@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
СО ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА СЕ ОЧЕКУВААТ И НИСКОБУЏЕТСКИТЕ
И Македонецот ќе лета за Париз за 20 евра?
Скопје, 3 Декември 2009
Таквите авиокомпании веќе најавуваат влез во поширокиот балкански регион, пред се во Србија, а нашите воздухопловни власти најавуваат такво нешто веќе од почетокот на идната година. Македонските патници би можеле по Нова Година да очекуваат пониски авиобилети до европските дестинации, особено што се очекува поголема фреквентност по укинувањето на визите веќе од 19 декември и влез на таканаречените нискобуџетски авиокомпании кои превезуваат патници за само неколку десетини евра,
(без аеродромски такси), а кои инаку се хит во Европа. Визната либерализација, според некои најави од Министерството за транспорт и врски, но и од воздухопловните власти, треба да го зголеми интересирањето на таквите европски авиопревозници да летаат до и од Република Македонија.
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) велат дека освен интерес, нешто поконкретно од нискобуџетски европски авиокомпании засега нема. Според Зоран Крстевски, директор на АЦВ, нереално е сега да се очекува намалување на цените на авиобилетите по паѓањето на шенгенската завеса. Прво, вели тој, авиокомпаниите не знаат дали и каков документ ќе им се издава на македонските патници на граничните премини, т.е. на аеродромите. А, ова, како што наведува тој, е значајно зашто пеналите се многу високи во авијацијата, ако некој патник биде вратен од граничните органи.
-Сепак, се очекува во јануари да има поголем интерес за Македонија од страна на нискобуџетски компании - вели Крстевски.
Тој вели дека има некакви најави за такво нешто, а посочува и дека претставници од Владата преговараат со неколку заинтересирани компании.
-Треба да се види колкав ни е пазарот и неговата атрактивност. Не треба со визната либерализација да мислиме да ги однесеме македонските граѓани на шопинг до европските метрополи, туку тука да донесеме туристи. На пример, властите на Задар цела година плаќаат за да го рекламираат Рајан Ер да им носи туристи. Никој нема да ги вози патниците по ниски цени, што не му се економски исплатливи, бидејќи има трошоци. Затоа не е едноставно да донесеш ниско буџетска авиокомпанија, тоа е еден цел проект - вели Крстевски.
Тој беше дел од владиниот експертски тим, што веќе контактирал со неколку авиокомпании, кои рекламираат евтини летови низ Европа, а од каде како еден од условите за доаѓање во Македонија беше посочувано токму паѓањето на визната бариера и за македонските граѓани.
Меѓутоа, нискобуџетските авиокомпании веќе најавуваат влез во поширокиот балкански регион. Деновиве бевме бомбардирани со информации за евтини авиоврски и летови од Србија до европските дестинации. Така, срски ЈАТ Ервејз нуди промотивни авиобилети од Белград до Париз за 19 евра. По таа цена ќе бидат и билетите во еден правец за Амстердам, Атина, Берлин, Брисел, Копенхаген, Дизелдорф, Франкфурт, Љубљана, Милано, Рим, Солун, Стокхолм, Штургарт, Трст, Виена и Цирих. Освен ЈАТ по повод визното ослободување, поевтини билети ќе продаваат и други авиокомпании кои сообраќаат со Србија, како Флај Ники, која започнува со директен лет Белград - Виена по цена на билетите од 29 евра.
Авиокомпанијата Луфтханза нуди уште поевтини цени од оние на ЈАТ, при што со неа за 16 евра може да се лета до Фиренца, Рим и Венеција, а авионски билет до Минхен чини 21 евро, до Цирих 28, до Лондон 51 и до Париз 60 евра.