rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
За образованието вистински да ја одразува мултиетничката слика на македонското општество, Високиот комесараријат за национални малцинства на ОБСЕ и Министерството за образование и наука, во соработка со УСАИД, подготвија Предлог-документ со мерки за систем на интегрирано образование. Тој е фокусиран на различни области - управување со училиштата, заеднички активности и изучување на јазиците на етничките заедници.
- Овој настан е силен доказ за решеноста на меѓународната заедница, ОБСЕ и на Владата, образованието во Македонија да стане фактор за интеграција на заедниците, рече амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро на презентацијата на Предлог-документот. Тој посочи дека меѓу неговите насоки е квалификување на наставниот кадар во професионалци и во личности со висок праг на толерантност за етничките односи зашто, како што рече, една неодамнешна анализа укажала на загрижувачки резултати.
Во една општина 98 отсто испитаници немале позитивна перцепција за останатите етнички групи, а 50 проценти од учениците - етнички Македонци и Албанци се изјасниле дека нивните наставници честопати или понекогаш даваат навредливи коментари за учениците од другите етнички групи.
- Македонија е пример на многу начини како се остварува образованието за различни заедници. Работиме со Владата за поддршка на интеграцијата и за подобра комуникација на заедниците во образовниот систем. Мораме да делуваме денеска и да го трансформираме образовниот систем за да ги избегнеме проблемите во иднина. Верувам дека документот ќе даде насоки ова да се оствари, рече Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Тој предложи и меѓународна донаторска средба за поддршка на Владата во спроведувањето на проектот за интегрирано образование.
___________________________________
Што би рекле за ова? Овој предлог документ мислите дека ќе е прифатен од нашата држава или ќе се спротивстават?
Сте за да се воведе албански јазик?
Во многу училишта и факултети албанците си учат на мајчин јазик, но очигледно целта на ЕУ и САД е сите да го знаеме албанскиот...