Илузија ли е дека ќе ни биде подобро во ЕУ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Ние сме проблемот. Во се гледаме магично стапче за решавање проблеми, а никако да разбереме дека ние сме проблемот. Не може со овој менталитет да имаш ти добро уредена држава која фунционира. Дваесет години ист тип на луѓе ви доаѓаат на власт, без разлика на опција и гледам сега нов пристап. Кога видоа дека ЕУ ни е премногу далеку, се прави пропаганда како што ќе ни е ЕУ. Па мајке му решете се, или одете кон тоа да станете членки или баталете. Се заради редот се прави.

Тоа е тој наш проблем што си го имаме... си бараме центар за моќ зашто не сме способни сами да си се водиме. повеќе од половина век центарот за моќ и наредби беше Белград, пред тоа 5 века Истанбул, а сега го гледаме во Брисел :)

Глеј колку лесно се палат и ситат дека Исланд и удрил „шамар“ и се повлекол од преговорите. Само не се сфаќа дека Исланд е веќе изградена држава на интелектуално, економско и социјално ниво, и на Исланд не им треба ЕУ да ги води и да им кажува што е добро а што не.

Додека на нас ни е многу потребна, зашто од самостојност се докажа дека не баш знаеме како да водиме држава. Корупцијата, непотизмот, неуспешна правна држава и многу битно, неизградено граѓанство.

Неможе да се тешиме со ниски даноци и неколку шминкања дека сите ќе рипнат да вложат тука. Неможе да ми се каже дека е добро кога работам во таа област со трговски друштва и знам дека не е.

Проблемот е подлабок, прво правната регулатива не е сјајна.. се носат закони за работи од луѓе кои поима немаат од таа област. Али кај што не е сјајна па и не се применува напишаното слово.

Друго, администрацијата... неможе тебе да ти зависи работата на фирмата, да губиш пари и коса да ти побеле зашто на некое чиче му текнало да не дојде на работа или да си прави долга пауза, или па да не му се работи толку денес па ајде дојди утре.

Следно, судството... ти си странец и доаѓаш да вложиш пари во Македонија, додека си ја градиш фирмата се погоди да си фатиш работа со некој локален буџован. И сеа кога ќе се решиш да си ја бараш правдата на суд, ќе сфатиш дека твоите пари и твојата инвестиција е во рацете на еден корумпиран судија.

Странските фирми се запознати со сите овие работи, и знаат дека коа вложуваат тука дека постои ризикот да се смени власт или друго градоначалниче да дојде и да се случи „пу пу не важи“

Доколку овие работи се средени кај нас или можеме да си ги средиме нас не ни треба ЕУ, ние си можеме и знаеме да си направиме да ни е убаво за живеење самите. НО, со оглед на случувањата до сега, политичката сцена, каков систем имаме и како функционира, од оваа цела констелација се докажа дека не сме способни за тоа, и нам ни треба ЕУ како родител на мало дете што му помага да научи да оди.
 
Зидвест прес: Преговорите со ЕУ или мнозинство во Центар? Груевски ќе избере мнозинство во Центар!

Гермаснкиот портал Зидвест прес, објави статија за состојбата со човековите права, медиумите и шансите на Македонија за ЕУ и НАТО. Потенцира дека во однос на слободата на медиумите и човековите права, Македонија никогаш не била во полоша состојба со децении наназад.

http://a1on.mk/wordpress/archives/178296

нема некоја соодветна тема за ЕУ па овде некако најблиску е.Германциве ја погодиле ситуацијата во корен.
 
Напис лудиот го ебава збунетиот :icon_lol:.
 
Тоа е тој наш проблем што си го имаме... си бараме центар за моќ зашто не сме способни сами да си се водиме. повеќе од половина век центарот за моќ и наредби беше Белград, пред тоа 5 века Истанбул, а сега го гледаме во Брисел :)

Глеј колку лесно се палат и ситат дека Исланд и удрил „шамар“ и се повлекол од преговорите. Само не се сфаќа дека Исланд е веќе изградена држава на интелектуално, економско и социјално ниво, и на Исланд не им треба ЕУ да ги води и да им кажува што е добро а што не.

Додека на нас ни е многу потребна, зашто од самостојност се докажа дека не баш знаеме како да водиме држава. Корупцијата, непотизмот, неуспешна правна држава и многу битно, неизградено граѓанство.

Неможе да се тешиме со ниски даноци и неколку шминкања дека сите ќе рипнат да вложат тука. Неможе да ми се каже дека е добро кога работам во таа област со трговски друштва и знам дека не е.

Проблемот е подлабок, прво правната регулатива не е сјајна.. се носат закони за работи од луѓе кои поима немаат од таа област. Али кај што не е сјајна па и не се применува напишаното слово.

Друго, администрацијата... неможе тебе да ти зависи работата на фирмата, да губиш пари и коса да ти побеле зашто на некое чиче му текнало да не дојде на работа или да си прави долга пауза, или па да не му се работи толку денес па ајде дојди утре.

Следно, судството... ти си странец и доаѓаш да вложиш пари во Македонија, додека си ја градиш фирмата се погоди да си фатиш работа со некој локален буџован. И сеа кога ќе се решиш да си ја бараш правдата на суд, ќе сфатиш дека твоите пари и твојата инвестиција е во рацете на еден корумпиран судија.

Странските фирми се запознати со сите овие работи, и знаат дека коа вложуваат тука дека постои ризикот да се смени власт или друго градоначалниче да дојде и да се случи „пу пу не важи“

Доколку овие работи се средени кај нас или можеме да си ги средиме нас не ни треба ЕУ, ние си можеме и знаеме да си направиме да ни е убаво за живеење самите. НО, со оглед на случувањата до сега, политичката сцена, каков систем имаме и како функционира, од оваа цела констелација се докажа дека не сме способни за тоа, и нам ни треба ЕУ како родител на мало дете што му помага да научи да оди.
А што мислиш дека ќе се средат овие работи ако влеземе во ЕУ ?
Исто како што Грција и Бугарија ги признава малцинствата, Словенија, Бугарија нема проблем со корупција и да не редиме други примери.
Ако влеземе во ЕУ, нема кој да ни биде контролор бидејќи нема за што да не уценуваат, вака барем сме уценувани и нешто од нешто мора да се прави.
 
Вака си мислиш ти.Ке ти запрат фондовите, ке си плакjaш сека година вноска, ке ти лепнат глоба секи ден по неколко стотин илjaди евра ,понекога во милион евра на ден! Да видиш колко бргу ке интервенираш и ке смениш и закон и регулатива и се.
Да не зборуваме за службата ОЛАФ,коja проверува се што е со европски пари...
Не знам откаj измисли тоа за малцинствата и откаj ви се разпространуват вакви невистини,но ... стварно е жално луге да велат на црното дека е бело.
 
Илузија ли е дека ќе ни биде подобро во ЕУ?!

Не мора да размислуваме еве погледнете ги голтариве бугари колку им е подобро и колку се оправија од кога се во ЕУ и се ќе ви е јасно. Нели Азис?
 
А што мислиш дека ќе се средат овие работи ако влеземе во ЕУ ?
Исто како што Грција и Бугарија ги признава малцинствата, Словенија, Бугарија нема проблем со корупција и да не редиме други примери.
Ако влеземе во ЕУ, нема кој да ни биде контролор бидејќи нема за што да не уценуваат, вака барем сме уценувани и нешто од нешто мора да се прави.

До негде си во право. Факт е дека ЕУ многу попушти во последната деценија. ЕУ во 90тите е нешто друго, строга унија каде што немаше зафрканции, но тогаш имаа многу посериозни политичари кои сериозно се залагаа за здрава економска унија. Доколку тие политичари беа денес Грција немаше да биде во ЕУ а Шпанија и Португали ќе беа под сериозни рестрикции. Денешнава ЕУ криза е директно предизвикана од слабите политичари во западните земји кои ги толерираат Бугарија, Грција и сличните.
Слаби политичари континуирано се во Франција, Британец што повеќе прави штета одколку корист, Меркел коа се наметнува премногу, Скандинавија и Бенелукс кои ги боли таквото за другите и еден куп источно европски корумпирани политичари. И нормално тоа предизвикува анимозитет кај граѓанството.

Но придобивките се големи, судските одлуки ќе може лесно се оспорат пред европските институции, нашите политичари директно ќе бидат одговорни пред другите таму како и нашиот пратеник во парламентот ќе мора да оправда непродуктивно трошење на пари и ќе биде на тапет. Тогаш и посериозно ќе се разгори дебатата зашто ние ќе бидеме непосредни членови. Плус ти како граѓанин ќе имаш непосреден контакт со веќе твојата унија и ќе можеш директно да си аплицираш за многу работи без да се мачиш со нашите институции.

Се на се треба и да знаеш да ги искористиш придобивките а не да блееш и да си чекаш.

За другото, граѓанството и свеста како и тоа дека МОРАМЕ да се навикнеме на работнички менталитет никој неможе да ни помогне за тоа. Некои работи мора сами да си изградиме. Точно е специфичен народ сме тука, али со влез во ЕУ ќе имаме и поголем притисок да смениме некои навики.
 
Начекав интересен текст на интернет, напишан на еден Фејсбук пејџ:

ЕУ не е гаранција за успех, но бегањето од Европа за нас е гаранција за економски неуспех ... И пострашно

Поради небулозите кои ги шират провладините медиуми за ЕУ многумина почнуваат да се сомневаат дали воопшто Македонија би имала ќар од влез во ЕУ. Наведените "факти" кои водат кон НЕ се: Европа и онака не не сака, европската економија е во рецесија, Швајцарците не се во ЕУ а се побогати и живеат подобро, Македонија ќе гради автохтон модел на економски развој итн. Ваквите "факти" поминуваат кај многу луѓе, сум слушнал дури и од доктори на науки (не по економија) како Македонија може да стане и побогаа од ЕУ без да влезе во ЕУ, само ни требаат неколку големи инвестиции од фирми како Мајкрософт, Самсунг, и Тојота. Да не се залажуваме, најлесниот и најбрзиот пат до економски (и политички) развој за Македонија е преку ЕУ. Еве зашто:

1. Влезот во ЕУ носи пари за инфраструктура и земјоделие. Бугарија и Хрватска ќе добијат по 15 милијарди евра од ЕУ во наредните 7 години. Македонија, да беше земја членка, би добила (согласно нејзината популација и БДП) една третина од тоа, или околу 5 милијарди. Тоа се повеќе пари отколку се што сме добиле во изминативе две декади како донации, странски директни инвестиции, поволни кредити од меѓународни организации. Да ги додадеме и тајванската милијарда и парите на Субрата Рој и пак нема да стигнеме до сумата која би ја добиле од ЕУ во само 7 години. Инаку како претпристапни фондови (ИПА) од ЕУ во 2013 година добиваме 113 милиони евра, ни приближно блиску до она што би го добивале како земја членка.

2. Влезот во ЕУ бара реформи односно усогласување на законодавството и зајакнување на судскиот систем, т.е владеењето на правото. Без ваквиот "притисок", ниту Македонија ниту Хрватска ниту останатите земји не би ги достигнале таквите стандарди иако граѓаните и фирмите тоа го посакуваат. Еве на пример зашто до сега немаме целосно усогласено законодавство со европското во економските области како што на пример имаат Норвешка и Швајцарија. Никој не ни брани да ги воведеме истите правила на игра.

3. Европската економија е најголемата економија во светот - да, поголема и од таа на САД. Македонија за разлика од многу други земји ја имаа таа среќа да е опкружена од европската економија. Иако светот е мултиполарен и постојат други пазари кои македонските фирми ги освојуваат или пробуваат да ги освојат, неспорно е дека ЕУ е и ќе остане да биде главниот економски партнер на Македонија. Истото важи и за сите други земји кои се приклучија во унијата во изминатава декада.

4. Секоја од новите земји членки е денес побогата отколку што била пред да влезе во Унијата. Според економски процени, за земјите што влегоа во 2004-та година, припремата за членство и самото членство го зголемиле БДП за 1.75 проценти годишно во периодот 2000-08 година. За Македонија тоа би значело речиси дуплирање на економскиот раст кои го имавме во истиот тој период.

5. ЕУ членство е цел на сите балкански земји. Доколку Македонија остане надвор од ЕУ додека сите други влезат во ЕУ тоа ќе значи дека соседите ќе даваат многу повеќе пари на нивните фармери отколку што Македонија ќе може да си дозволи па ќе ги јадеме нивниот зеленчук и овошје. Сите транс-европски коридори ќе ја заобиколуваат Македонија и додека секаде ќе постојат само автопати и патарини, Македонија ќе биде единствената земја во Европа каде што камионите ќе застануваат на граница. Доколку останиот дел од Европа се развива побрзо од нас, уште повеќе македонци ќе ја напуштаат земјата и со тоа уште повеќе ќе се намалува човечкиот капитал во земјата. Е тоа е навистина ЦРНО сценарио!!!

А да не ги заборавиме политичките бенефиции од членство: бришење на границите и поврзување на сите македонци, поставувањето на македонскиот јазик како ЕУ јазик, еднаков со сите останати, и можноста гласот на Македонија да се слушне на масата на која седат лидери или фукнционери од сите останати ЕУ земји, како и можностасекој македонски граѓанин во странство да и се обрати на било која амбасада за помош.
 
Малку прескокнал некоја работа пријателов.КОЈ јазик еднаков? :свиркам:
 
А ќе бидеме позијан од ова сега? Мали плати, голема и партизирана невработеност, банките мајтап си играат со каматите, фирмите мајтап со работниците, институциите со граѓаните...и ако влеземе во ЕУ испаѓа ќе ни биде полошо.
Откако "се определи" за т.н. евроатлантски пат, Македонија има добиено многу милиони и милијарди, дел кредити, дел помош. Дали и како се искористени, тоа е веќе до нас. Еве што на секој говор вели секоја влада
Во својот говор премиерот нагласи дека европската и евроатланската интеграција на земјата остануваат во врвот на приоритети на владата.
Што народот ќе изгуби и кој у ствари ќе изгуби ако Македонија еднашка стане членка?
 
Илузија ли е дека ќе ни биде подобро во ЕУ?!

Не мора да размислуваме еве погледнете ги голтариве бугари колку им е подобро и колку се оправија од кога се во ЕУ и се ќе ви е јасно. Нели Азис?

Ако сакаш да споредиме икономските показатели па да видиме...
Ако сакаш да споредиме по изградена инфраструктура...
Да споредиме Боки,а? ;)
 
Ако сакаш да споредиме икономските показатели па да видиме...
Ако сакаш да споредиме по изградена инфраструктура...
Да споредиме Боки,а? ;)
Слободно. Во истиот период кој ќе го земеш од влагање во еу, стави паралела и на мак податоци во истите години, на Србија, Албанија и Хрватска. Истите години земи ги, остави ги овде.
Не се тревожи за Азис, сам си се пријави.
 
Аjде да споредиме.
Романиja влегува во 2007 година
romania-gdp.png

romania-gdp-growth-annual.png

Гледаме раст до 9,6% преди кризата и после влегуването во ЕУ.
Гледаме Романиja не е стасала после кризата на старото си ниво на GDP

Бугариja влегува 2007 година

bulgaria-gdp.png

bulgaria-gdp-growth-annual.png

Гледаме растове от 8% преди кризата и после влегуването во ЕУ.
Гледаме Бугариja е надминала ниво на GDP преди кризата.

Македониja
macedonia-gdp.png

macedonia-gdp-growth-annual.png

Гледаме Македониja е надминала ниво на GDP преди кризата.
Растове до 7,4%

Србиja
serbia-gdp.png

serbia-gdp-growth-annual.png

Србиja уште не е стасала нивото си преди кризата на GDP.

Албаниja
albania-gdp.png

albania-gdp-growth-annual.png

Албаниja во 2012 стаса точно нивото си пред кризата на GDP, поради големите странски инвестиции гледаме и раст от 11,4%

Хрватска

croatia-gdp.png

croatia-gdp-growth-annual.png

Хрватска гедаме е далеку от нивоата си пред кризата, но гледаме и како растове како е стасало до 6,9% и преди кризата уште затанува во проблеми.

Да видиме и како седат работите по друг показател.
6246661N.png

От се тоа можеме да видиме,дека само Хрватска како жизнен стандарт е пред државите от прошируването во 2007 година и ако икономиката j изпитува тежкотии уште пред кризата.
Групата на држави - Албаниja, Македониja и Србиja са во една кошница и седат малце под државите от прошируването во 2007 година, а и под Хрватска,коja влезе 2013 година. Тоа е заклучок на Евростат, не си го измислувам jaс :)
 
Треба ли сега после графикониве јас нешто да објаснувам? :D
И развојот на булгарија од кога е во еу е ист, помал или поголем од нон еу земјите?
 
Аjде да видиме по глава от жител.

Романиja влигува во ЕУ 2007 година
Романиja влегува на 9361$ - 2012 - 15163$
romania-gdp-per-capita-ppp.png

Бугариja влегува 2007 година
Влегува со 9809$ - 2012 - 14603$
bulgaria-gdp-per-capita-ppp.png

Македониja
2012- 11665$
macedonia-gdp-per-capita-ppp.png

Србиja
2012 - 11919$
serbia-gdp-per-capita-ppp.png

Албаниja
2012- 8945$

albania-gdp-per-capita-ppp.png

Хрватска влегува 2013, нема се уште податоци да видиме на какво ниво влигува.
2012- 20031$
croatia-gdp-per-capita-ppp.png

--- надополнето: 15 јули 2013 во 10:15 ---
Треба ли сега после графикониве јас нешто да објаснувам? :D
И развојот на булгарија од кога е во еу е ист, помал или поголем од нон еу земјите?

Можеш нешто да кажеш да ако сакаш. :)
Гледа се после 2007 и пред 2007 година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom