Инсајдер

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.522
Поени од реакции
8.688
Возраст
35
insajder.jpg

„Инасајдер“ е нова домашна телевиска серија, која се снима во четвратата хала на „Скопски саем“. Дејството во серијата е сместено во неделникот „Инсајдер“, кој се занимава со истражувачко новинарство. Ова е серија за новинарите, нивната работа и за односот меѓу новинарите.

„Инсајдер“ е социјално ангажирана телевизиска серија, која раскажува приказни од секојдневието на една новинска редакција. Дејствието временски е претежно сместено во таканаречениот „дедлајн“ период, односно пред самото влегување во печат на изданието, кога интензитетот на емоциите и на релациите е најголем.

Главната улога во серијата ја толкува Светозар Цветковиќ, кој е сопственик на медиумот, а улогите на главниот уредник ги толкуваат Дејан Лилиќ и Ирена Ристиќ.
Insider-6.jpg



Главен сценарист на серијата е Сашо Кокаланов, а во пишувањето на сценариото учестувале и Елеонора Венинова и Драгана Лукан. Главен режисер е Игор Иванов- Изи, а со него режираат Вардан Тозија и Даријан Пејовски. По една серија режираат и Дина Дума и Марија Апчевска. Директор на фотогарфија е Димо Попов, а директор на серија е Никола Мадиќ. Костимогаф на серијата е Илина Ангеловска.

Се планираат 26 епизоди во првата сезона. Со снимање е почнато на 23 август, планирано е да се заврши на 21 септември. „Инсајдер“ треба да почне да се емитува на 16 октомври. Според зборовите на продуцентот, ќе се емитува по една епизода секој работен ден, односно пет епизоди неделно. Серијата ќе се емитува на Телма телевизија.

Екипата на „Република“ присустуваше на снимањето на една епозода од серијата каде што се договараше темата за следниот број на неделникот – обид за атентат врз претседателот.

– Секоја епизода има посебна приказна. Низ секоја епизода се провлекуваат личните односи на новинарите, но темите во секоја епизода се различни – велат од продукцијата.
Insider-1.jpg


Главните улоги ги толкуваат Светозар Цветковиќ (Лазар), Ирена Ристиќ (Наталија), Јордан Симонов (Тихомир), Дејан Лилиќ (Дрраган), Силвија Стојановска (Кристина), Ѓорги Нешовски (Александар), Горан Ников (Дејан), Габриела Петрушевска (Мирела), Јана Стојановска (Антонија) и Сања Арсовска (Мери). Во епизодни улоги се појавуваат: Сашко Коцев, Драган Спасов Дац, Славиша Кајевски, Јелена Јованова, Оливер Митковски, Васил Зафирчев, Трајче Георгиев, Борче Начев, Сабедин Селмани, Горан Стојановски и други.

Автори на сценографијата се Михаил Панев и Игор Тошевски.
 
Конечно нешто наше(y) Само се надевам дека ќе бидат покреативни и нема да дадат телевизиски производ со квалитетот на Код или Васко Ефтов. Но по сликиве што гледам погоре ми личи дека ќе биде добро и ќе ја достигне популарноста на Преспав:)
 
Искрено и лошо да испадне пак ми е мило што е од домашна продукција.

П.С Полошо од турскине серии сигурно нема да биде.
 
Конечно нешто наше(y) Само се надевам дека ќе бидат покреативни и нема да дадат телевизиски производ со квалитетот на Код или Васко Ефтов. Но по сликиве што гледам погоре ми личи дека ќе биде добро и ќе ја достигне популарноста на Преспав:)
Ова е играна серија а не емисија како Код или Во Центар на Ефтов.

Мене ме посетува содржински на хрватската серија Новине.[DOUBLEPOST=1504271121][/DOUBLEPOST]
И љиљиќ да го тргнеа од главни улоги...
Што му фали на Лилиќ ?
 
Интересно.
Само не соодветствува со реалноста во државава. Такви весници одамна непостојат кај нас. Можеби пред 10 години ќе беше актуелна темава, кога имаше 20-30 што дневни што неделни весници ама денес кога се на се се 5-6 мислам дека темава е малце промашена. Барем за во Македонија.
 
Ова е играна серија а не емисија како Код или Во Центар на Ефтов.

Мене ме посетува содржински на хрватската серија Новине.
Знам, само сакам да кажам да не бидат со таков ,,хумор" и ,,докажување" какво што е застапено во тие емисии.
 
Доста интересен маркетинг трик. Серијата бидејќи се работи за новинари кој работат на весник Инсајдер, овие изгледа стварно мислат Инсајдер весникот од серијата да постои и за читање онлајн.
http://telma.mk/insajder

Еве го Јутјуб каналот кој засега е празен нема ништо.
https://www.youtube.com/channel/UCIR3ZMA7ysOpRayPx6fJvaA?view_as=subscriber

Покрај Јутјуб имаат и Твитер, Инстаграм и Фејсбук.
 
Го пуштија трехлерот ама на Фејсбук страната плус со трејлерот имате и наградна игра за добивка на вип влезница за премиера на првата епизода.

#БидиИнсајдер!
Стани дел од нашиот тим и освој влезници за VIP премиерата на првата епизода на Инсајдер! Овој ексклузивен настан ќе биде зад затворени врати за широката јавност, а ние ги отвораме само за најдобрите. Како до влезници?
1. Погледни го трејлерот
2. Во коментар напиши твој предлог-наслов за насловна страна на неделникот Инсајдер
Насловот може да биде од било која тема која тебе те засега.
20те со најмногу лајкови ќе можат со себе да поведат +1 и да го доживеат светот на филмската продукција заедно со целиот тим кој стои зад #Инсајдер. Нека победат најдобрите!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom