Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Имам рутер Roline дома, го купив неодамна го наместив и на него се поврзува со ЛАН кабел еден компјутер, на Wireless мрежата се поврзува уште еден десктоп компјутер и во самиот рутер влегува АДСЛ конекција.На сите компјутери имам интернет и сигналот е 97%.Но, кога го поврзувам на татко ми службениот Compaq 6910p лаптоп, ми дава "limited or no connectivity" во таскбарот.Пробав на лаптопот да му ставам winsock fix но пак не сака.Вели дека добивам невалидна IP адреса.Пробав да му наметнам IP адреса, но нема таква опција во Intel PROset Wireless апликацијата што управува со адаптерот.

Ако има некој со сличен проблем или некој што знае што треба да се направи ве молам да ми помогнете.

П.С. Не е пасс-от го проверив.Заштитата е WPA2 Mixed.
 
А покрај тоа што ти вика дека е лимитирана конекцијата.... има интернет??? Провери, може да има, зашто ми се има случувано така.

И види на тој компјутерот што ти е Wireless поврзан, која му е IP адресата, па според неа додај му адреса на лаптопот. Ако (пример) таа ти е 192.168.1.5 на лаптопов додај му ја 192.168.1.6
 
Како да ги заобиколам OpenDns? Има некоја опција преку VPN да се конектирам со домашниот компјутер (а ја да сум на др место) и преку него да можам да си сурфам на забранетите страници?
 
Нема интернет.И на мене ми текна да ги наместам, ама наместено е тоа Intel PROset се да иде преку него конектирање а таму не може да се намести, не барем колку што јас знам.

Фала што врати толку брзо се надевам не ти се истрошиле идеите :)
 
Linksys WRT54GR е моделот.
Денес ЦЕЛ ден се утепав да да си го променам името на мојата мрежа и да си ја ставам под клуч. Ама не одит работава. По некое време успева да го сменам името, ама НИКАКО да ставам пасворд за заштита. Едноставно не може да се направи SAVE. Ужас. Некој совет зошто е тоа така? Во моментов имам ново име не мрежата, ама е отворена за сите комшии-нема клуч.
 
Види која верзија на firmware ја има на него, според страницата на Linksys последната нивна за тој рутер е 1.0.1 од 12.11.2005 што е многу оддамна, како без поддршка да е.

http://www.linksysbycisco.com/US/en/support/WRT54GR/download

Ако имаш случајно постара верзија, што не ми се верува направи upgrade на оваа верзија.

Исто така за секој случај направи hard reset на рутерот, тоа се прави на следниот начин:

1. Исклучи го од струја.
2. Притисни го отпозади на копчето за ресетирање со некое пенкалце или слично.
3. Додека го држиш копчето истовремено уклучи го адаптерот во рутерот.
4. Држи така 30-тина секунди и отпушти.

Ќе му треба едно 1-2 да се покрене и откако ќе се покрене, исклучи го само адаптерот 5 секунди и пак уклучи го, пак ќе му треба време да се покрене.

Види после дали ќе сака да работи како што треба. Исто така една забелешка, некогаш при снимање на подесувањата знае да прави проблем веб пребарувачот, Mozilla и слично. Затоа исчисти cookies и temporary files и пробај со Internet Explorer, ако веќе тоа не си го направил.
 
Како да ги заобиколам OpenDns? Има некоја опција преку VPN да се конектирам со домашниот компјутер (а ја да сум на др место) и преку него да можам да си сурфам на забранетите страници?

До сега не сум го користел, али моментално што разгледав може да се заобиколи со промена на DNS серверите со некои други. Доколку имаш привилегии да правиш такви измени на локалниот компјутер ќе завршиш работа.

Секој администратор не би дозволил да имаш привилегии за подесување на адресите, ама па од друга страна доколку ова OpenDNS е подеседно без некоја друга in the middle опција, како на пример локален DNS (претпоставка domain околина) + ова, тогаш не би ме изненадило и администраторот да не си ја завршил работата како што треба така да ќе можеш да подесуваш.

Ќе може и со VPN, тоа што го кажа.
 
Благодарам многу за помошта. Мојата верзија е 1.1 Инаку сега ќе почнам со ресетирањето.

СЕ напраив како што ми пиша, ама НИШТО. Ме излуде рутеров. Сега не сака пак да ја промени името на мрежата па си е под своето име Linksys, ниту пак прима пасворд. А мрежа ГРОМ, ама е отворена. ЧАРЕ?
 
Чаре, друг firmware, барем тоа функционира кај другите. Бидејќи за овој модел нема друг пробај флешувај го уште еднаш со последната верзија и види како ќе биде, ако не бива и со тоа врати го доколку имаш гаранција.

Кажи проба со IE да го подесуваш?
 
Повеќе компјутери користат ист wireless router. Дали е возможно да се ограничи интернет трансферот за секој посебно и како?
Фала
 
Го сетирав чудово преку друг компјутер и сега работи, т.е. барем се смени името и може да се стави нов пасворд.
Благодарам за сета помош.
Инаку, гледам дека има некоја Linksys мрежа која је е заклучена (100 % е од мојот рутер) на која можам да се закачам. Ја има и мојата нова мрежа. Можно е на еден рутер да има 2 (или повеќе) мрежи?????
А пак ми се чини дека ми сецка сигналот. Ама ќе си остане како што е.
Туку сега имам друг ПРОБЛЕМ, дескотопот (G4 макинтош) нема вирелесе. Му ставив УСБ D-link стикче за да има. Арно ама, чудово ќе се закачи на мрежа и за 10 сек. ќе прекине. И ај пак одново PSK, закачи се и ....
На ова чаре?????
 
Неможе, само една.

Не сум запознаен со софтверот за Apple така да неможам да ти помогнам, единствено нешто што може да ти помогнам е да провериш дали сигурно се закачуваш на твојот рутер, а не на некој друг во близина.
 
Проверено, мојата мрежа си е моја. Она од вчера изгледа било нечиј друг рутер во близина. Благодарам за помошта. Ај ако можеш да ми кажеш која е причината поради која ми паѓа сигналот на мрежата од време не време.
 
Зошто никој не одговара?
Многу слаба посетеност во последно време форумов, Кајгана преземете нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom