Иднината на Египет

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Хосни Мубарак ќе падне од власт?


  • Вкупно гласачи
    56
Никако не ми изгледа дека е на добро работава.

Веќе сега се гледаат контурите на новиот Хезбалах.

Да не заборавиме дека најверојатно ќе има парламентарен систем каде што партија која што ќе освои на пр. 20% од гласовите може да има диспропорционално големо влијание (баш како Хезбалах во Либан).
 
Читајќи за случувањата во Египет и реакциите во светот, човек ќе си помисли дека најдобрата власт доаѓа да го води Египет.
И да се воведе демократија, демократијата не значи дека ќе биде се како што левичарите си замислуваат, права и слободи по западен терк.
Ако се види расположението на мнозинството граѓани во Египет и нивниот став кон Шеријатот
080710Sharia1_hbn3567bg123v.gif

се сомневам дека следниот Египет ќе им се бендиса на најголемите странски подржувачи.
 
Читајќи за случувањата во Египет и реакциите во светот, човек ќе си помисли дека најдобрата власт доаѓа да го води Египет.
И да се воведе демократија, демократијата не значи дека ќе биде се како што левичарите си замислуваат, права и слободи по западен терк.
Ако се види расположението на мнозинството граѓани во Египет и нивниот став кон Шеријатот
080710Sharia1_hbn3567bg123v.gif

се сомневам дека следниот Египет ќе им се бендиса на најголемите странски подржувачи.

Ма не,тие што протестираат не се муслимани.Само "загрижени граѓани".

M2X00047_9.JPG
 
article-1353787-0D0B76B3000005DC-430_634x375.jpg


Да ти ебем религија! ...било која!
 
Војници го расчистуваат опозицискиот камп на плоштадот Тахрир
Египетското воено раководство вчера го распушти парламентот, го суспендира Уставот и соопшти дека ќе владее само шест месеци или, пак, додека не се одржат фер и демократски избори во земјата. Во соопштението на Високиот воен совет, кое следува два дена откако претседателот Хосни Мубарак поднесе оставка, попуштајќи на големиот притисок и 18-дневните протести, било ветено и одржување референдум, на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат за новиот устав. Воениот совет ќе може да донесува нови закони за време на транзицискиот период, кој, според некои аналитичари, не е јасно колку би можел да трае.

Египетската војска, пренесуваат светските медиуми, се очекуваше вчера да издаде јавно предупредување до сите што предизвикуваат хаос и безредија во земјата. Според висок армиски претставник, Воениот совет ќе ги забрани собирите на работничките или професионалните синдикати, со што всушност ќе го забрани одржувањето штрајкови во земјата.

Како што пренесува Ројтерс, првичниот одговор на опозициските претставници и лидери на протестите бил позитивен, со што се испраќа сигнал за поддршка на војската и смирување на ситуацијата во земјата, која беше потресена од повеќенеделните демонстрации против Мубарак, во кои животот го загубија над 300 лица.

- Ова е победа за револуцијата - изјавил опозицискиот политичар Ајман Нур, кој на изборите во 2005 година му беше противкандидат на Мубарак и подоцна беше притворен поради наводно фалсификување документи.

Претходно, египетскиот премиер Ахмед Шафик порача дека воспоставувањето безбедност во Египет е приоритетна задача на Владата.

- Ние треба да направиме сé што е можно за да им обезбедиме нормален живот на сите - истакнал Шафик.

Тој ветил дека Владата ќе се справи со корупцијата и дека на народот ќе му се вратат правата. Според него, економијата на Египет е стабилна и консолидирана.

- Внатрешната економска состојба е солидна, имаме доволно резерви за претстојниот период, а ситуацијата влева оптимизам. Кабинетот ќе ги намали цените на храната - нагласил Шафик.
Во врска со назначувањето министри во новиот кабинет, Шафик посочил дека внимателно ги проучуваат сите кандидатури за функциите, кои треба да одговараат не само на нивните барања туку и на оние на јавноста.

Ситуацијата во Каиро вчера полека почнала да се враќа во нормала, со исклучок на помали инциденти на централниот плоштад „Тахрир“, каде што војската почнала да ги растура шаторите на демонстрантите, за да обезбеди нормално одвивање на сообраќајот. Некои од демонстрантите порачале дека планираат да останат на плоштадот сé додека воениот совет не ги исполни ветувањата. Според нив, потребно е итно ослободување на политичките затвореници, укинување на вонредната состојба, која Мубарак ја користеше за задушување на опозициските движења, затворање на воените судови, одржување слободни избори и мирно предавање на моќта на цивилните структури во општеството.
Статуи на Тутанкамон украдени од Египетскиот музеј
Осум важни експонати се украдени од Египетскиот музеј, меѓу кои и статуата на Тутанкамон, изјавил египетскиот државен министер, одговорен за антиквитетите, Захи Хавас.

- Меѓу украдените експонати се позлатената дрвена статуа на фараонот од 18. династија Тутанкамон, држена од божица и делови од позлатена дрвена статуа на Тутанкамон, кој лови риба со харпун - прецизирал Хавас.

Крадци насила влегоа во музејот, кој се наоѓа на плоштадот „Тахрир“ во Каиро, на 28 јануари, кога масовните протести доведоа до повлекување на полицијата од улиците на неколку дена, јави МИА.
Во Алжир уапсени над 400 лица
Над 400 демонстранти, кои учествувале на протестен марш во центарот на алжирската престолнина Алжир, биле уапсени за време на викендот, зголемувајќи ги стравувањата на тамошните власти, дека народниот бунт, кој доведе до соборување на претседателите во Тунис и во Египет, ќе се прошири и во оваа африканска земја. Демонстрантите барале демократски реформи и покрај официјалната забрана за организирање собири.

Тешко вооружена полиција ги блокирала улиците на Алжир и поставила барикади околу градот за да ги спречи демонстрантите од другите делови на земјата да влезат во главниот град. Но и покрај силното полициско присуство, неколку илјади Алжирци успеале да дојдат во центарот на градот, каде што се судрија со тројно побројните полициски сили.Директорот на Алжирската лига за заштита на човековите права, Али Јахија Аденур, изјавил дека меѓу уапсените има жени и странски новинари. Според неговата процена, во градот имало дури 28.000 припадници на полицијата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21411923252&id=11&prilog=0&setIzdanie=22206
 
ми мириса на загорена работава таму
мубарак счушнав на вести дека паднал во кома(yeah right) а идејава за војската да ја контролира државата некако не ми птима најубо
 
Египет по диктат на демократските западни земји ќе се претвори во демократија многу слична на Ирак.
Таму имаме еден “позитивен“ пример како западот практикува демократија.
Господ на помош нека му е на Египет.
 
Како и да е ваљда ќе е подобро.Народот очекува демократски избори,само уште не знае што значат избори.Тоа е само илузија дека народот ја има моќта да избрира.На крај во секоја земја,изборот се сведува на тоа дека уствари немаш избор.Исто гомно - друкше спакувано.
 
Египет по диктат на демократските западни земји ќе се претвори во демократија многу слична на Ирак.
Таму имаме еден “позитивен“ пример како западот практикува демократија.
Господ на помош нека му е на Египет.

Или запад или русија или кина било кој ќе ги рани, нафта увезуваат ( малце) а храна 50 проценти име увезена не можат да се преранат . They are fucked , дури и некој да дојде кој навистина сака да направи добро на египет пак ќе мора да седне и некој да моли за да го нарани својот народ :)
 
Lupos, неможеш да живееш во изолиран свет, та дали со Кина, Русија па и САД.
Што од тие односи има корист обичниот народ.
Практика на запад е двете опции да се западни, каде приватни компании ќе ги цицаат ресурсите на земјата а преку социјалниот инжинеринг народот ќе го хранат со некакви идеали за демонкратија.
Ова во моментот што се прави со Египет е лажна револуција, затоа што тој што го местат доаѓа од истото друштво, масон, добитник на нобел, живее на запад.
На Египет му треба еѓипќанец кој си ја сака земјата и народот.
 
Back
На врв Bottom