- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.347
- Поени од реакции
- 15.630

Дербито на Италија од секогаш имал посебен сјај, но се чини дека по калчополи скандалот и испраќањето на Јувентус во Сериа Б, најголемото италијанско дерби доби посебен одмазднички шмек. Иако по враќањето од втората италијанска лига Јувентус не успеа да направи ништо посериозно, називот „Дерби на Италија“ за овој натпревар сепак продолжи да циркулира.
Тимот од Торино беше испратен во Сериа Б во 2006 година поради местење на натпревари, а калчо титулата од сезоната 2005/06 премина во витрините на Интер. Сега, Јувентус е оној тим кој бара „вадење“ на титулата од витрините на Интер, а како доказ, верувале или не поседуваат нова лента, која се чини повторно ќе ги насмее лицата во судот, нешто слично на оние снимки на Моџи од пролетта.
„Јувентус не треба да бара да им се врати титулата, треба да бидат загрижени бидејќи треба да вратат уште многу титули назад.“ - изјави Ернесто Паолиљо, генералниот менаџер на Интер. Но да преминеме на она што следи во недела...
Тензијата е се поголема бидејќи ова е натпревар од голема важност за двата тима. Интер го дели првото место со Лацио иако претходното коло несреќно загуби од Рома, а дополнителни проблеми на Бенитез му создаваат и повредите на играчите од првиот тим. Јувентус се пласирани на средината на табелата, а победата над Каљари од 4-2 беше само втора за бело-црните од Торино.
Како напомена, Јувентус не може да се пофали со добар учинок на почетокот од оваа сезона, бидејќи заедно со Удинезе се наоѓаат на првото место по бројот на примени гола. За само пет кола, тимот на Дел Нери прими 9 гола, што е доказ за ранливата одбрана на Јувентус, но ако се додадат и натпреварите од Лигата на Европа, 13-те гола на 7 натпревари се премногу. Очигледно е дека Дел Нери ќе треба да поработи на наоѓање на вистинскиот баланс помеѓу нападот и одбраната, особено против ваков противник како Интер, кој досега испрати два тима со по четири гола од Меаца.
Како што напоменавме погоре, Рафаел Бенитез мака мачи со повредените играчи, а во последно време и со проблеми внатре во тимот, за кои се чини дека по победата над Вердер со 4-0, истите се решени. Она што дополнително го „мачи“ Бенитез е повредата на Лусио, за кој најверојатно натпреварот со Јувентус ќе значи добро место во VIP ложата на Меаца.
Но настрана за маките на Бенитез, Шпанецот има причина да биде задоволен барем од играта на Ето во нападот, кој против Вердер покажа на која позиција треба да игра. Со оглед на повредите, се очекува Ето и таму да остане, а Киву да ја заземе позицијата на Лусио во средината на одбраната. Тоа ќе значи шанса за младиот Сантон повторно да се врати во стартниот состав на Интер, откако подолго време ја влечеше повредата.
„Болницата“ во Интер е сеуште аралмантна. Тиаго Мота сеуште не е фит, а можно враќање е најавено за Хавиер Занети, Диего Милито и Валтер Самуел. Пандев се опорави од повредата на коленото, а најверојатно се е во ред со Цезар кој беше заменент на полувремето со Вердер. Доколку Милито не се опорави на време, ништо чудно повторно да го видиме Кутињо или Биабијани на левата странична позиција, на која досега играше Ето.
Но и Јувентус имаат неколку проблеми со повредени играчи. Амаури е сеуште неизвесен, додека Буфон и Траоре се веќе долго време повредени. Алесандро Дел Пиеро би можел да седне на клупата, откако според многумина Јакинта е подобра опција за него во нападот, како партнер ка Кваљарела. Иако Аквилани го имаше своето деби претходната недела, сепак Дел Нери најверојатно ќе започне со Мело и Маркизио. Де Чеље е назад во тимот, а Интер особено ќе мора да внимава на Милош Красиќ кој постигна хет-трик на претходниот натпревар со Каљари.
(превземено од fcinter.com.mk, од Андреј)
Па нека победи подобриот
