Имаме храброст да ги засукаме ракавите?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Во темава ќе зборуваме за храброст, но не онаа физичка, туку да речам психичка храброст.

Имаме ли храброст да ги засукаме ракавите и да:
  • почнеме да ги решаваме проблеми
  • сериозно да се фатиме со промени во животот на подобро
  • да расчистиме со она што не мачи и ни создава проблеми
  • да ги решиме дилемите кои ни создаваат несоница.
  • да им ставиме крај на луѓето што создаваат метеж во нашиот живот
Или пак секојдневно мудро го избегнуваме решавањето на проблемите или пак препуштаме другите да ги решавааат за нас.

Храброст е и да го оставиш проблемот и да живееш со него. Но, овој пат не зборуваме за таква храброст.
 
Ти сам ако не си ги решиш проблемите никој нема да ти ги реши ;)
 
.....човек се вози во автобус и на колена држи пакет.....по некое време возачот го прашува...."Се извинувам господине....што носите во пакетот...штом толку внивате на него?"..."копав во градината и најдов неексплодирана мина...па сега ја носам во полиција" - одговорил човекот......"Ти да не си луд? Зар се носи мина на колена во автобус" - викнал шоферот......."Па што да правам?" - зачудено прашал патникот....."Стави ја под седиште" - мирно одговорил шоферот

поголемиот број од нас проблемите не ги решаваат туки ги префрлаат под седиште или под тепих....и така проблемите се собираат и собираат.....и еден ден почнуваат да излегуваат ...но овој пат се потешки....

....подобро е да се соочиме со проблемите во моментот кога ќе се појават....што повеќе ги одлагаме....толку покомплицирани стануваат
 
Сами ми се решаваат проблемите мене, или само така ми изгледа во оваа фаза. Едноставно имам проблем и сакам да немам проблем и немам проблем.
 
Абе ние секојдневно ги засукуваме ракавите и решаваме проблеми но финтата е во тоа што не обрнуваме многу внимание на веќе решените проблеми бидејќи тие што ги решаваме се прилично помали додека поголемите ако не можеме да ги решиме ги оставаме за нареден пат. Секогаш се стремиме да имаме совршен живот и затоа постојано решаваме проблеми и ни се раѓаат нови. Секоја причина си има своја последица и секоја последица си има своја причина така да совршенство (читај: совршен живот во случајов) не постои.
 
Немам колку што ми е потребна. Едно време се лажев дека имам и повеќе од потребно храброст, ама среќа сфатив дека џабе се убедувам дека можам да засукам ракави.
Во последно време повторно пробувам, меѓутоа ќе си почекам да си потсоберам уште така повеќе храброст пред навистина да ги засукам ракавите, затоа што за она кое треба да го решам, потребна ми е огромна храброст која не можам да ја соберам преку ноќ.

Не е дека не сакам, само ете - време треба :)
 
Некои проблеми ги решавам , некои немам доволно храброст..
 
imate hrabrost da zajedno snižavamo cene?:coffee:
 
Храброст е и да го оставиш проблемот и да живееш со него. Но, овој пат не зборуваме за таква храброст.

And if I had a dollar for every time
I repented the sin and commit the same crime
I'd be sitting on top of the world today

Храброст за да бидеш доволно силен и разумен за да донесеш одлука или поедноставно, да немаш повеќе друг избор.Луѓето играат на картата храброст секогаш кога се наоѓаат во ситуација во која што повеќе не можат да егзистираат или како мене, сакаат да избегаат од неа.Обично тоа е долг процес на декаденција и себе-убедување дека се ќе биде во ред се додека не стане јасно дека ако не се промениш себе и не ги исчистиш луѓето од твојот живот кој те доведуваат во таа состојба никогаш нема да биде во ред.
Проблемите, со себе и светот, од парите за плаќање сметки до кататонија, се исти како лебарките, кога има еден како во ланчана реакција ќе се појават уште многу други, кои сами од себе, кои ќе се продуцираат од веќе првобитните проблеми и верувам дека е наједноставно да се игнорираат се додека цел живот не се претвори во поправање на грешки.А треба долго време потоа да се доведеш во позиција да го контролираш своето секојдневие.

Сепак, јас стојам зад тоа дека е чиста психолошка состојба колку ќе биде некој спремен да го „земе животот во свои раце“, затоа што другата опција е секогаш многу поубава, полесна, подофатлива.Знам, јас живеев така скоро со години, секогаш да ја свртиш главата на се што не ти се допаѓа и да одлучиш да го гледаш само она што ти се допаѓа, да не признаваш дека грешките се твои, начинот на кој се однесуваш ти ги детерминира сите погрешни одлуки, кои никогаш не остануваат во минатото.Но, кога доаѓаш до работ на сопственото его, во природата на човекот е да се бори.
Ако уште успее тоа да го направи свесно, да се реши на промена ... тогаш можеби и пораснал.Зошто само децата се кријат од проблеми и разорувачки луѓе, возрасните се справуваат со нив.
 
Ако некој му треба совети за самопомош, бујрум. Додуше, појше сум теоретичар... :P
 
Проблемите се животни предизвици. За среќа или на жалост, редовно се соочуваме со нив. Кој колку има сила да се соочи со нив е индивидуално.
Јас се водам по ставот дека Се што нема да те убие може само да те направи посилен (често ми се удира од глава искрено) и го решавам проблемот. Какво ќе биде решението, тоа е друга приказна :) (а искрено и зависник сум од промени па затоа и проблемите ми се добредојдени ;))
Секогаш кога имаш проблем, или си исплашен, значи дека те чека нова можност. А на тоа секогаш пристапувај со ентузијазам затоа што во спротивно никогаш нема да дознаеш што се може да ти понуди животот. Е тоа е жалосно.
 
imate hrabrost da zajedno snižavamo cene?:coffee:
хаха, може, може...договор никој да не купува :) ама никој нема да се држи до таков договор.

Или пак секојдневно мудро го избегнуваме решавањето на проблемите или пак препуштаме другите да ги решавааат за нас.
ќе засукаш ако зависи од ракавите, а ако не? Што ќе прајте со животот во свои раце ако друг ви ги притиска рацете? Кога ќе се сретнете со вистинскиот живот (освен студии и почетни младалачки ентузијазам на работно место) ќе видите дека најголем број проблеми и не зависи од вас ...преголем број ѕидови и ридови некои од вас (некои не...роди ме мајко со ксмет и од фамилија) ќе имаат низ животот за да кажете -од денес засукувам ракави. Засукување ракави најмногу т.е. 99% функционира само дома за занаетчиски поправки.
Али да не ви кварам оптимизам, фино што некои се ентузијасти... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom