Убаво се спомнува во видеото:Елитата која се крие позади корпорациите.
Понатаму:Парите се само алатка која ја користат за да не конролираат нас.
Таа елита се Илуминатите.
Парите се само алатка која се користи при размена на добра и услуги, средство кое ја ослеснува трговијата.
Одиш во T-Mobile да купиш телефон, како ќе платиш? Ќе им дадеш таму на каса два тони компири и 3 кокошки?
Како прво,зависен си од системот во кој живееш.За да имаш целосна независност,мора скрос да се изолираш од системот.
Единствениот спас ти е стопроцентна независност од системот.
А тоа значи живеење во природа.
Решението е многу едноставно: aко системот те ебе, пресечи му го курот. Сакаш целосна независност? Повели, изолирај се. Излези од матриксот, биди слободен, кажи НЕ на капитализмот и илуминатите, и оди живеј во планина.
Уште како дете,други луѓе одлучуваат за некои работи во твоето детство.
Бидејќи си дете, и не си доволно зрел за донесување исправни одлуки во животот. Кога ќе имаш свое дете, остави го само нека одлучува за се, да видиме до каде ќе стигне.
Гледаш тв,активен си на интернет,живееш спрема наметнати правила.
Гледам ТВ, бидејќи сакам Јунајтед да го гледам на ТВ, а не на компјутер. Користам интернет, бидејќи ми е потребен и од тоа заработувам.
Телевизијата и фејсбукот ти го хипнотизираат мозокот и те затупавуваат
И цијанидот може да ме отруе, ама не го пијам.
се облекуваш како и другите...
Не мора да се облекуваш како другите, биди уникатен - шетај низ град во невестински фустан, бела чорапа, шпиц кондура и маска за нуркање.
Голем дел од луѓето имаат работа што не ја сакаат.
И Рамче од Шутка сака да работи во НАСА, ама неписмен е, јеби га.
Одиш на школо и учиш работи од кои од повеќето би немал никаква корист во животот.
Не само што ќе немаш корист во животот од нив, дел од тие работи се и невистинити.
А со закон си обврзан дека на школо мора да одиш.
Ако не сакаш да учиш, не мора да учиш, отпиши се.
Горе-доле го правиш тоа што и другите го прават.
И кој ти е крив за тоа? Прави различно, никој не ти брани. Ако другите одат на работа, ти не оди. Ако другите се женат, ти остани неженет. Ако другите одат на нозе, ти биди различен, оди на раце.
Се донесуваат закони во кој ти немаш никакво учество.
Хипотетичка ситуација во која сите учествуваме во донесувањето закони. Ти сакаш да се донесе некој закон, јас не сакам. Чаре?
на пазарот ти се нуди отровна храна
Сам произведувај си храна. Ем ќе заштедиш пари, ем нема да се отруеш.
фармакологијата ти го крие лекот за најстрашните болести.
Ако лекот го кријат и не го продаваат на обичните смртници, тогаш зошто воопшто го произвеле? Го чуваат само за најбогатите? Стив Џобс беше милијардер, но умре од рак.
за твојата безбедност се грижат лица на кои им е гајле само за платата што ја земаат
Оди ова кажи им го на семејствата на бранителите кои загинаа во 2001ва.