Интегриран образовен систем (учење албански јазик од I одделение)

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За образованието вистински да ја одразува мултиетничката слика на македонското општество, Високиот комесараријат за национални малцинства на ОБСЕ и Министерството за образование и наука, во соработка со УСАИД, подготвија Предлог-документ со мерки за систем на интегрирано образование. Тој е фокусиран на различни области - управување со училиштата, заеднички активности и изучување на јазиците на етничките заедници.

- Овој настан е силен доказ за решеноста на меѓународната заедница, ОБСЕ и на Владата, образованието во Македонија да стане фактор за интеграција на заедниците, рече амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро на презентацијата на Предлог-документот. Тој посочи дека меѓу неговите насоки е квалификување на наставниот кадар во професионалци и во личности со висок праг на толерантност за етничките односи зашто, како што рече, една неодамнешна анализа укажала на загрижувачки резултати.

Во една општина 98 отсто испитаници немале позитивна перцепција за останатите етнички групи, а 50 проценти од учениците - етнички Македонци и Албанци се изјасниле дека нивните наставници честопати или понекогаш даваат навредливи коментари за учениците од другите етнички групи.

- Македонија е пример на многу начини како се остварува образованието за различни заедници. Работиме со Владата за поддршка на интеграцијата и за подобра комуникација на заедниците во образовниот систем. Мораме да делуваме денеска и да го трансформираме образовниот систем за да ги избегнеме проблемите во иднина. Верувам дека документот ќе даде насоки ова да се оствари, рече Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Тој предложи и меѓународна донаторска средба за поддршка на Владата во спроведувањето на проектот за интегрирано образование.
___________________________________

Што би рекле за ова? Овој предлог документ мислите дека ќе е прифатен од нашата држава или ќе се спротивстават?
Сте за да се воведе албански јазик?
Во многу училишта и факултети албанците си учат на мајчин јазик, но очигледно целта на ЕУ и САД е сите да го знаеме албанскиот...
 
Можеби треба да го воведат како изборен предмет, мислам дека како задолжителен предмет не е добра идеја и дефинитивно сум против.
САД само мудруваат, а од друга страна никогаш кај нив нема да го воведат шпанскиот како втор службен јазик (официјално) иако огромен дел од населението им се латиноси. Таму за да не се бунат латиносите, речиси се' е и на шпански преведено, шпанскиот се учи во училиштата како изборен предмет, но никој не е присилен да го учи.
И на крај, зошто сите да учат албански, кога албанскиот е втор службен јазик само во општините каде се бројно повеќе застапени албанците, не е низ цела Македонија? А и тие општини сепак се во Македонија, па и таму не треба, на некој начин, да се присилуваат да учат албански ако не сакаат.
 
Што би рекле за ова? Овој предлог документ мислите дека ќе е прифатен од нашата држава или ќе се спротивстават?
Сте за да се воведе албански јазик?
Во многу училишта и факултети албанците си учат на мајчин јазик, но очигледно целта на ЕУ и САД е сите да го знаеме албанскиот...

сме, не сме ...ја во осмо цела учебна година ''учев'' албански.
 
нека си учат на албански,никој не им брани,но МОРААТ да го научат и македонскиот.Македонците во своја држава да учат албански е нонсенс за мене.
 
научив да бројам од 1-10...а др. НЕ! :)

Е де, јас тоа го знам без никакви часови, па и повеќе од тоа.

Онтопик, јас сум за да се учи албанскиот јазик. Прво, затоа што сакале/нејќеле живееме со нив, па зашто да не ги разбирам како тие мене што ме разбираат кога зборувам? Второ, шансите за работа ќе ми бидат со сигурност поголеми во некои фирми, каде што освен англиски и македонски се бара и знаење на албанскиот, а такви фирми има се повеќе, барем во мојот град.
Според мене многу покорисно ќе им биде да знаат албански, од колку да учат веронаука.
 
Сериозна си?
Кој сака нека учи албански,има курсеви фала богу,а мое дете да учи албански и не ми е баш паметно.А веронауката е друга тема
 
Сериозна си?
Кој сака нека учи албански,има курсеви фала богу,а мое дете да учи албански и не ми е баш паметно.А веронауката е друга тема

Да сериозна сум, знаење на уште еден јазик не ми штети во никој случај, без разлика за кој станува збор.
 
Па не е лошо да се знае албански, посебно во западна македонија. Апсолутно сум за, кога можеше руски да се учи што никогаш нема да затреба бар албанскиот и тоа како ќе биде од корист.
Не гледајте политички на оваа прашање
 
руски јазик се учеше во социјалистичка Југославија,заради јаките врски на Југославија со Русија.Руски се учеше и некој период по осамостојувањето ама многу малце.Рускиот е светски јазик,како што е францускиот,англискиот и некои други светски јазици.Албанскиот ниту бил,ниту ќе е светски јазик.Западна Македонија сепак е сеуште во рамките на оваа држава,така да нема потреба да се воведе како задолжителен предмет за изучување во училиштето,институција на воспитниот систем.Кој сака да учи албански никој не го спречува!Има бесплатни курсеви за албански јазик,ама да го учат деца на 6,7 години е вистина ни чуено ни видено.Тие деца тогаш не го знаат ни својот,македонски мајчин,јазик а камо ли да учат албански јазик.Апсолутно сум против таа нова ујдурма на нашите сограѓани,албанци.

Па велат дека ќе биде факултативен,па после да се воведе и како задолжителен.:tapp:
 
Зошто некој од Струмица да речеме би учел албански? :toe:
 
Прво, затоа што сакале/нејќеле живееме со нив, па зашто да не ги разбирам како тие мене што ме разбираат кога зборувам?

Можда зашто они живеат во Македонија и треба да знаат да зборуваат на македонски? Не ние да го учиме албанскиот за да ги разбереме нив.
Не поддржувам никаква етничка нетолеранција, напротив, но навистина мислам дека во Македонија албанците треба да учат и зборуваат македонски, не македонците албански.
 
Како што реков, тие знаат македонски и не разбираат. Ако твое мислење е дека тоа што тие можат еве да речеме да не оговараат и да ни гледаат право во лице додека го прават тоа, а ние да не ги разбереме и да им се смешкаме, е добро. Тогаш јас не се сложувам со тоа.
 
Немам потреба и не сакам да го учам, ако живеам во Албанија кога треба да го користам тој јазик ќе го научам али кога сум си во моја држава каде што официјален јазик е македонскиот едноставно немам потреба за тоа, они имаат потреба тука и нека го учат и готово.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom