И Британија на референдум за ЕУ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
radio032-8.jpg



Po Irskoto "NE", britanskite komunjari na chelo so Gordon Brown sakaa nabrzina da go ratifikuvaat Lisabonskiot dogovor.

No, sudot vo London odluchi deka nema bez da se konsultira narodot. I Cheshka najavi deka nema da ratifikuva, duri i toa da go stori nivniot parlament, pretsedatelot Vaclav Klaus go ima posledniot zbor, a toj e protiv! Prvite puknatini vo prokletata Unija...

Premierot Brown sega ne znae dali da raspishe referendum, a gazot mu e prodaden na Sarkozi, Solana i kompanija i im veti ratifikacija. NO ne smee da raspishe zatoa shto samo 8% bi gi prifatile Lisabonskiot dogovor!

cuntgordonbrownsadmar08ap.jpg

Gordon Brown hangs his head in shame
[FONT=Verdana, Helvetica, Arial][/FONT]
[FONT=Verdana, Helvetica, Arial]"solicitors for the Prime Minister refused, on [/FONT][FONT=Verdana, Helvetica, Arial]technical legal grounds,[/FONT] [FONT=Verdana, Helvetica, Arial]to produce documents which would, I feel sure, show that the only reason he is refusing a referendum is that he believes that he would lose it."[/FONT]
 
Убаво му направил судот, му го турил.... паметот во глава!
 
A shto vsushnost znachi toj lisabonski dogovor? Ne razbiram shto e sushtinata?
 
Тоа ти се вика правна држава...ништо на препад.
Туку за ЕУ...готова е... готова...сега му е м...
 
Ирците се против Лисабонскиот договор, но се за ЕУ
Брисел - Иако пред две недели Ирците предизвикаа очај и хаос во Брисел со референдумската одлука за отфрлање на Лисабонскиот договор, сепак, тие и натаму остануваат едни од најголемите приврзаници на Европската унија, покажуваат резултатите од најновата анкета на европската агенција за истражување на јавното мислење Евростат.

Според истражувањето, дури 82 отсто од Ирците го поддржуваат членството на својата земја во ЕУ, што е највисок процент на поддршка меѓу државите од Унијата. Зад Ирска, со 77 проценти поддршка за членство во Унијата, се најдоа жителите на две доминантно евроскептично настроени држави - Данска и Полска.
 
Франција ги обвинува САД за Ирското “НЕ’’

GEL5cV.png


Францускиот Министер за надворешни работи, Jean-Pierre Jouyet, изјави дека Европа има непријател(и) во Вашингтон, при тоа алудирајќи на Американските нео-конзервативци, за кои тврди дека изиграле важна улога во ирското одбивање на Лисабонскиот договор на неодамнешниот референдум. Изјавата на Jouyet беше изречена на “про Европскиот’’ собир минатиот викенд во градот Лион.

Францускиот министер, во интервјуто за списанието Le Monde пак додава дека Американските нео-конзервативци имаат голема финансиска моќ, при што повторува дека е мошне битна нивната улога во победата на ирското “НЕ’’.

По се изгледа дека непринципиелната француска политика тешко може да го прифати “европскиот’’ пораз на Ирскиот референдум. Слични француски тврдења дека САД ги финансираат опонентите на Лисабонскиот договор имаше и за време на референдумската дебата. Посочена беше организацијата Libertas, чија што програма е не само да се избори против Лисабнскиот договор во Ирска туку и против екцесивната бирократија во ЕУ. Пуштени беа информации против Libertas тогаш, со тврдења дека таа е финансиски потпомогната од Американската компанија Rivada, за која пак се тврди дека има врски со Американската војска. Инаку компанијата Rivada сe бави со телекомуникации.

Водачот на Libertas, Declan Ganley, кој исто така е и генерален директор на Rivada, воопшто не негира дека компанијата се бави со спасувачки операции при природни непогоди и непогоди од човечко потекло, тука вклучувајќи и подршка на Американската Национална гарда и Крајбрежна гарда.

Ganley и неговиот подржувач, мулти-милионерот Ulik McEvaddy, одговараат дека тврдењата на Франција се “апсолутно лудило’’ и дека нивниот финансиски статус е чист како солза. Тие тврдат за EUobserver дека сите средства што ги примиле доаѓаат исклучиво од Ирска. Претставник на компанијата јавно изјави дека ќе ги “отворат книгите’’ ако и кога Ирската јавна административна служба тоа го побара. Истовремено, од Libertas му порачуваат на францускиот Министер за надворешни работи, ако Франција има некаков проблем од таква природа, да се расправи со Пентагон.

Засега, ниедна Американска владина агенција се нема осврнато на последните небулози на француските политичари.
 
Oд насловна:

...претседателот на Чешка Вацлав Клаус се јави со порака до лидерите на ЕУ преку шпанскиот весник El Pais:

"ЕУ неможе да ги игнорира сопствените правила. Лисабонскиот договор е целосно и демократски одбиен од Ирска, и сходно не може да се стави во сила. Било каков напор да се игнорира овој факт, да се врши притисок, и политички да се манипулиpа за да се оживее договорот, ќе има катастрофални последици за Европа.

"Бидејќи договорот мора да биде ратификуван едногласно од сите земји членки на ЕУ, но една земја веќе го одби истиот, крајниот резултат за ратификацијата на договорот може да биде само тој. Со или без чешкиот глас, Лисабонскиот договор нема да биде ратификуван".


Како за инает, веднаш се јави поранешниот претседател на Франција, Валери Жискар Д’естен,архитектот на европскиот Устав, со своја порака дека референдумите ќе бидат игнорирани без разлика дали се одржани во Ирска или било каде! :tapp:

"We are evolving towards majority voting because if we stay with unanimity, we will do nothing. It is impossible to function by unanimity with 27 members. This time it's Ireland; the next time it will be somebody else."
 
А што не ја игнорираат грција...мамето нивно педерско...уште оној лудиот француз (ако е француз) се курчи на цел глас со подршката на грција.
Ова французиве заличуваат на милошевич во предтседателството на екс ју....со оглед како заврши тоа и оваа копија ја чека слична судбина..еднаш данска ја преебаа..сега сакаат ирска..и така се додека на некоја држава од еу ептен не ја удрат во слаба точка, па да почнат да летаат пердуви.....со време ние да си одиме подалеку од нив не ќе е лошо.
Како трганало....франција ќе е гробарот на ЕУ
 
Сега полскиот претседател изјави дека Полска нема да ратификува... :helou:
 
А Тото Кутињо и понатаму нека си пее Europa 1992
Абе влезат ли бугарите негде, тоа за неколку години се распаѓа, така било стално па зошто не и овој пат.
 
Сега полскиот претседател изјави дека Полска нема да ратификува... :helou:

Полскиот претседател Лех Качински изјави дека нема да го потпише Лисабонскиот договор, бидејќи по отфрлањето на ирските граѓани да го ратификуваат тој станал беспредметен.
„Во моментов прашањето за договорот е беспредметно“, истакна Качински во интервју за варшавскиот весник „Џеник“.
Полскиот Парламент го ратификува договорот уште во април, но за негово целосно ратификување неопходен е и потписот на шефот на државата.
Одбивањето на Лех Качински предизвикува силен удар врз напорите на францускиот претседател Никола Саркози, кој планира да го реши проблемот со ирското „не“ за време на француското претседателство со ЕУ.
„Тешко е да се каже како ќе заврши сето ова. Од друга страна, пак, да се тврди дека без договорот нема ниту Унија, е несериозно“, додава Качински.




lex-kachinski.jpg




:helou:
 
Не знам дали читате кајгана-насловна (Свет), стално се обидувам да пуштам по некоја релевантна информација таму. Па зборот ми беше:

recesija.jpg


Анкетата на Purchasing Managers Index (PMI) за состојбите во индустријата и услужниот сектор во Европа, и клучниот германски Ifo индекс кој го објавува престижниот Ifo Институт од Минхен, вчера ги обзнанија најразочарувачките податоци за економските движења во Европа веќе подолг низ години.

Податоците се очекува да ја стресат самодовербата на Европската централна банка (ЕЦБ) во време кога таа размислува како да постапи по прашањето за каматните стапки. Сепак, мнозина економисти се сигурни дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматите за четвртина процент на состанокот кој треба да се одржи денес.

Откако се објавени вестите за PMI и Ifo податоците во јавноста, вредноста на Еврото падна.

Податоците на PMI индексот покажаа дека вкупната ситуација во индустрискиот и во услужниот сектор во месец јуни е послаба отколку што се очекувало. Ако овие податоци се потврдат и идниот месец кога финалните податоци ќе бидат отпечатени, тоа значи дека економијата во евро-зоната стагнира (се стеснува) и таа влегува во рецесија. Франција сега ги следи Италија и Шпанија во економската стагнација, а релативно појаката германска економија не е доволна да ги избалансира слабостите на овие три на супранационално ниво.

Минхенскиот Институт Ifo изјави дека нивниот Вusiness Сlimate Iindex, кој се добива со анкетирање на 7,000 германски бизнис водачи, падна на најниското ниво од јануари 2006та година наваму, од 103.5 на 101.3.

Показателен е коментарот на економистот Howard Archer од Global Insight:

" Економските анкети се многу загрижувачки бидејќи покажуваат постоење на еден отровен коктел од стагнација на економската активност но истовремено и зголемена и се уште растечка инфлација. Оваа ситуација ги зголемува грижите за сегашната состојба со економијата во евро-зоната како и грижите за нејзината иднина. И покрај намалената побарувачка и во месец јуни, цените се зголемија летврт месец по ред, и сега се на највисокото ниво последниве 17 месеци. "
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom