ieee - Институт за инженери по електротехника и електроника

  • Креатор на темата Креатор на темата гринго
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.298
Поени од реакции
569
Локација
Овде
Институтот за инженери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers - IEEE) е најголемото светско професионално општество. Основана во 1884, IEEE е непрофитабилна организација и има повеќе од 360000 членови во 150 земји. Преку нејзините членови, IEEE е катализатор за технички иновации и има водечко место во области како што се автоматиката, компјутерското инженерство, електричната моќност, корисничкатa електроника, био-медицинската технологија, телекомуникациите и многу други. Објавува повеќе од 30% од светската литература за електротехника, електроенергетика, компјутери, телекомуникации, електроника, роботика и организира над 300 големи конференции и 6000 локални состаноци годишно. Препознатливи како значајно водечки во секоја индустрија, во употреба денес има над 800 активни IEEE стандарди, а моментално околу 700 се во развој.

Ваши искуства со iеее и нешто повеќе од тие што се во поблизок контакт со ieee. Дали сте претплатени, како може да се читаат книги и артикли итн.?

П.С. сместете ја темава каде и е место ...
 
Не е баш со темава, ама денес на радио на една емисија добро ли чув.
Наше „дете“- студент на Ел техн.Ф. во Скопје има иновација,за на мобилките или и комјутерите, да говорното веднаш го претвараат во текст или нешто слично.
Пр. зборуваш:поврзиме со Аница и „тој“ сам го наоѓа бројот и врската е поставена.
 
Не е баш со темава, ама денес на радио на една емисија добро ли чув.
Наше „дете“- студент на Ел техн.Ф. во Скопје има иновација,за на мобилките или и комјутерите, да говорното веднаш го претвараат во текст или нешто слично.
Пр. зборуваш:поврзиме со Аница и „тој“ сам го наоѓа бројот и врската е поставена.

Сигурно е нешто друго, ова со гласовно бирање го има уште од времето на Nokia 3310.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom