Илузии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
На оваа тема ме потикна романот Wei Hui: "Shangai, baby"? роман во кој една млада кинескиња ја кине маската на лажниот лицемерен морал,го осликува човекот и неговата нескротлива сексуалност во право светло,таа ја двои сексуалноста и љубовта,од љубов живее со еден ,а утеха на телото тражи во друг,тој е нејзина слабост и после секоја средба со него,иако чувствува срам,се врака дома и кажува на љубениот те сакам..

Дали е она луда,расипана...или е пак лице кое се бори против друштвото кое наметнува моногамност во спротивност на природните човекови нагони....?

Дали љубовта и сексот се исклучуваат,раздвојуваат?

Да ,човекот може да сака многу и долго,само една личност,но телото е створено за репродукција,секс,нему моралот,правилата не му значат ништо,тука е разумот што ке ја покрие таа внатрешна прљавштина,разумот ке го прикрпи се она што нагонското суштество ке го направи,но тоа е само надворешна представа,вулканот што внатре се направил ништо неможе да го угаси..

Човекот одсекогаш се гурал во шаблони,за да полесно се контролира,но дали со друштвено наметнатото моногамно однесување се занемарува исконската нагонската природа и човекот се фрустрира,кој иако наизглед ги контролира нагоните но на сметка на потиснување на вистинските нагони...


Затоа однадвор е се убаво и складно но одвнатре ,трулеж што ке го открие една ситница...
Книгава нема некоја особена уметничка вредност, но има приказна од која согледувам дека доколку човекот им се препушти исклучиво на нагоните и себичното себеудоволување, наскоро ќе убие некого... Најчесто некој кој многу го сака и кој не го заслужува(во случајов, дечко и` што умре од предозираност). Моногамноста е наметната во нашето општество, но еве да ги земеме харемите каде не е, за пример. И што мислиш дека таму се` посреќни? Затоа што можат да бидат со многу жени? Не се согласувам дека човек е посреќен ако си ги задоволува туку така бескомпромисно сопствените желби. Јас мислам дека за да си среќен со она што го имаш, треба прво да достигнеш некој степен на зрелост и искуство, кое главната хероина во книгава - го немаше. Општоземено, независно од книгава, љубовта и сексот се надополнуваат, не се исклучуваат. Јас баш напротив, мислам дека самото општество ги наметнува небулозите уште од детството на индивидуата. На пример, уште од 12 години таткото му вика на синчето - синко, бркни некоја женска, после го фали кога ќе почне дома да му ги носи 10 неделно... Сето тоа е во ред, во свое време, ама подоцна се рефлектира на начин што моногамноста повеќе не е интересна... Не им одговара... Повеќе не важи природниот закон, сега имаме теорија на општествен договор. Така се` подобро функционира. Та нели човекот се срами од тоа да биде сам, одвоен, поинаков?
 
Мојата поента точно, не е возможно секој од нас да биде само резултат на животински нагони и примитивни инстинкти, ако сме го немале мотивот на љубов и создавање ќе сме останеле сеуште да живееме во орди.
Убава поента, убави цитати , одбрани зборови,малку ми пречи само што во повеќето од постовите и дискусиите се употребуваат странцизми и интернационализми кои имаат „еквиваленти“ хехе, убави замени во нашиот јазик.
е сега на темата -би сакал да кажам точно она што Лејди го има кажано не потенцирано ( ја го подвлеков и зарцрнив). така и ја сваќам, можеби и грешам , дека сме склоп на и животинските нагони и инстикти, меѓутоа и на социјалното , свесното... ( за кое тврдат дека го нема кај животните, ама и за тоа може да се спори).
многу убаво би било доколку сте ја прочитале „вероника реши да умре“ од Куељо. Извикан, ваков онаков автор, не го земајте тоа во предвид ( јас така згрешив на почетокот, па не читав ништо од него, од кога слушнав луѓе што последна книга им е „зоки поки„ ми ја фалат „алхемичарот“) и прочитајте ја , има убава поента
 
Книгата Шангај бејби ќе ја памтам по тоа што типката милион пати кажа како она била не знам ти колку добра писателка (мислам на ликот во книгата- пошо ликот нели е писателка). Мислам дека жената беше крајно неодговорна и егоистична. Ако не може да се справи со тоа дека дечко и е импотентен наркоман треба да малку си ја чукне главата. А ние треба да ја контролираме нашата исконската нагонска природа а не таа нас фала богу. Убаво е да се има ,,див " секс повремено, ама не тој да има големи последици. Човекот е оппшествено суштество исто колку што е и биолошко
 
Би ве замолила да се воздржите од оценување на книгава од литературно/уметнички аспект и да се задржите на психолошко-филозофксата дилема која ја поставува.

он:
Мојата поента точно, не е возможно секој од нас да биде само резултат на животински нагони и примитивни инстинкти, ако сме го немале мотивот на љубов и создавање ќе сме останеле сеуште да живееме во орди.
Затоа и и ги поставив тие прашања на авторката на темава.

Од старт се дава груба поделба на нагон и возвишени емоции, и се става вештачко тежиште на нагонот како врховна сила и мотив.

Човекот не е еднодимензионален.
Ако претпоставиме дека е само нагон, ја игнорираме неговата свест, и обратно.

Ние сме повеќеслојни како природа. И нагонот и свеста се испреплетуваат. Не може да ги одвоиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom