Икона во вашиот дом

  • Креатор на темата Креатор на темата Рамада
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејки сум религиозен имам неколку икони од Богородица со Исус, Богородица со златната рака, Св. Петка Параскева, Св. Ана, Св Троица, Св. Недела сите осветени. Ги чувам на источна страна во дневната соба. Најважно е да знаете сите што имате било каква икона дома дека НЕ СМЕЕТЕ да ја бришете со влажна крпа или што и да било друго намокрено парталче, исклучиво само со суво, иконата не се чува таму каде што се спие пр. детски соби, спални соби итн, пред иконите не смее да се има сексуални односи, да се шетате без долна облека итн.
 
Икона од Св. Димитрија како го убива аждерот (не ја знам приказната). Куќна слава ни е Митровден, па затоа... Што е до мене и неа би ја немало, ама ајде традиција е :)

Свети Ѓеорѓија ја убил аждајата, а свети Димитрија ги протелрал словенските варвари од Солун и затоа на иконата е претставен со копјето вперено кон некој човек.

--- надополнето ---

Поучен текст за и околу иконите: http://www.veronauka.com.mk/osvrt/ikonite.html

Овој текст не е православен, ами од баптистичката секта „Радостна вест“.
 
[/COLOR]

Овој текст не е православен, ами од баптистичката секта „Радостна вест“.

А мора да биде православен за да биде веродостоен? Што стана со тоа да побараш и други извори? Католиците викаат едно, протестантите друго, а православните се држат за иконите без да размислат дали тоа е добра идеја, а пред се дали е христијански (изворно и библиски). Муслиманите ич и да не ги прашуваме.
Зарем не вреди да ги слушнеш и другите што имаат да кажат, или само ќе си се држиш до она кое на тебе ти оди во прилог без да истражуваш малку?

Не е вистинска онаа религија (или Бог, религиозен водач) која одговара на тоа што до тогаш си го верувал, или која бара најмалку одрекувања, туку онаа која може да ги издржи сите тестови, да се соочи со сите факти и секако: да ги трансформира животите на верниците кон подобро.
 
Стејси,
што е тоа кое ние, православните рисјани и „идолопоклоници„, допрва треба да го „истражиме„ а кое Црквата и нејзините апологети не ни го кажале, кога се во прашање иконите? Па седмиот вселенски Собор, за век и вјеков го расчисти прашањето за „идолопоклнството„ на иконите, и, сега, што има тука ново? Што допрва треба да се истаржува, кога воопшто не е проблем да се прочитаат или најдат и туѓите ставови кон иконите, кои ни оддаелку не се во духот на православниот катихизис?

Патем кажано, во мојата соба имам еден куп икони, да не ги именувам...и ни во лудило не мислам дека сум идолопоклоник.
 
Не е важно што ТИ мислиш дека си, туку што БОГ знае дека си. На крајот на краиштата не се работи за нас, туку за Неговото Царство и Неговата слава.
 
А мора да биде православен за да биде веродостоен? Што стана со тоа да побараш и други извори? Католиците викаат едно, протестантите друго, а православните се држат за иконите без да размислат дали тоа е добра идеја, а пред се дали е христијански (изворно и библиски). Муслиманите ич и да не ги прашуваме.
Зарем не вреди да ги слушнеш и другите што имаат да кажат, или само ќе си се држиш до она кое на тебе ти оди во прилог без да истражуваш малку?

Не е вистинска онаа религија (или Бог, религиозен водач) која одговара на тоа што до тогаш си го верувал, или која бара најмалку одрекувања, туку онаа која може да ги издржи сите тестови, да се соочи со сите факти и секако: да ги трансформира животите на верниците кон подобро.
Што подразбира болдуваното -изворно? Честопати го среќавам, но некако тој поим останува нејасен.
 
Изворното христијанство ги изоставува традициите, отците, иконите и се останато што не е дел од првобитното христијанско учење, туку се држи до она што ни е проповедано од Христос и од апостолите.
 
А што, до Бога, Вие „изворните„ и уште, згора на све, самонаречени „христијани„, правите во текот од Вашите животи? Која и каква побожност практикувате? На форумов, се изначитав од ставови од „изворните„; кои се сведуваат на: „...ние не правиме ова, ние не правиме она...„. т.е. „...ние не правиме ништо како православните „идолопоклоници...„. Добро де, што, „у ствари„, правите? Рафално пласирате библиски цитати по форуми и со то, готово, влеговте во Рајот?

На што се должи Вашата „изворност„, кога немате традиција подолга од 150 или 300 г. (зависно од конфесијата), наспроти овие 2000 г. од Едната, Света, соборна и Апостолска Црква, која има расчистено дека иконите не се идолопоклонство?
 
Изворното христијанство ги изоставува традициите, отците, иконите и се останато што не е дел од првобитното христијанско учење, туку се држи до она што ни е проповедано од Христос и од апостолите.
Изворното христијанство (напишано од самите изворни со мала “х“), заборава дека Утешителот е и ќе е со Црквата Христова во вјек и вјеков, почнувајќи од Педесетница, преку времето, а заедно со Црквата ќе е и во Есхатонот. Пребивајќи со Црката, на Седмиот Вселенски Собор, Духот Свети решил да го отфрли иконоборското учење како еретичко.
 
Темава е Икона во вашиот дом .. имате, немате, каква имате, зошто имате, зошто немате итн ...
не ја сведувајте на „препукувања“ ќе ве молам .. најдете соодветна тема за тоа .. или пак отоврете нова ..
 
Немам, и никогаш не би ставил слики на намќорски фаци од луѓе со цел да ги обожувам како идоли. Побрзо би ставил од Боб Марли или Џими Хендрикс... :)
 
Бидејки сум религиозен имам неколку икони од Богородица со Исус, Богородица со златната рака, Св. Петка Параскева, Св. Ана, Св Троица, Св. Недела сите осветени. Ги чувам на источна страна во дневната соба. Најважно е да знаете сите што имате било каква икона дома дека НЕ СМЕЕТЕ да ја бришете со влажна крпа или што и да било друго намокрено парталче, исклучиво само со суво, иконата не се чува таму каде што се спие пр. детски соби, спални соби итн, пред иконите не смее да се има сексуални односи, да се шетате без долна облека итн.

Сум чул за еден брачен пар кои имаат икона во спалната и пред секој сексуален однос ставаат нешто како марама пред очите на светецот на иконата за да не ги гледа додека они си онадат. Дали тоа е дозволено?
 
Имам икони дома.На десктопот ми стоат.
 
И јас „...сум чул...„ а и од „...други сум слушнал...„..., рече д-р Паника.
 
Темава е Икона во вашиот дом .. имате, немате, каква имате, зошто имате, зошто немате итн ...
не ја сведувајте на „препукувања“ ќе ве молам .. најдете соодветна тема за тоа .. или пак отоврете нова ..
Со прашањето сакав да си објаснам за тоа изворно христијанство -што е и дали е навистина изворно, според кого е изворно и дали не е само илузија за самите нив дека е почетно и изворно. Едноставно после повеќепати повторен збор, истиот ми отвори дилема -од каде оние кои го практикуваат овој правец се сигурни дека
туку се држи до она што ни е проповедано од Христос и од апостолите.
е тоа токму она што Христос и апостолите го имаат проповедано. Но тоа е веќе тема за оние кои се длабоко навлезени во книгите и учењата, јас немам такво познавање за да спорам со овие луѓе, нека веруваат во тоа што сметаат дека е добро. Сепак гледам има таква тема па таму ќе читам што и како е со ова учење.

Што се однесува до иконите, имам, но не сум знаел дека се поставуваат на источната страна. Добро е човек да научи нешто да практикува правилно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom