Инстинкт

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Инстинкт и интуиција

Основна движечка сила на секое живо битие. Ако не се лажам според Хегеловата хипотеза тоа е Бог, супериорен дух, наизглед несвесен и примитивен бидејќи е ограничен во материјата, во зависност од телото. Животните, посебно дивите, подобро го следат од луѓето бидејќи само него го имаат, немаат свест, освен некој незначаен минимум можеби. Човекот поради свеста и знаењето повеќе постапува на основа на она што го научил, кое во зависност од ситуацијата може да не биде нималку, или делумно, или целосно поврзано со инстинктот. Дали умеете да го пратите инстинктот, посебно во одредени поважни ситуации или постапувате стереотипно - што е сигурно сигурно е? На пример сега брзо имав интервју за работа и претходно размислував дали е добро да разговарам по инстинкт, што ми дојде во даден момент, или да изрецитирам се што мислам дека треба. Мислам дека постигнав нешто измеѓу. Интервјуто беше добро во секој случај, ми беше и важно, или барем така мислам. Се прашувам дали ако постапев исклучиво по инстинкт воопшто и ќе прозборев со човекот или само ќе си седев и ќе се смешкав. :) Можеби инстинктот далеку подобро од свеста знае што е подобро за мене а тоа е можеби и да не ја добијам таа работа што мислам дека ми е важна! Во тој случај од пусти страв... релативно успешно интервју. :)
Не е баш добро разработена темава, малку на брзина, помогнете ми малку. Фала. :)

Всушност, комбинацијата од инстинктот и свеста кај човекот се нарекува интуиција, и оној со добро развиена интуиција се смета за емоционално интелигентен, не дозволува мислите (емоциите) да му сметаат во расудувањето. Ако тој има и висок коефициент на интелигенција сето тоа му оди во плус, а обратно - висока интелигенција без интуиција е често несмасен човек.
 
Баш поради тоа што не можам да предвидам секогаш како ќе се чувствувам во дадениот момент, дали инстинктот и интиуцијата ,,ќе ме поддржат,, и ќе ми овозможат ете, во случајот добро интервју, јас обично за сите работи се припремам. За да не ме фати страв или паника или трема мора да бидам малку и запознаена со нештата во кои се впуштам. Индивидуално е. Некој кој има самодоверба и добро се снаоѓа може добро да помине и без поголемо предходно ангажирање, меѓутоа најверојатно средина е она што треба да се постигне за да се дојде до најдобар резултат. И пак, се се сведува на она што веќе еднаш беше кажано. Дека луѓето се склони кон рационализирање на нештата, дека поретко се впуштаат во ризици. А, пример за тоа е и самата ситуација пред интервјуто кога пак сме инвестирале во размислување за да донесеме одлука како ќе постапиме инстинктивно или рационално со предходна подготовка.
 
Токму така, човек треба да биде и подготвен за одредена работа, бидејќи и интуицијата бара знаење и искуство, бидејќи не сум чул дека тоа е природн дарба, а уште помалку дека некој се родил со знаење за одредена област. Одлично Квендолин, значи може интуицијата ми сугерирала претходно за секој случај да припремам текст што ќе го знам а таа ќе го каже тоа што треба од него. :)
Дали интуицијата е секогаш во право? На пример - таа ми вели бегај од таа девојка, не е добра за тебе, таа е една од „лошите“, јас велам во ред и се повлекувам, но еден ден ми паѓа на памет - требаше сепак да го направам тоа, тој сладок грев :), искуство си е искуство, а тоа немаше да ме убие, сепак не беше нешто на живот и смрт. В ред, зависно.
 
Да ги поделиме појмовите овака - интуиција е знаење, наше несвесно знаење и стекнато искуство кому понекогаш треба да му се препуштиме само да излезе од нас наместо да постапуваме по стереотип, само се плашиме дека работите нема да излезат онака како што сме сакале, или мислеле дека треба. Интуиција е значи реакција на нашиот несвесен ум, на нашето лiчно знаење и искуство.

Инстинктот е според Хегел и Марфи универзалниот Божји ум, неизмерна ризница на знаење што секогаш ни стои на располагање само што ние не можеме да го почувствуваме бидејќи умот ни е преокупиран со мисли. Но постојат и ситуации што треба да ги разрешиме а за кои немаме претходно искуство и знаење а она што го знаеме не може да ни помогне. Ако е работата итна, тогаш според Марфи можеме да му се обратиме на Бога (инстинктот) за помош, бидејќи токму тогаш сме му поблиску, кога умот ни е без мисли бидејќи е блокиран од силната потреба што ја имаме во тој момент, што може да биде и состојба на силен страв и депресија, зависно од ситуацијата. Хегеловата хипотеза за Бог и Моќта на подсвеста од Џозеф Марфи ми асоцираат на религијата на џедаите. Use the force, Luke! B)
 
интуицијата уште се нарекува и внатрешен глас. Секогаш треба да се постигне идеалната рамнотежа помеѓу свеста и тој внатрешен глас, гласот на чувствата. Би било убаво кога човекот би можел во секоја ситуација да ја постигне таа рамнотежа и да може да му диктира на разумот да го избрише од срцето она чувство кое не му прави добро на тоа срце. кога човекот знае вистински да си го чуе својот глас на срцето нема да погреши, или можеби е тоа само она во кое на истиот тој човек силно му треба да верува, а гласот го води по патот на вербата во желбата на срцето. Го сакам внатрешниот глас и интуицијата, а сепак човекот не може да расудува правилно додека не го вклучи во некоја мера и разумот. кога се на светот би било искрено, чисто и добро можеби и немаше да постои потреба од разумот, доволен би бил само внатрешниот глас - интуицијата, но реалноста е оваа што е сега пред нас, и ни треба да пробаме со сите сили и да дадеме се од себе за да успееме да ја најдеме, да ја постигнеме таа рамнотежа за која вика срцето.
 
Дали умеете да го пратите инстинктот, посебно во одредени поважни ситуации или постапувате стереотипно - што е сигурно сигурно е?
А кажи ми, знаењето не дошло како последица на некој друг инстинкт?
Зар стравот а со тоа одење на сигурно и кон познато не е инстинкт?
Ако тој има и висок коефициент на интелигенција сето тоа му оди во плус, а обратно - висока интелигенција без интуиција е често несмасен човек.
Ова некако не ми е јасно, интуицијата, сметам, е и параметар на интелигенција. Или бар треба да биде!
 
Да речеме, некогаш си бил сведок на туѓа жестока караница која си ја прекинал со дипломатија, со убаво. Следниот пат кога ќе налеташ на слична ситуација ќе помислиш да ја прекинеш на ист начин но ќе згрешиш, ќе направиш проблем плус, а инстинктот можеби ти велел - бегај од тука, не можеш ништо да направиш или викни полиција бидејќи ова е поозбилна ситуација/караница... на пример.

Ова второто, има луѓе што се многу интелигентни, висок IQ, но слаб EQ, т.е. имаат слаба емотивна интелигенција, да речеме ги фаќаат емоции, паника, страв, и џабе им е интелигенцијата, не се спонтани да речеме. Не знам дали се разбираме, Бада Бинг :)

-----------------------------------------------------------------------------------

Има една приказна за Никола Тесла, кога се бавел со изработка на наизменичниот мотор, дошол до проблем што не можел да го реши. Размислувал, се концентрирал, и од кога го употребил сето знаење без успех, тргнал да се прошета и одмори. Токму тогаш решението за проблемот едноставно му паднало на памет, ко од ведро небо. Дали со своето интензивно размислување дошол до некој виши ниво на свест и знаење или напротив со тоа размислување го уморил својот свесен ум и само го насочил длабоко во подсвеста од каде што му дошол одговорот? Виша свест не можам да дефинирам што е, тоа го чув од други, а ако е ова второто, тоа значи дека целото човечко знаење и умеење, и сите иновации, и сегашни и идни, веќе постојат во инстинктот, колективната подсвест која сите ја имаме.
 
Back
На врв Bottom