THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.341
Кавадаречката компанија ИГМ ќе гради железарница кај местото Дуброво, во близина на Неготино, пренесе МИА. Во локалната самоуправа очекуваат близу 1.000 нови вработувања
Претседателот на советот Сашо Николов, вели дека оваа инвестиција во градот ќе биде најголема во последните дваесетина години. Тој додава дека советниците ја прифатиле иницијативата за изработка на урбанистички план.
- Планот на инвеститорот е да се изгради фабрика - железарница, на површина од речиси еден милион квадрати, во која ќе се произведува топловалан и ладновалан челик преку фази на собирање, обработка и топење челичен отпад, лиење челик, добивање топловалани лимови, поцинкувани и пластифицирани лимови - изјави Николов.
Тој вели дека новите вработувања ќе се извршуваат сукцесивно, а проектот ќе се одвива во три фази.
"Велешка Топилница 2" или нешто друго ?