Интернационален гитарфест со Влатко Стефановски во МКЦ - 7-9.10.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.610
Поени од реакции
8.782
Веб-сајт
www.flickr.com
МКЦ НАЈАВУВА НОВИ СОДРЖИНИ
Интернационален гитарфест со Влатко Стефановски

Во Младинскиот културен центар од 7 до 9 октомври ќе се одржи првиот интернационален Гитар арт фест. Во рамките на овој настан свој концерт ќе има нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски, а се најавува учество и на еминентните гитаристи Војислав Ивановиќ, Александра Лазаревиќ и Сабрина Влашкалиќ. Отворањето на фестивалот ќе се случи на 7 октомври (21 часот) во киното Фросина со концертот на Леванте дуото, Александра Лазаревиќ и Војислав Ивановиќ (Србија). На 8 октомври, исто така, во 21 часот во кино Фросина ќе настапи Сабрина Влашкалиќ, една од најдобрите гитаристки на денешнината, која студира во Холандија, а свири и македонски фолклор. Во 22.30 ќе се одржи вечер во МКЦ насловена како "Гитаристите -на свој начин". Како што посочува директорот на МКЦ, Златко Стевковски за првпат по 30 години во овој објект ќе свири нашата гитарска легенда Влатко Стефановски, кој ќе има целовечерен концерт на 9 октомври (21 часот). Цената на билетите е 150 денари, додека за настапот на Влатко Стефановски билетот ќе чини 300 денари.

На 11 октомври во МКЦ (20 часот) ќе се одржи премиера на театарската претстава "Госпоѓица Јулија" во режија на Дејан Дамјановски. Претставата е во рамките на репертоарот на Градското кино, а истата претстава е и на 12 октомври. На 13 октомври, пак, почнува недела на германскиот филм, којашто годинава се одржува по 6. пат во соработка со Гете институтот и Германската амбасада. Веднаш по неделата на германскиот филм, започнува и неделата на францускиот филм, и тоа на 20 октомври.

"Во меѓувреме ќе имаме и бројни ликовни изложби и промоции на нови книги, а за време на одржување на филмскиот фестивал Синедејс планирани се проекции на отворено, кога ќе делиме топол чај и костени за посетителите", вели директорот Стевковски.
(Д.Т.)

Извор: Вечер
 
Тончи , има некаде распоред за ова ?
 
Ах...не ме ќефат овие.Одлични класичари се али баш тој стил ми е...eek :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom