IMF: колку е сменета ситуацијата од 2003-a до денес?

Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
ситуацијата на макроекономски план е подобрена само ммф не се придржува кон основните цели кои се наоѓаат пред земјите во транзиција а тоа е дека не дозволуваат да имаме повисоко ниво на инфлација ако се земе предвид дека имаме само 2% на годишно ниво а оптимално за земји во транзиција е да имаат околу 6-7% ниво на инфлација годишно со цел да се зголеми бдп и животниот стандард. македонија во поглед на некои од условите за прием во еу ги исполнува а тие се едни од битните барем во економска смисла и тоа под 3% дефицит и под 60% ан јавен долг кој од година во година има тенденција на намалување. затоа ммф треба да дозволи малце полабава монетарна и фискална политика на македонија со цел покачување на инфлацијата и зголемување на бдп
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Anonymus1 напиша:
имаме само 2% на годишно ниво
Нема шанси да е 2 посто, посебно не во последните 2 години.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Што тресете бе? Да не беше врзан курсот на денарот, реално ќе видевте 2% со плус две нули.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Мистичен напиша:
Што тресете бе? Да не беше врзан курсот на денарот, реално ќе видевте 2% со плус две нули.
И со врзан курс, инфлацијата е поголема од 2%. Со просечните реални плати што ги имам во МК, уште курс што оди нагоре ни фали.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
реално е толку сега ако имаме покачување поголемо од тоа што официјално се збори тоа е друго инаку според буџетот и ммф ние треба да имаме само 2% инфлација на годишно ниво
 
Член од
5 август 2005
Мислења
21
Поени од реакции
1
Епа сега, реално е толку или толку треба да имаме според ММФ? Ми мешаш брзини некако.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
TетаАна напиша:
Епа сега, реално е толку или толку треба да имаме според ММФ? Ми мешаш брзини некако.
реално и толку треба да имаме по ммф земи си службен весник или оди на официјалната страна на министерството за финансии и провери ако не ми веруваш
 
Член од
5 август 2005
Мислења
21
Поени од реакции
1
А ти му веруваш на министерството за финансии? Нели ти е малку симптоматично тоа штелување на реалното и колку треба да имаме? Демек, еј ние имаме толку, супер сме!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
ако го прочиташ мојот пост што е малку погоре ќе видиш дека јас викам дека е добро да имаме инфлација од некои си 7-10% за да се осети дека парите се вртат,треба банките помалку пари да држат како резерва, треба повеќе кредити да се даваат да се намали каматната стапка со еден збор да се зголеми паричниот мултипликатор кој значи дека ако имаме 2000 парични единици и мултипликатор 3 ќе ги направиме 6000 парични единици без нова емисија на пари бидејќи новата емисија ќе се почуствува тек по неколку месеци или имаме time lag помеѓу двете постапки и тој time lag може да изнесува од 6 до 14 месеци. А успат треба да се смени и курсот на економијата и да се поттикне експанзивна монетарна и фискална политика но не само да троши државата туку и да се зголемат платите и да има повеќе пари и кај населението бидејќи ако населението има повеќе пари за трошење ќе има повеќе и за штедење а тоа значат нови кредити и нов прилив на пари во стопанството. сепак се надевам дека со воведувањето на новото пензиско осигурување и тростолбниот систем ќе се оправи малце ситуацијата и само ќе ни фалат повеќе финансиски инструменти за да имаат каде да ги вложуваат финансиските средства кои ќе ги земаат некаде околу 7,46% од бруто платите на вработените.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Нема пари за вртење, а за првата причина зошто, може онака информативно да прочиташ овдека: (http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&ArticleID=9630&EditionID=466). Башка на тоа, и они малку инвестиции-донации што ги има од страна, СДСМ се труди да ги “концентрира”-испере во Скопје, за разлика од времето на ВМРО која переше слични пари по цела Македонија.

На хартија може да се намести инфлацијата да биде 2%, али реално тоа не е точно, доволно е само да споредиш колкави се реалните плати (не од заводот за статистика) и цените на производите и услугите во последните 5 години.

А тоа со пензиското осигурување, тоа е уште еден начин да се поделат парите од граѓаните. Толку голем колач неможе да не биде поделен, а погоди кој е прв во тоа?? Банката на нашиот-ни бивш премиер (http://www.kb.com.mk/KBPPD.asp).
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кога Трифун во 2002 година влезе во игра со Бранко тоа го стори затоа што му беше ветено (бидејќи тој самиот имаше аспирации) дека Еуростандард банка ќе го лапне пензискиот фонд. Ротшилд македонски не го доби посакуваното и почна да го обзема гневот! :)

Инаку, навистина ми се смешни оние кои веруваат во податоците на заводот за статистика кои се однесуваат на економските показатели во државава и во податоците кои ги објавува министерството за финансии.

Горчо убаво го кажа тоа за компарацијата на платите и цените на производите. Доволно е да ни текне само колкав пораст на цените на горивото и на телефонските услуги се случи, не мора да правиме споредба на прехрамбените и другите производи, услугите...

Не треба да си економист за да го сфатиш и увидиш тоа, треба само да си просечно интелигентна личност на која што не и е испран мозокот од слаткоречивите говори на Бранко, Никола, Бучко и да не гледаш вести на МТВ.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
никој не вика дека треба да се верува во тоа што го кажуваат надлежните институции оти сигурно е дека резултатите се штелуваат спрема потребите на власта. инаку што се однесува до реалната ситуација доволно е само да се спомне дефицитот што го имаме во надворешната размена а сето тоа ги одвлекува парите од македонија. главна причина за толкавиот дефицит е поради тоа што владата води погрешна економска политика и тоа што најголем дел од работите што се произведуваат во македонија се однесуваат на лон работи. кога македонија ке почне да произведува производи кои ќе носат девизи и кои цеосно ќе се произведени во македонија тогаш ќе имаме подобра еконимија. но сепак првата работа што треба да ја прави секоја влада е да го подпомага земјоделството бидејќи ние сме аграрна држава и без субвенции за земјоделството нема да успееме. ако државата реши да го поддржи земјоделството тогаш од тоа ќе имаме голем прилив на девизи бидејќи над 80% од производството ќе биде за извоз. но додека секоја влада ги игнорира земјоделците ништо не правиме од бизнисот и бродот цело време само ќе тоне подлабоко и подлабоко
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Абе не заебавај да му се сневиди, дај доста веќе со тоа земјоделство човече. Кој црн прилив на девизи кога шлепер со лубеници вреди 200 - 300 евра?

Индустрија, тешка, црна, моќна!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
mistik zemjodelstvoto ne vredi tolku dokolku imame izvoz toa vredi mnogu piovekje ako se sekjavash pred nekolku godini koga imashe golem izvoz na kosovo togash pazarite bea skapi i nemashe dovolna ponuda na zemjodelski proizvodi na domashniot pazar i seto toa se reflektirashe so golemi ceni a shto se odnesuva do teshkata metalurgija tochno e toa deka tamu ima najvekje pari no sho fajda imame nie od toa koga tie se vo sopstvenost na stranci i celiot profit se odleva od makedonija toa bi bilo drugo dokolku nekoj makedonec gi kupi i parite ostanat vo makedonija
 

Kajgana Shop

На врв Bottom