HYPOGEUM

Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Во животот сме слушнале илјадници приказни и легенди за плашење непослушни деца. Дури постојат и злокобни песнички во кои се споменуваат исчезнати децa следниов настан кој се случил во 1939г :
Учителката и 15-тина деца се спуштиле во Hypogeum-от и никогаш повеќе не ја виделе дневната светлина. Била испратена една експедиција во потрага по децата, но се’ што успеале да пронајдат, биле- пресечените јажиња.
Мајките на децата одбивале да ја напуштат околината на храмот и тврделе дека две ноќи по исчезнувањето на нивните деца, можеле да го чујат нивниот плач и повик за помош.

По овој немил настан, властите наредиле да се забетонираат поголемиот дел од ходниците, и денес во јавноста(поточно од 2000г) е достапен само мал дел од овој комплекс...Во централниот дел на Малта постои подземен храм кој се вика Hypogeum. Гробницата која е позната како „Hypogeum tas Hai Safljeni“ го добила името по улицата под која е пронајдена во почетокот на минатиот век(1902г). Hypogeum е латински назив за подземна структура. Многу експерти се убедени дека оваа гробница оригинално била изградена како место за обожавање, и дека би требало да и се одаде признание како осмо светско чудо од античкото време.
Во близина на подот од последната комора, на третото и последно (официјално признато) подниво од древните катакомби, постојат 3 мали т.н. „гробници“. Тие се толку ниски, што би морале да клечите доколку сакате во нив да погледнете.-тврдат научниците
Со години се шпекулира за тоа дека овие „гробни комори“ всушност не завршуваат, туку водат подлабоко во неистражените пештери што се наоѓаат длабоко под неа.

Според истот извор : „Многу подземни ходници, вклучувајќи ги древните катакомби сега се дел од системот за одбрана а некои се користат како складишта за храна.
Во јамата покрај жртвениот олтар се пронајдени илјадници човечки черепи. Порано, низ овие ходници можело да се отиде од едниот до другиот дел на Малта. Но владата ги затворила поголемиот дел влезови, откако се појавиле низа мистериозни исчезнувања....“
Во туристучката брошура се вели дека тоа е неолитско жртвено место, на кое се пронајдени околу 30 000 костури од мажи, жени и деца.
Оние кои ќе се спуштат доле, ги обзема блага морничавост. (додека потта ладно им се цеди низ кичмата...).
За јавноста се достапни само многу малку простории од кои највпечатлива е собата со купола во облик на спирала.Спиралата доста често се провлекува како мотив, а она што исто така паѓа во очи, -се неверојатните акустички карактеристики на просторот, а звукот буквално се чувствува како чиста енергија.
Исто така фасцинира и неверојатно високото ниво на обезбедување. Посетите се дозволени исклучиво во мали и строго контролирани групи кои се нон-стоп под надзор и нема шанси да свртите надвор од означената патека. Посетата мора да ја чекирате неколку недели однапред и задолжителен е бројот на л.карта на секој посетител.
Накратко, ако сте биле на други археолошки места по светот, на ова место овде, сигурно ќе почувствувате одреден степен на параноја.
Hypogeum-от е еден од најимпресивните објекти на UNESCO-вата листа и во објаснувањето се вели дека станува збор за „...културна оставштина со која не може да се мери ниедна друга на Медитеранот.“ И дека се работи за „...единствена епизода во еволуцијата на човекот“.
Мегалитските објекти на Малта се познати уште од 16в кога витезите од редот St. John прв пат го посетиле островот. Од тогаш па во наредните 400 години се сметало дека храмовите се оставштина од некоја митска раса гиганти. hypogeum malta



The Hypogeum on Malta
Hypogeum view (1)
Hal Saflieni Hypogeum (1950-80)
The Hypogeum on Malta
Hypogeum Hypogeum Hypogeum, Paola Hypogeum view (2)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Прв пат на подфорумов Мистерии среќавам нешто за што прв пат слушам.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Во официјалните историски книги ваквите појави еве вака се објаснуваат:
„Некаде околу 3600г.п.н.е. нешто посебно започнало да се случува со малтешките мирни земјоделци. Нивната култура станува изолирана од пратаковината-Сицилија... Од едноставни земјоделци, предисториските малтежани се развиваат во висококвалификувани градители и инжинери кои спуштаат завеса пред мегалитските храмови и погребните места долж островот.... неолитските островјани не ги усвоиле културните идеи од своите соседи ниту на нив влијаеле...“
Во книгата Enigma Fantastique од Dr. Allen, е објавена статијата на г-ца Lois Jessup( чиновник во британската амбасада) која тврди дека ја посетила Малта и Hypogeum-от еднаш пред и еднаш кратко по исчезнувањето на децата. Таа опишува како при својата прва посета успеала да го убеди водичот да и дозволи да ги истражи „гробните комори“ во близината на подот на последната комора на третото подниво- наводниот крај на турата.
И се причинило дека тој нешто знае за што таа поим нема, но на крајот се согласил, но исклучиво на нејзин сопствен ризик.
Та тоа го сторила, и со свеќа во раката отползила низ малиот отвор и одеднаш се нашла во голема пештера, на сам раб од некоја провалија.
Нешто подолу од другата страна на провалијата видела влез од некој тунел. Ова што сега следува на многумина ќе им изгледа неверојатно, но секој нека си извлече сопствени заклучоци. Г-ца Jessup тврди дека сето ова и се случило.
Од овој понизок тунел од другата страна на провалијата се појавиле неколку многу високи креатури со хуманоидна форма прекриени со влакна од главата до прстите на нозете. Кога ја забележале, ги подигнале рацете во нејзин правец, со дланките нагоре и во тој миг, силен ветер започнал да дува и свеќата и се изгасила. А тогаш нешто лигаво и влажно се очешало од неа.
Никој не можел да го разбере нејзиното панично бегство и преплашениот израз на лицето, но водичот само и упатил еден значаен поглед.
Една недела подоцна, вестите за исчезнатите деца одекнала низ островот. Повторно го посетила Hypogeum-от и на свое големо чудење таму затекнала сосем друг водич кој порекнувал дека било кога некој друг освен него -работел во Hypogeum-от. Исто така почувствувала дека новиов водич нешто крие. Од другиот-кооперативниот персонал дознала дека децата со нивната учителка исчезнале токму во овој тунел, а веројатно заедно со нив и првиот водич. Исто така, и кажале дека непосредно по симнувањето на последното дете, тунелот едноставно колабирал и неговите ѕидови се срушиле.
Официјалната верзија тврди дека ѕидовите се срушиле врз студентите, меѓутоа спасувачите не успеале да пронајдат ниеден остаток од жртвите. Јажето што го користеле за да се спуштат во долните делови на Hypogeum-от е пронајден исечен со остар рез.
Исто така се тврди дека крици, пискотници и плач од децата можеле да чујат како доаѓаат од подземјето на различни страни од островот, но никој не можел да го лоцира нивниот извор.
Што се однесува до самите катакомби, постојат гласини кои велат дека тие се протегаат многу подалеку и дека дел од овој лавиринт достига стотици километри на север каде се спојува со катакомбите под ватиканскиот рид, т.е. барем така било во античко време.
Сите траги од мистериозните луѓе што го изградиле Hypogeum-от одеднаш исчезнуваат околу 2000 г.п.н.е. Исто така се чудни и трагите од шини на камените патишта, од времето уште пред да биде откриено тркалото.
Огромните камени блокови, тешки и со 10-тици тони, се користени за изградба на храмовите.
Модерните алатки и техниката и денес би имале непремостиви потешкотии за да изградат нешто слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom