Идеална возраст за брак

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум против абортус без разлика на ситуацијата...ништо не го оправдува убиството на сопственото дете...како прво никогаш не би била со некој само за една вечер, а доколку ти е случи во долга врска со некој што го сакаш и те сака не гледам причина за абортус...после секој абортус големи се шансите никогаш повеке да не фатиш дете во рака подобро ли е тоа?Што ке ти служи потоа работата и парите на кого ќе ги трошиш тие пари? Инаку најдобра возраст за брак нема тоа е индивидуално кај секој...доколку некој не студира не гледам причина да не се омажи и на 20 години со личност на исто ниво...па со оглед на тоа дека јас ќе студирам сметам дека 25 години е одлична возраст за брак....а за деца откако ќе имаш сигурна работа и добра финансиска состојба

Прво грешка си дека се големи шансите никогаш да нема повторна бременост. Мислам....................
А второ, се согласувам дека оние кои не студираат и веднаш после средно се вработуваат, многу порано почнуваат да се грижат за себе и да заработуваат - кај нив ми е јасно и дека порано ќе стапат во брак - иако не е нешто што сметам дека е исправно. Но тоа е веќе избор.
Но деца од 17, 18, 19 години и брак, тоа е погрешно. Бидејќи ти ЌЕ студираш, значи си средно. Можеш себеси да се замислиш како способна за мајка? Или било која од твоите врснички?

Ако нејќете да бидете мајки, а од друга страна нејќете ниту да абортирате, користете кондоми.
Поголемо сочувство и разбирање имам кон оние кои свесно решаваат дека не им е време за да бидат родители, од оние кои по секоја цена раѓаат деца и се лоши родители.
Подобро не биди родител, отколку лош родител.

А 25 е и според мене добра возраст. Ако немаш поголеми амбиции.
 
Па не велам дека немам големи амбиции затоа реков дека не сакам веднаш да имам деца кога ќе се омажам...да имам простор да напредувам во кариерата и секако не спомнав за да стапам во брак главен предуслов ми е да бидам вработена не би стапила во брак доколку треба некој да ме издржува а и 25-26 години со завршено обраование и магистерски студии,вработена со можност за напредување...сметам дека воопшто не е знак за неамбициозност
 
образовани: мажко 28-32, женско 26-30
необразовани: мажко 24-28, женско 22-26
 
ако и е колку да се омажи - од 19 па даље ..
ако брка кариера - од 27 па даље ..

идеално за мене, 25-6 .. :)
 
Идеална возраст е кога и двајцата ќе сакаат да си ја официјализираат врската без разлика дали ќе биде на 20, 30 или 40 години. Чим има желба од двете страни времето е погодено.

Инаку бракот воошто нема врска со образованието затоа што може да си во брак па пак да си бркаш кариера а гледам повеќето сметаат едното го исклучува другото што воопшто не е точно.
 
Па не велам дека немам големи амбиции затоа реков дека не сакам веднаш да имам деца кога ќе се омажам...да имам простор да напредувам во кариерата и секако не спомнав за да стапам во брак главен предуслов ми е да бидам вработена не би стапила во брак доколку треба некој да ме издржува а и 25-26 години со завршено обраование и магистерски студии,вработена со можност за напредување...сметам дека воопшто не е знак за неамбициозност

Да, но ти си жена. Жена со мали деца - не напредува во кариерата, или напредува, но е лоша и неодговорна мајка. Јас не знам како со малецко детенце би успеала да останувам до подоцна на работа, да одам по семинари, да работам проекти по дома... Некако, би ми било нефер према детето.
Но, животот не можеме да го планираме. Доколку би имала солидна работа, и притоа би нашла партнер соодветен на моите барања, веројатно предноста на семејството би му го дала, пред да дадам предност на станувањето доктор на наука. Ќе го одложам тоа за кога децата ќе ми пораснат.

Затоа сметам дека идеална возраст за брак и деца ми е 27=28, 30.. тука некаде :)
--- надополнето: Jul 16, 2011 7:29 PM ---
Идеална возраст е кога и двајцата ќе сакаат да си ја официјализираат врската без разлика дали ќе биде на 20, 30 или 40 години. Чим има желба од двете страни времето е погодено.

Инаку бракот воошто нема врска со образованието затоа што може да си во брак па пак да си бркаш кариера а гледам повеќето сметаат едното го исклучува другото што воопшто не е точно.

Олга Мурџева - Шкариќ не се согласува со тебе за болдираното....
 
Да, но ти си жена. Жена со мали деца - не напредува во кариерата, или напредува, но е лоша и неодговорна мајка. Јас не знам како со малецко детенце би успеала да останувам до подоцна на работа, да одам по семинари, да работам проекти по дома... Некако, би ми било нефер према детето.
Но, животот не можеме да го планираме. Доколку би имала солидна работа, и притоа би нашла партнер соодветен на моите барања, веројатно предноста на семејството би му го дала, пред да дадам предност на станувањето доктор на наука. Ќе го одложам тоа за кога децата ќе ми пораснат.

Затоа сметам дека идеална возраст за брак и деца ми е 27=28, 30.. тука некаде :)

Олга Мурџева - Шкариќ не се согласува со тебе за болдираното....

Со болдот и јас се согласувам, со напомена дека чим жената осети потреба да роди а имаат доволно финансии треба да роди а не да чека. Само треба двајцата да се толерантни и да имаат одлична врска што се поретко се наоѓа. Ако тргнам од себе (како јас би реагирал) ќе речам не си во право и дека е се можно но ако гледаме глобално стварно е тешко кога најчесто партнерот не е 100% погоден ниту пак финансиите а уште помалку професијата.

Шкариќ не мора да се сложи со мене, знам дека е можно затоа што е бракот само официјализирана врска (која не мора одма да даде деца) но и со деца може но доста потешко. За просекот без пари и работа е катастрофа така да и тука ќе се сложам дека си голем дел во право но исклучоците со доволно финансии и супер врска ќе можат да бидат бајаги флексибилни и да успеат таму каде другите не можат :).

Вака гледано најголем дел лежи во парите :).
 
Pa zatoa i rekov deka ne sakam vednas da imam deca dodeka ne ja stabiliziram finansiskata sostojba ...ali nema veza ;)
 
Со болдот и јас се согласувам, со напомена дека чим жената осети потреба да роди а имаат доволно финансии треба да роди а не да чека. Само треба двајцата да се толерантни и да имаат одлична врска што се поретко се наоѓа. Ако тргнам од себе (како јас би реагирал) ќе речам не си во право и дека е се можно но ако гледаме глобално стварно е тешко кога најчесто партнерот не е 100% погоден ниту пак финансиите а уште помалку професијата.

Шкариќ не мора да се сложи со мене, знам дека е можно затоа што е бракот само официјализирана врска (која не мора одма да даде деца) но и со деца може но доста потешко. За просекот без пари и работа е катастрофа така да и тука ќе се сложам дека си голем дел во право но исклучоците со доволно финансии и супер врска ќе можат да бидат бајаги флексибилни и да успеат таму каде другите не можат :).

Вака гледано најголем дел лежи во парите :).

Проклет да си, ме натера книгата да ја барам меѓу 3 000 што ги имам, само за да не зборувам на памет, и да цитирам :)

Значи, ќе го скокнам делот за развојните промени кај студентите за да не ја расплинувам многу темата, бидејќи е јасно дека нивните мотиви и нивните амбиции во прв план го ставаат академското и професионалното достигнување.
Затоа, ќе ја цитирам дотичната Шкариќ, околу развојните промени на оние со средно образование.
Имено ,, Иако има помалку истражувања на оваа популација заради недостапноста, сепак тие што ги има индицираат дека преминот кон зрелоста кај нив е покус. Ова се млади од пониски социо-економски слоеви. Привилегијата за оние од повисоките слоеви е што имаат можност да го преиспитуваат својот идентитет и што сметаат дека преминот кон зрелоста може да потрае до 30 година. Оние што веднаш по матурата почнале да стопанисуваат, порано созреваат, формираат свои семејства и во 28 година можат да се слушнат како изјавуваат за себе: ,,Е, кога јас бев млад!“. Работата им причинува помало задоволство и им дава помала можност да се изразат себеси. Особено постои разидување меѓу младите жени само со средно образование и оние со факултет во поглед на синтезата меѓу професионалното и личното. Жените со средно образование во периодот на премин кон зрелоста мечтаат за да се омажат за да престанат да работат и тие немаат феминистички идеи. Особено високо ги вреднуваат улогите на мајки и сопруги.
Младите со високо образование имаат поголема шанса да најдат работно место со поголема самостојност, со посложени активности и лична одговорност. Тие тежнеа да остварат кариера. Младите со средно образование работат поедноставни активности, извршуваат задачи под нечија контрола и се понесамостојни. Овој расцеп во поглед на задоволството од работата е се поизразен во текот на зрелите години.
Младите со средно образование бираат постабилно работно место за да го задржат и се стремат, час поскоро, да формираат семејство. Во изборот на брачниот партнер битно влијание има временската и просторната близина и сличното социјално потекло. Изборот е личен.“

Има уште многу, но мислам дека е ова доволно :)

Дали мислиш дека образованието нема улога, и дека Шкариќ греши?
 
64 за машко и 62 за женско
 
Проклет да си, ме натера книгата да ја барам меѓу 3 000 што ги имам, само за да не зборувам на памет, и да цитирам :)

Дали мислиш дека образованието нема улога, и дека Шкариќ греши?

Мислам дека воопшто не сме се разбрале и дека за сосема различни работи збориме :).

Кога реков бракот нема врска со образованието и едното не го исклучува другото мислев дека двајца што се сакаат и решаваат да стапат во брак можат и после стапувањето во брак да си ги бркаат кариерите нешто што моите го направиле и постигнале многу и покрај бракот. Кога велам брак мислам на официјализирана врска која како што претходно реков може бргу а и не мора да донесе деца.

Така да ако дискутираме дали образованието влијае на решението дали порано или подоцна ќе се создаде семејство се согласувам со тебе и Шкариќ, евидентно е дека влијае и тие кои веднаш после средно ќе се вработат природно е порано да созададат финансиски услови за деца па и порано да созреат (барем така би требало да биде).

Но пак ќе се вратам на моето ако се двајцата заљубени еден во друг и сметаат дека го нашле идеалниот партнер со кој сакаат да создадат семејство можат да решат стапат во брак и да продолжат заедно да си ги бркаат кариерите. Во таков случај бракот (ако е добар) само ќе им даде една додатна стабилност во врската.

Децата се веќе нешто друго и јасно е дека чим дојдат мајката ќе мора привремено (ама не трајно) да ја стави кариерата во мирување па чим детето малку потпорасне да ја продолжи ако сака.

Верувам и ти самата ако утре имаш среќа да го најдеш дечкото за кој ќе речеш тој е вистинскиот, јас овој не го пуштам за ништо на свет и со него сакам да има фамилија и да се будам покрај него секој ден можеш уште задутре да се венчаш (ако сметаш нема повеќе барање друг) а да имате деца кога и двајцата ќе сакате. Едино ќе имаш бурма која и не мораш да ја носиш ако не сакаш.

Жал ми е за книгата што си ја барала ама баш добро ти дошло да обновиш знаење ;).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom