Имам проблем со безжичниот интернет веќе подолго време. Сигурно некои 4 месеци. Претплатник сум на T-Home. Конкретно проблемот е што постојано ми паѓа нетот, лаптопот не може да се конектира на мрежата, нон стоп покажува Limited access.Го пријавував неколку пати проблемот во Телеком. Првиот пат кога испратија сервисер го замени стариот рутер со нов (од тие белите пластичните стандард рутери), и си работеше нетот без проблеми еден месец. После пак истиот проблем, па дојде серисер по втор пат и само ја појачуваше линијата. Работеше нетот неколку саати и толку. Пак го пријавив истиот проблем, после досаѓање две недели пак испратија сервисер, и овој пат го замени рутерот но со нов модел FRITZ!Box 7360 SL (изгледаат како вселенски бродови). Вчера си работеше нетот (само еден ден) и денес повторно го имам истиот проблем. Инаку пробувам и од мобилни да се уклучам на мрежата, никако не можам.
На некој да не му се случило нешто слично, имате ли идеја што би можело да биде проблемот?