0i.jpg

Можам да се поврзам преку модемот, ако наместо bridge одберам PPPoE конекција и го напишам јузерот/пасот во модемот.

Не сакам да влегувам во модемот за да правам конект/дисконект.

Дали некој може да помогне.

Благодарам!

Прво вака види дали ти се сетирани IP адресите на мрежната картичка. Ако е таму се во ред рестартирај го модемот притисни и на копчето рестарт што се наоѓа на задната страна. И пробај повторно да се конектираш.
 
Не тропај глупости и не делете бескорисни „совети“.
Само ги водите луѓето во погрешна насока...

За PPPoE конекција не е потребно никакво сетирање на ip адреси. IP адресите и dns серверите се добиваат автоматски со конектирањето од dhcp серверот на провајдерот. Штом не можеш да се поврзеш во Bridge mode, а преку класично pppoe конектирање со впишување на User/Pass во модемот сака - тоа значи дека имаш проблем со оперативниот систем или мрежната.

И скриншотов не е корисен. При секоја грешка се добива истата порака.
Битен е бројот на грешката што се појавува на крај, на пример: 691, 678, 769 и тн...

Провери го тоа, па пиши. После ќе ти кажам евентуално решение.
 
Ај и јас едно прашање :)
Имам рутер Asus WL-600G. Во статистика има опција да ти прикаже доста детали околу ADSL конекцијата. Наместо да го опишам проблемот, ќе го сликам :)

Кога кабелот од бандера оди преку сплитер (сплитер -> на телефон, на рутер) :

Прегледај го приврзокот 3668

Кога кабелот од бандера оди директно во рутер (тогаш upload-ot навистина ми е подобар за 30-40 Kbps) :

Прегледај го приврзокот 3669

Зошто се случува ова? Некој со сличен проблем?
 
Не тропај глупости и не делете бескорисни „совети“.
Само ги водите луѓето во погрешна насока...

За PPPoE конекција не е потребно никакво сетирање на ip адреси. IP адресите и dns серверите се добиваат автоматски со конектирањето од dhcp серверот на провајдерот. Штом не можеш да се поврзеш во Bridge mode, а преку класично pppoe конектирање со впишување на User/Pass во модемот сака - тоа значи дека имаш проблем со оперативниот систем или мрежната.

И скриншотов не е корисен. При секоја грешка се добива истата порака.
Битен е бројот на грешката што се појавува на крај, на пример: 691, 678, 769 и тн...

Провери го тоа, па пиши. После ќе ти кажам евентуално решение.

Го дава ова:

6ztpg8.jpg

Мрежната ја исклучувам како проблем, пошто имам две различни мрежни секоја на по еден различен контролер Nvidia и SiliconImage и се јавува истиот проблем.

Можно е да биде до оперативниот систем како што велиш.

Некои понатамошни насоки...?
 
@Princ Викаш дека кабелот од бандера оди директно во рутерот. Тоа значи дека во рутерот имаш вграден сплитер?
 
vikris, на 2 начина е пробано, со и без сплитер. Со сплитер, едвај достигнува 210 Kbps Attainable Rate на upload а јас користам околу 150 Kbps ефективни. А без сплитер Attatinable Rate е скоро 400 Kbps, додека пак без проблем стигнувам до 200 Kbps ефективни (256 имам од кај провајдерот).

Муабетот ми е, зошто е толку полошо со сплитер? Сплитерот не ми чини или кај да го барам проблемот?
 
Разбрав, сплитерот глави во овој случај кај тебе.
 
Има две прашања:

1. Имам Кабелски Интернет дома. Сакам на компјутерот кој ми е поврзан со кабелскиот да поврзам друг компјутер. Имам две мрежни на едниот и една мрежна картица на другиот компјутер. Ги поврзав мрежно двата компјутери и сакам на “вториот“ да имам пристап до интернет преку тој со секогаш ми е уклучен на интернет. Значи преку еден компјутер да имам пристап на интернет на друг компјутер. Ова е можно само не сакам да купувам дополнителна опрема. Само со мрежни картички.

2. Едниот веќе споменат компјутер погоре кој сакам да го поврзам и веќе го поврзав со овој што сега го користам, сакам да го направам сервер за веб страница. Како да му дадам име на серверот, домен, да биде пр. www.skrstevsky.com и на веб страната која сакам да ја закачам за проба да и дадам име пр. www.ime.com.

Благодарам
 
1. Во нетворк конекции, десен клик на картицата на која ти е уклучен модемот, Properties > Advanced > Internet connection sharing > Allow other network users .... треба да го штиклираш, и да ја одбериш другата картичка подолу (на таа кај што ти е приклучен другиот компјутер)

2.Не можеш да го користиш како сервер со такво име www.ime.com, пошто иако си на кабловски, не секогаш ИП адресата ти е иста. Плус, треба да ти е купен тој домејн. А ако ти е се подесено како што треба, треба по ИП адреса да може да ти се гледа сајтот/страната. Или, креирај си акаунт на http://www.no-ip.com/, па ќе имаш име, кое без разлика на ип адресата ќе носи до твојот сервер (т.е. до твојата моментална ип адреса).

Ако сакаш од твојот сервер, да опслужуваш и други сајтови, ти треба малце посложен сетап :)
 
1. Од кабелскиот Оператор ќе гледаат дека имам врзано два компјутера ? Преку Мрежна картичка е нема модем, барем нема кај мене дома, ако по бандериве не ставиле.

2. Адресата ми е фиксна. Така е барем со овој кабелски (не)оператор, за што се жалат сите корисници. Не е важно ова. Вака сакам: На вториот компјутер сакам да покренам сервер. Тој да биде поврзан со овој што сега го користам. Само јас да можам да одам на тој сервер, сега за сега.
Само да не пишувам, IP адреса на вториот компјутер туку како адреса www.kajgana.com оти и серверот сакам да биде мој.
 
1.Друже, мора да има модем, Моторола најверојатно, или ти е преку мрежна поврзан, или преку УСБ.

2. Стај ИП адреса на твојот пр. 192.168.0.2, ама не на таа кај што ти е модемот, таа автоматски си ја добива. Значи на таа што ти е приклучена со другиот компјутер. А на другиот стави 192.168.0.3. Така секогаш ќе се наоѓаат.

Е сега на тој вториот, кога имаш веб сервер, можеш да пристапиш до него со 192.168.0.3. Ако сакаш да направиш скратено име, тогаш оди на твојот компјутер во C:\WINDOWS\system32\drivers\etc, и таму има еден фајл HOSTS, десен клик, и внеси mojserver.com (стисни tab) 192.168.0.3
Сними го, и кога ќе одиш на mojserver.com, ќе ти се отвори серверот од другиот компјутер.
 
Друже, има и таква опција, мрежен кабел ти иде директно од кабелскиот оператор, без користење на модем.
 
1.Друже, мора да има модем, Моторола најверојатно, или ти е преку мрежна поврзан, или преку УСБ.

2. Стај ИП адреса на твојот пр. 192.168.0.2, ама не на таа кај што ти е модемот, таа автоматски си ја добива. Значи на таа што ти е приклучена со другиот компјутер. А на другиот стави 192.168.0.3. Така секогаш ќе се наоѓаат.

Е сега на тој вториот, кога имаш веб сервер, можеш да пристапиш до него со 192.168.0.3. Ако сакаш да направиш скратено име, тогаш оди на твојот компјутер во C:\WINDOWS\system32\drivers\etc, и таму има еден фајл HOSTS, десен клик, и внеси mojserver.com (стисни tab) 192.168.0.3
Сними го, и кога ќе одиш на mojserver.com, ќе ти се отвори серверот од другиот компјутер.

OK, tnx.
Направив да имам пристап до локалната мрежа и да ги користам услугите кои се нудат. Ако сакам да одам на интерет морам да направас shering на конекцијата за интернет, ама ќе неможам, да ја користам локалната мрежа. И вака е добро, само дали може и двете конкекции да ги делам ?
 
Сега вака...
Кога го оклучувам Интернет ехплорел ми ја нема лентата горе каде што се пишува адресата?...Може ли некој да ми каже како да ја направам..не ми се допаѓа Мозила.
Благодарам однапред.
 
Ti se sokrila a :)
View/Toolbars/Adress Bar
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom