Интелегенцијата и фудбалерите

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Темава би можела да биде интересна, ама не е поставена како што требит... Сепак ќе оставам да видам како ќе се одвива дискусијата, па ќе одлучиме што ќе правиме со неа потоа...

Он топик: Младинските школи во поново време се трудат да им пружат образование на фудбалерите, за во случај ако не успеат како фудбалери, да не се „голи”... Значи фудбалерите се поначитани отколку шо мислиме...
 
Како што кажавте повеќето не се толку интелигентни бидејќи времето кое требало да му го посветат на учење го потрошиле на тренинзи, натпревари итн.. сепак неможеме да ги ставиме сите во еден кош особено не ПЛЕЈМЕЈКЕРИТЕ и другите играчи од средниот ред кои ја градат играта на својата епика во секој момент знаат каде се своите соиграчи и го знаат моментот да се додаде топката или да се даде конечниот пас, тоа најчесто го гледаме од бразилските генијалци, а мене највеќе ми имаше оставено впечаток Зидан ама се расипа со прочуениот инцидент.
 
jove_bt напиша:
Како што кажавте повеќето не се толку интелигентни бидејќи времето кое требало да му го посветат на учење го потрошиле на тренинзи, натпревари итн.. сепак неможеме да ги ставиме сите во еден кош особено не ПЛЕЈМЕЈКЕРИТЕ и другите играчи од средниот ред кои ја градат играта на својата епика во секој момент знаат каде се своите соиграчи и го знаат моментот да се додаде топката или да се даде конечниот пас, тоа најчесто го гледаме од бразилските генијалци, а мене највеќе ми имаше оставено впечаток Зидан ама се расипа со прочуениот инцидент.

ова за бразилциве...:pos: тие се раѓаат со топка па цел живот се со топка, и од толку бразилци некој ке се погоди супер талентиран
 
Прво да разграничиме неколку работи: Интелегенција и ниво на образование.

Образование


Фудбалерите најчесто се личности кои својата кариера започнуваат да ја градат на некои 10 години, за кога ќе стигнат 16-17 да направат трансфер во некој добар тим. Оние Јужноамериканците во Европа, оние од послабо фудбалски развиените земји во земја како: Италија, Англија, Германија, Шпанија, Франција, Холандија....

Што е случува. 99% од нив решаваат да го прекинат образованието, па дури и средното, кое подоцна го земаат. Ретко најдуваме фудбалер кој има факултетско образование. Зошто? Ако факултетот бара 90% посветеност, високо професионалниот фудбал бара 100% посветеност!

Ова се факти кои стојат: високо образование ретко оди заедно со професионалниот фудбал... секоја чест на исклучоците


Интелегенција


Често слушаме, читаме за некој дека е многу интелегентен на теренот... тука би ги ставиле некои добри дриблери, играчи кои знаат да ја „скријат” топката, во вистински момент да направат важно додавање...
Но уште почесто слушаме и за некој кој е вреден работник, играч кој има сила, енергија, многу тренира... претрчува многу повеќе од другите на теренот...
Кој играч ќе е поуспешен? Дали навистина интелегенцијата е најважниот предуслов за успех? НЕ! Фудбалот е интересен... колку што е потребен талент, десет пати повеќе е потребна работа.
На крајот на краиштата, еден вешт фудбалер (не мора да е со натпросечна IQ) може со тренинг да прави добар дриблинг, еден брз фудбалер, може да им избега на 5 души со поголема интелегенција од неговата, еден играч со силен и прецизен шут да дава двојно повеќе голови од некој кој (со помош на неговата интелегенција) знае точно кога и како да се ослободи од одбраната....

Мене ми е друг феномен интересен...

Начинот на кој жените го сфаќаат фудбалот.

Кога ние мажите гледаме фудбал - ја гледаме убавината на играта, гледаме потези, гледаме голови, се нервираме на секоја одлука на судијата, секоја погрешно проценета топка на голманот, секоја офсајд ситуација, секој погрешен потег на тренерот, секоја грешка на одбраната и секоја промаршена стопостотна шанса на напаѓачите...

Жените кога гледаат размислуваат дали фудбалерот им е сладок, која му е жена, дали го сака или го зела од користољубие, колку деца има,
дали е паметен, колку треба да размисли дали да ја додаде топката лево или десно....
 
еве ви пример другарче мое тренира во Пелистер сеа потпиша за прв тим. До лани беше еден од најдобрите во класот супер дете интелигентен се, оваа година се покажа добро во младинските категории и го зедоја во прв тим, тренира со прв тим поретко одуствува од настава ама сепак оцените му се напола, иди уморе од тренинг на училиште.значи и да си интелигентен фудбалот ќе те упропасти неможеш да ги имаш и двете работи. Значи има вистински генијалци ама не успеваат да се докажат бидејќи фудбалот е нивната прва љубов а после иди учењето....
ова е кај нас а знам дека во странство е поинаку фудбалските школи прво гледаат на образование да го стекнат фудбалерите а после на нивните настапи
 
Димитар напиша:
Мене ми е друг феномен интересен...

Начинот на кој жените го сфаќаат фудбалот.

Кога ние мажите гледаме фудбал - ја гледаме убавината на играта, гледаме потези, гледаме голови, се нервираме на секоја одлука на судијата, секоја погрешно проценета топка на голманот, секоја офсајд ситуација, секој погрешен потег на тренерот, секоја грешка на одбраната и секоја промаршена стопостотна шанса на напаѓачите...

Жените кога гледаат размислуваат дали фудбалерот им е сладок, која му е жена, дали го сака или го зела од користољубие, колку деца има, дали е паметен, колку треба да размисли дали да ја додаде топката лево или десно....
Не се согласувам со оваа констатација (последниот дел за жените). Се повеќе има жени кои што го гледаат фудбалот како спорт, да се интересираат, редовно да ги следат натпреварите и сл. Е сега нормално дека има и жени кои што гледаат повеќе на трачарски работи (кој која ја зел, дали е убав или не), ама сепак сметам дека во голем број и навистина се интересираат за фудбалот.

И што се однесува на темата:

Мислам дека е глупаво да се прави некоја генерализација. Како што има паметни и глупи луѓе (иако и ова не е баш убава споредба, али ај демек ко за пример), така има и интелигентни и неинтелигентни фудбалери, не ја гледам тука разликата, ама сепак мислам за да играш фудбал и да бидеш добар во тоа, треба да имаш развиено колку толку некоја логика. Треба да знаеш на кого да подадеш, не можеш туку така да ја шутнеш топката, сепак треба и да размислиш...
 
Crazy in Love напиша:
не се согласувам со оваа констатација(последниот дел за жените)..се повеќе има жени кои што го гледаат фудбалот како спорт,да сеинтересираат.редовно да ги следат натпреварите исл...е сега нормално дека има и жени кои што гледаат повеќе на трачарски работи(кој која ја зел,дали е убав или не),ама сепак сметам дека во голем број и навистина се интересираат за фудбалот

Ишто се однесува на темата

Мислам дека е глупаво да се прави некоја генерализација...Како што има паметни и глупи луѓе(иако и ова не е баш убава споредба,али ај демек ко за пример)...така има и интелегентни и неинтелегентни фудбалери,не ја гледам тука разликата...ама сепак мислам за да играш фудбал и да бидеш добар во тоа треба да имаш развиено колку толку некоја логика...треба да знаеш на кого да подадеш,не можеш тук така да ја шутнеш топката..сепак треба и да размислиш...

За првиот дел... зборував во глобала, процентуално, најчесто е така .. зборував за повеќето од девојките кои јас ги познавам, иако како и во се и тука има исклучоци....

а сега да се вратам на темата....

Веднаш се гледа разликата во машките и женските размислувања во болдираното. Веднаш се гледа разликата во тоа кој има а кој нема играно фудбал - барем така рекреативно.
За да додадеш топка не треба да имаш натпросечна ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА. Почнете да тренирате фудбал секој ден по 3-4 сати минимум и ќе видите дека интелегенцијата не е приоритет. 99% е тренинг. Сега, не викам дека тоа би било исто за некој со IQ 50... тоа е многу под сите просеци, но сепак една просечна интелегенција (пр:90-100) е доволна.
Во никој случај интелегенцијата не е пресудна за тоа дали и каде ќе ја додадеш топката....
 
na teren da,se snajduvaat-sto znaci deka vo toa pole...imeno nivniot cel umstven potencijal e nasocen na teren.
no,dokolku ne se agentite ke bidat ko "izgubeni germanci":baeh:!
pa taka e toa sekoj koristi koj za sto e nadaren : fudbalerite za trcanje,a agentite za rabotite za koi treba malce da ti "delka" umot!
 
Димитар напиша:
Интелегенција[/COLOR][/B]

Начинот на кој жените го сфаќаат фудбалот....
Жените кога гледаат размислуваат дали фудбалерот им е сладок, која му е жена, дали го сака или го зела од користољубие, колку деца има, [/COLOR][/COLOR]дали е паметен, колку треба да размисли дали да ја додаде топката лево или десно....
Нема врска , и ние ја пратиме играта, ги сакаме техничарите , борците ко малдини и неста како кинески зидови , знајме да процениме квалитет и да уживаме во фудбалот.
А за слатки па мајкуму женски сме , играт 22 мажи нормално е да кометираш изглед , ама не е изгледот најбитен.
Демек вие ко ќе гледате 22 жени , не фрлате по некој коментар , ма дај !
 
ragazza напиша:
Нема врска , и ние ја пратиме играта, ги сакаме техничарите , борците ко малдини и неста како кинески зидови , знајме да процениме квалитет и да уживаме во фудбалот.
А за слатки па мајкуму женски сме , играт 22 мажи нормално е да кометираш изглед , ама не е изгледот најбитен.
Демек вие ко ќе гледате 22 жени , не фрлате по некој коментар , ма дај !

:pos::pos::pos::pos: ЗАкоН :back:,
ragazza напиша:
борците ко малдини и неста како кинески зидови ,
ова во потпис го ставам :)
 
Crazy in Love напиша:
ама сепак мислам за да играш фудбал и да бидеш добар во тоа треба да имаш развиено колку толку некоја логика...треба да знаеш на кого да подадеш,не можеш тук така да ја шутнеш топката..сепак треба и да размислиш...
Пак докажуваш со коментарот погоре дека димитар е во право. За да се разбираш од некоја работа, мора да знаеш да ја правиш. Знаеш, глупо би било да коментирам колку сол треба да се стави во гравчето на баба ми, затоа што знам само да го јадам ама не и да го направам.
Постои посебна “фудбалска интелигенција“ која нема никаква врска со нормалната. Да знаеш каде, кога и како да подадеш е работа на талент и тренинг (како и се во животот). За тоа се доказ милиони фудбалери во историјата кои биле прости како стап а биле мега фудбалери.
 
Абе како што пишува погоре ја отворив темава мислев баш на тоа дека фудбалерите поради кариерата се откажуваат од образованието. Па и си замислив за тоа што ќе прават после завршетокот на кариерата. Некои се познати и се пуни со пари па нема да мора да работат, а тие што не се. Што ќе прават не знам?
 
mnogumina se drva nedodelkani. Go vidovte intervjuto na stojkov :tapp: na poluvreme makedonija-izrael. Ne znaj edna recenica da sklopi.
 
јас напиша:
mnogumina se drva nedodelkani. Go vidovte intervjuto na stojkov :tapp: na poluvreme makedonija-izrael. Ne znaj edna recenica da sklopi.

Сссссссс ......... а кој знае од нашиве ....... никој!

Стојков да се стави на форум, сигурен сум дека ќе има 0 мислења

:pos::pos::pos:
 
Сите досега пишувавте за образованието на фудбалерите, е сеа ја да ви кажам за едно истражување за кое читав сега баш за време на СП 2006 у Дневник или Утрински и таму вели дека според тестовите за интелигенција се докажало дека најпаметни се голманите (да,да) а најглупи се шпицовите.Па сега тепајте кој ќе дава голови:pos2: (ја играм десно крило)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom