Кога Трифун во 2002 година влезе во игра со Бранко тоа го стори затоа што му беше ветено (бидејќи тој самиот имаше аспирации) дека Еуростандард банка ќе го лапне пензискиот фонд. Ротшилд македонски не го доби посакуваното и почна да го обзема гневот!
Инаку, навистина ми се смешни оние кои веруваат во податоците на заводот за статистика кои се однесуваат на економските показатели во државава и во податоците кои ги објавува министерството за финансии.
Горчо убаво го кажа тоа за компарацијата на платите и цените на производите. Доволно е да ни текне само колкав пораст на цените на горивото и на телефонските услуги се случи, не мора да правиме споредба на прехрамбените и другите производи, услугите...
Не треба да си економист за да го сфатиш и увидиш тоа, треба само да си просечно интелигентна личност на која што не и е испран мозокот од слаткоречивите говори на Бранко, Никола, Бучко и да не гледаш вести на МТВ.