Добро што ни појасни, иначе немаше да ни текне што пишува во линкот кој го оставивме.

Во врска со играва, да, она треба да служи како забава за оние кои првенствено се љубители на конспирации, а не оние интернет социопати кои се лишени од отворено размислување ама сепак настојуваат да се појавуваат на темите како оваа.
Кога се исмејуваат “конспирации“, треба да се земе во предвид дека буквално секој историски настан бил исполнет со бројни завери кои требале да овозможат остварување на целите. Доколку ова тврдење не е точно, тогаш воените конфликти ќе беа дисциплина на Олимпијадите.
Е сега, голем дел од овие завери никогаш не биле потврдени, но нејзините цели достигнати. Голем дел и понатаму се само обвиненија за завери бидејќи засега не се потврдени. А помал дел од заверите кој е потврден и соодветно документиран сведочи за оваа посебна дисциплина за
тактичко реализирање или стопирање на завери - основен работен опис на секоја државна служба за разузнавање или секоја нелегална организација. Како кому и зависно за што.
Се разбира дека недефинираните граници овозможуваат експлоатација на вештачки тврдења за завери, оцрнување на личности, обиди за ширење недоверба и сл.
Но ако сакаш, многу лесно и ваквото дејствување можеш да го претставиш како заговор, бидејќи во суштина претставува заговор против некого и нешто.
Затоа многу често,
се прави заговор со цел исмејување на тврдења за разоткриени конспиративни агенди.
Најчесто никој не знае дека и самиот е дел од заговорот, со тоа што одбира на која страна повеќе и верува, со што станува нејзин продукт.
Матриксот на заговори може да биде толку длабок, што човек нема појма дали треба да се согласува со нешто или не, кога нема сигурност дали со тоа не станува наменски продукт.
Кога ги гледам картиве од играва, си велам нема шанси ова да е направено во 90тите, со оглед на бројните совпаѓања со подоцнежни настани кои денес сеуште се под превезот на “конспирација“, а дури и да не се конспирации и нивното официјално објаснување да е вистина, фактот дека тие настани навистина се случиле е доволно морничав за да бидат дел од една игра која била дизајнирана многу порано.