И јас тебе те сакам, ама не баш

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Ахам, читам овде све светци и светици. Не возвратиле со „те сакам“ кога им го рекле истото, доколку навистина тоа не го мислеле. Шега? Не.
Искрена да бидам, сум го рекла, а и не сум го мислела тоа. И ич уво не ми чуе, бидејќи скоро сигурна сум дека и типот не бил скроз искрен. Не можам да сфатам како толку сите спуштаат капа на оваа фраза, кога не докажува ништо, ама апсолутно ништо. Љубовта (доколку ја има) би се докажала инаку, со дела и недела.
Патем, сите сме јаки на зборови.


Е сеа и ти на ова тема светици и светци :)
Да е темата за неверство ајде де, ама овде... Едноставно има луѓе што не можат да речат те сакам, еве и јас спаѓам тука. Можам да му кажам на дечко единствено, ако го сакам нормално, на други личности не. Имам другарки што ги сакам, некои роднини, најблиски, другари... Често ми рекле те сакам, но јас не можам да им речам, а ги сакам :S
А камоли на некој што не го сакам да му речам те сакам, нема шанси.
 
Е сеа и ти на ова тема светици и светци :)
Да е темата за неверство ајде де, ама овде... Едноставно има луѓе што не можат да речат те сакам, еве и јас спаѓам тука. Можам да му кажам на дечко единствено, ако го сакам нормално, на други личности не. Имам другарки што ги сакам, некои роднини, најблиски, другари... Често ми рекле те сакам, но јас не можам да им речам, а ги сакам :S
А камоли на некој што не го сакам да му речам те сакам, нема шанси.

Вака, темава е дали си возвратил со „те сакам“ ако тоа го мислиш навистина или не.
И јас не го велам тој збор често, клучното прашање овде е дали сме искрени кога го велиме тоа или не.
 
незнам дали ми кажале дека ме сакаат а не го мислеле тоа а не сум кажала дека некој сакам а да не го мислам тоа одев со бившиот 6 мес ме тераше да му кажам дека го сакам а знаеше како стојат работите...
 
Прееска баш ми се случи големата, се гледам со една типка една недела веќе и така како што си седиме ме прашува "Колку ме сакаш? Оти јас тебе те сакам многу" (мислам хелоу една недела не одиме што се вика, не сме ни у врска) и само ја гледам вака коцкесто и апла и реков јас тебе не те сакам да бидам искрена, и така е поарно а и не ни мислам да се врзувам на емотивен план.
 
Уф темава,те сакам ама не баш :).Прво: Со личноста која делиш интима,делиш поради тоа што ти се допаѓа и поради тоа што во тој момент го сакаш.Кога не би го сакал/а сигурно не би биле заедно.Што знам,глупаво ми е дури да ги изговарам тие зборови(бидејќи помалку или повеќе не држат вода-ќе објаснам зошто),јас преферирам да докажам со дела колку некој навистина ми значи(вака ми личи поприфатливо и поискрено).

Зошто зборовите те сакам не ми држат вода?

Прво љубовта е апстрактен поим(кај секој човек различна дефиниција),значи никогаш нема да знаеш дали воопшто си заљубен и колку некого го љубиш.Во суштина никогаш нема да знаеш колку навистина го сакаш,се додека не го/ја загубиш(затоа зборовите те сакам не држат вода,всушност ни сам не знаеш дали навистина си зависник од него или пак не).Инаку како што спомна едно другарче горе-хормоните имаат најголема улога.Значи на старт физичката привлечност,добриот секс,психоинтеракцијата со индивидуата и слично се пресудни(во таквите моменти хормоните на задоволство се јако покачени).Што повеќе моменти на задоволство имаш со партнерот-толку повеќе го сакаш(Всушност тоа е и алката за љубов т.е правете секогаш нешто што обострано ќе ве исполнува).На крај,после подолго време на обострани исполнувања и уживања(заради нон-стоп активноста на хормоните за задоволство-ќе постанете зависници еден од друг т.е ЉУБАВ).
поз :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom