Me2
интериста
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 5.205
- Поени од реакции
- 2.199


Кратка историја за Интер :
ФК Интернационале Милано или почесто именуван како Интер, е италијански фудбалски клуб од Милано. Формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како АЦ Милан. Група Италијани и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пиетро Дел’Оро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Виф и Карло Андруси) кои биле незадоволни од доминацијата на Италијаните во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до креација на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеници.
Фудбалерите кои освојувале највисоки признанија додека играле за Интер се бразилецот Роналдо и германецот Лотар Матеус. Роналдо на два пати е прогласуван за играч на годината од ФИФА а еднаш ја освоил „Златната топка“, додека Матеус по еднаш ги освоил овие две награди.
Серија А:
Освојувач (18): 1909–10; 1919–20; 1929–30; 1937–38; 1939–40; 1952–53; 1953–54; 1962–63; 1964–65; 1965–66; 1970–71; 1979–80; 1988–89; 2005–06; 2006–07; 2007–08; 2008–09, 2009–10
Второ место (13): 1932–33; 1933–34; 1934–35; 1940–41; 1948–49; 1950–51; 1961–62; 1963–64; 1966–67; 1969–70; 1992–93; 1997–98; 2002–03
Копа Италија:
Освојувач (6): 1938–39; 1977–78; 1981–82; 2004–05; 2005–06; 2009–10
Второ место (6): 1958–59; 1964–65; 1976–77; 1999–00; 2006–07; 2007–08
Суперкопа Италијана:
Освојувач (4): 1989; 2005; 2006; 2008
Второ место (3): 2000; 2007; 2009
Куп на Шампиони/Лига на Шампиони:
Освојувач (3): 1963–64; 1964–65, 2009-10
Второ место (2): 1966–67; 1971–72
УЕФА Куп/Лига Европа:
Освојувач (3): 1990–91; 1993–94; 1997–98
Второ место (1): 1996–97
Митропа Куп:
Второ место (1): 1932-33
Интерконтинентален Куп/Светско Клупско Првенство:
Освојувач (2): 1964, 1965
Во поголемиот дел од неговата 100 годишна историја, Интер носел дресови со црно-сини линии. Кога бил основан клубот во 1908, црната боја била одбрана да ја претставува ноќта, а сината да го претставува небото.
По спојувањето со Унионе Спортива Миланезе, Интер го променил името во Амброзиана СС Милано, а дресовите во бели со црвен крст, кој го претставувал знамето на градот.
После втората светска војна, клубот го вратил името и старите бои, што водело до прекарот „Нероазури“. Белиот дрес со знамето на Милано се користи одвреме - навреме како резервен (гостински) дрес.
Еден од прекарите на Интер е "I Biscione" што значи „големата тревна змија“. Одбран е затоа што во хералдиката на Милано змијата има големо значење. Се наоѓа на грбот на „Куќата на Сфорца“ која владеела со Италија од Милано, во текот на периодот на Ренесансата, на градскиот грб на Милано, грбот на „Војводството на Милано“ - 400 годишна држава настаната по Римската Империја и грбот на Инсурбија - географски регион во кој спаѓа Милано.
Уште еден прекар на клубот е „Ла Бенеамата“, или „Галеници“.
Кратка историја за Рома :
ФК Рома е формиран летото 1927година од Итало Фосчи , кој бил главниот иницијатор за спојување на трите постари клуба од италијанската фудбалска лига : ФК Роман, СС Алба-Аудаче и Фортитудо-Про Рома. Предлогот за спојување беше да се даде силен клуб на Вечниот град кој ке може да парира на векепостоечките доминантни клубови во Северна Италија. Лацио беше единствениот поголем клуб од Рим кој не се приклучи поради интервенирањето на генералот на фашистичката полиција, Вакарио, член на клубот и главен на Фудбалската федерација на Италија во тоа време. Клубот своите први сезони ги играше на стадионот Мотовелодромо Апио , пред да ги заседната улиците на работничките класи во Тестачо, каде беше изграден стадионот Тестачо,и истиот беше отворен во ноември 1929година. За време на шампионатот во 1930-31година, Рома направи големи достигнувања, заземајќи ја втората позиција во лигата, позади Јувентус. Капитенот Атилио Ферарис заедно со Гидо Масети, Фулвио Бернарди и Родолфо Волк беа најважните играчи во текот на овој период.
Серија А:
Победници (3): 1941–42; 1982–83; 2000–01
Куп на Италија:
Победници (9): 1963–64; 1968–69; 1979–80; 1980–81; 1983–84; 1985–86; 1990–91; 2006–07; 2007–08
Италијански Супер Куп:
Победници(2): 2001; 2007
Куп Берлускони
Победници (1): 1928
Серија Б:
Победници (1): 1951–52
Куп на саемските градови
Победници (1): 1960–61
Англо-италијански Куп
Победници (1): 1971–72
Боите на Рома, темно црвена и златножолта, се традиционалните бои на вечниот град Рим, официалниот печат на Општината Рим се карактеризира со истите бои[23]. Златната боја го симболизира Бог во католицизмот, додека пак темно-црвената боја го претставува царското достоинство. Како по обичај, белиот шорц и црните чорапи ги комбинираат со темноцрвени дресови, мегутоа , особено во битните натпревари, шорцот и чорапите се во иста боја со домашниот дрес. Самиот комплет беше носен од оригиналниот римски фудбалски клуб, кој беше еден од трите клуба кои се споија во 1927 година за да ја формират денешната Рома. Поради боите што ги носат на себе, играчите на Рома се наречени Giallorossi , што значи жолто-црвени. Далеку од тоа дека белите комплети се традиционални, но тие се едната третина од комплетите што ги менуваат играчите од време на време. Можеби поради модерниот спортси маркетинг златниот трим и некои детали, во текот на годините се заменети со светло портокалово. Во модерните колекции како алтернативи се вклучени сите портокалови и портокалово-канелени верзии . Популарниот прекар на клубот им е волци, животно кое што секогаш се наогало на амблемот на клубот, но со различни форми во текот на историјата. Моментално амблемот е оној којшто беше употребен првпат кога Рома била создадена. На него е претставена волчицата со двајцата брака близнаци, Ромул и Рем, со кој се илустрира митот за тоа како настанал Рим, ставени на бипатриден златножолт заокружен со црвеноканелен штит.